• Latest

Зошто Заев беше на средба со осомничениот и узурпаторот?

November 29, 2017

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зошто Заев беше на средба со осомничениот и узурпаторот?

November 29, 2017 10:47
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Лоша претстава. Малубројна, уморна публика. гладна и поднапиена од греаната ракија. Кратка плеј листа со многу повторувања (са веома врло патриотским песмама у стилу „крст и кандило“, „клетите шпиони“, „цела да е“…). Актерите – лоши, со пискливи и плачливи гласови, неубедливи, а и самите неубедени во својата мизерна ролја…

Пишува: Џабир Дерала

Од друга страна, зад кордонот од полициското обезбедување, правната држава профункционира! Насилниците кои ѕверски го нападнаа домот на сите граѓанки и граѓани, Собранието, ги прибра полицијата, а обвинителството побара притвор за сите. Конечно(!), сигнал дека терористичкиот атак и нема да помине неказнето. Лавина од одмазднички, триумфалистички постови во социјалните мрежи. Многу пцости.

И безброј изрази на олеснување, одобрување и поддршка, затоа што правдата е многу дефицитарен производ на полиците во сиромашната македонска политичка продавница.

Сепак, се навикнавме на овие вести да гледаме со претпазливост и недоверба. Судството безброј пати покажа дека е корумпирано. Прашањата на песимистите (со искуство) се нижат. Колку од поттикнувачите и извршителите на крвничкиот напад ќе останат во апс? Колку од нив нема воопшто да ги допре правдата? И најтревожното од сите прашања: Каде се организаторите и спонзорите и дали нив ќе ги допре правдата?

Зоран Заев и Никола Груевски биле на средба во резиденцијата на Ѓорге Иванов синоќа. Врз која основа? Во штурото соопштение на узурпаторот на претседателската функција и катализаторот на кризата во Македонија, стои дека се разговарало за „актуелните случувања и можните решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните“. А бе, ајде!

Да, има загриженост кај граѓан(к)ите. Крајно сме загрижени што криминалците сѐ уште слободно шетаат, а секој обид да се спроведат законите го осуетуваат корумпираното судство, корумпираните политичари и самиот тој, узурпатор кој ја посрамотува земјата секогаш кога ќе отвори уста.

Напнатост во државата? Која напнатост? Онаа предизвикана од стотина луѓе и лоши, а хистерични актери кои пискаат од сцената, користејќи неуспешна мешавина од фашисоидни пораки и делови од нашите извештаи за нивното (да, за нивното!) криминално владеење – таа напнатост?

Зоран Заев е премиер, храбар политички лидер, кој чекореше во илјадните поворки на ненасилната револуција. Нема зошто да го ремети својот ноќен мир за состанок со осомничен за тешки злодела и со узурпатор.

Пак ќе се преговара зад затворени врати и далеку од очите на јавноста? Многу веројатно е дека списокот со жртвувани злосторници и насилници во Собранието е веќе подготвен. Дел од нив ќе останат во притвор, а можеби ќе окркаат и некој месец, па и година затвор. А инспираторите, поттикнувачите и организаторите ќе останат недопрени. Ако тоа се случи, Македонија нема никогаш да стане слободна и демократска земја.


објавено во Плусинфо и Слободен печат (30/11/2017)

Tags: Ѓорге ИвановЗоран Заевизборна кражбанасилствоНикола ГруевскиосомниченСЈОСобраниетероризамузурпатор
Share219TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ