• Latest

Зошто шпанската неутралност е всушност историски долг?

March 5, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ОПШТЕСТВО ИСТОРИЈА

Зошто шпанската неутралност е всушност историски долг?

Шпанската неутралност никогаш не била одлика на поетски пацифизам, туку сурова стратегија за опстанок.

March 5, 2026 08:05
in АНАЛИЗИ, ИСТОРИЈА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АЛЕКСАНДАР ИВАНОВ

Живееме во услови на она што на 15 јануари го нареков „Ера на Танатос“  – мрачен период кој настапи по истекувањето на последниот договор за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување. Најгенерално кажано, Тајван и првиот синџир на острови, симболиката од Енкориџ, епизодата на Гренланд и Арктичкиот безбедносен круг, инсистирањето на договорот за Украина укажуваат дека стариот безбедносен поредок исчезна, а за новиот САД инсистира Кина да седне на масата, а доколку не седне – масата се превртува. Додека претходно пишував за важноста на Иран како клучна алка за евроазиската безбедност – сојузник кој директно одлучува кој ќе натежне на геостратешката вага во Централна Азија и суштински ќе го лимитира развојот на Кина – денес погледот го свртувам кон спротивниот крај на Европа.

На југозападот од континентот е Шпанија. Во оваа ера на глобална хистерија, таа покажува интегритет и морално однесување. Но, како професор по меѓународни односи и познавач на историјата, пред мене се исцртува едно прашање што завлегува многу подлабоко од дневната политика. Имено, Шпанија веќе повеќе од 120 години се држи настрана од големите светски војни.

Исто како и денес, и претходно кога ќе се спомне оваа шпанска неутралност, особено во контекст на Првата и Втората светска војна, често се јавува искушение таа да се прочита како некаква „морална вертикала“: мудро државничко дистанцирање од касапницата на Европа и вроден инстинкт за мир. Но, шпанската историја е далеку од нашите романтични интерпретации. Неутралноста на Мадрид ретко била избор од позиција на сила; таа најчесто била нуспроизвод на длабока исцрпеност, на парализирачки страв од повторно внатрешно уништување и на сурова географска условеност.

За да го деконструирам ова однесување, поставувам три клучни тези поврзани со националната траума, географијата како судбина и националниот морален долг. Оваа „уметност на невклучување“ не е само прагматика. Таа е историско натежнување на нација која некогаш, заедно со Португалија, буквално го подели светот на сфери на влијание. Шпанија избегнува да се вклучи во судири не затоа што е поетски мирољубива, туку затоа што премногу добро ја научила цената на падот – и како глобална империја, и како длабоко поделена нација.

I. Континуиран пад на империјата: Неутралност родена од исцрпеност

Шпанија влегува во 20-от век со тешко чувство на историско смалување. Онаа славна „империја во која сонцето никогаш не заоѓа“, чиј пад симболично започна уште со поразот на Шпанската армада (комбинација од храброст на Кралицата Елилзабета Прва и чиста среќа од метереологија), одамна е само мит затворен во музеите.

Државата е воена и економска сенка на самата себе, континуиран губитник во судирите со САД во текот на целиот 19 век, кои започнаа со губењето на Флорида. Дури и револуционерниот дух на Симон Боливар во Јужна Америка беше директен удар врз шпанскиот колонијален монопол.

Пресвртот во националната психа се случува во 1898 година. По кратката и катастрофална Шпанско-американска војна, Шпанија ги губи Куба, Порторико и Филипините – своите последни големи прекуокеански територии. Овој пораз не е само геополитичка корекција; тој претставува колективна траума, врежана во меморијата како „Катастрофата од ’98“. Токму овој шок ја раѓа славната „Генерација ’98“ – интелектуален круг кој болно ја преиспитува шпанската држава, култура и самата национална „душа“.

Затоа, кога во 1914 година Европа се распаѓа во калливите ровови, Мадрид нема апсолутно никакви илузии за сопствените можности. Историчарите јасно истакнуваат дека неутралниот курс во Првата светска војна бил „логичен и неопходен“: воената слабост, економската ранливост и дипломатската изолација едноставно ја туркале Шпанија кон маргините на конфликтот. Неутралноста не произлегла од возвишен пацифизам како кај Швајцарија, туку од суровата реалност дека државата нема капацитет да преживее голема војна.

Сепак, оваа позиција не била безболна. Јавноста се поделила на „франкофили“ и „германофили“, економијата доживеала инфлаторен шок, а социјалните тензии го поткопале политичкиот систем. Шпанската неутралност тука не е „одлука“, туку состојба на преживување.

II. Територија на идеолошки судир: Граѓанската војна како „генерална проба“

Втората теза ја објаснува шпанската позиција во Втората светска војна со страшна едноставност: Шпанија веќе ја водела својата голема војна. Помеѓу двете светски војни, тлото на Шпанија стана полигон за идеолошкиот судир на 20-от век. Шпанската граѓанска војна (1936–1939) беше крвава „генерална проба“ за Европа – судир во кој фашизмот, комунизмот и либералната демократија ја тестираа својата волја преку безмилосен прокси-конфликт. До 1939 година, земјата е во урнатини, со стотици илјади жртви и општество кое е трајно и длабоко поделено.

Кога Хитлер ја започнува Втората светска војна, Франциско Франко е идеолошки и политички длабоко задолжен кон Оската. Германската и италијанската воена помош беа клучни за неговиот триумф. Но, токму тука на сцена стапува диктаторското мајсторство на опстанокот. Франко знае дека влез во нова војна ќе го урне неговиот свеж режим, бидејќи државата е гладна, зависна од увоз на жито и нафта, и целосно воено истрошена.

Шпанската дипломатија почнува да лизга низ нијанси: од официјална „неутралност“, преминува во „неборбеност“ (non-belligerency) по падот на Франција во 1940 година, за повторно да се врати на „строга неутралност“ кога воената среќа им го врти грбот на фашистите.

Најсилниот симбол на овој циничен компромис е Сината дивизија (División Azul) и нејзиниот намерен дипломатски парадокс. Имено, Франко прави строга поделба меѓу конфликтите: тој испраќа десетици илјади „доброволци“ на Источниот фронт да се борат исклучиво против Советскиот Сојуз во состав на германската армија, но инсистира дека Шпанија формално не им објавува војна на западните Сојузници (Британија и САД). Со оваа дипломатска гимнастика, Франко користи правна дупка за да му го исплати политичкиот долг на Хитлер во строго контролирана „валута“. Истовремено, тој го прикажува тоа како продолжување на војната против комунизмот, со што го задоволува домашниот радикализм без да ја вовлече државата во општа мобилизација и директен судир со Западот.

III. Географијата како штит: Мост меѓу Европа и Африка

Третата теза ја додава клучната геополитичка димензија. Специфичната положба на Иберискиот Полуостров – територија на која низ вековите се прекршувале влијанијата на арапските држави од Северна Африка, од Картагина до Калифатите, сè до нивното конечно протерување – ја прави Шпанија вечен чувар на вратата на Медитеранот.

Во Втората светска војна, оваа географска карта станува опасна шаховска табла. Британија цврсто го контролира Гибралтар (сè уште), клучната точка за поморските линии. Хитлер, од своја страна, сериозно ја подготвува операцијата „Феликс“ за заземање на Гибралтар, план кој бара германските трупи да поминат низ Шпанија.

Но, Франко прави прецизна математика: ако им отвори врата на Германците, неминовно ќе предизвика британска воена реакција во Медитеранот и врз шпанските поседи во Северна Африка. А Шпанија нема луксуз за таков фронт. Тука улогата на „мост“ меѓу Европа и Африка станува геостратешки штит. Балансирањето не е дипломатска елеганција, туку гол опстанок.

IV. Морален долг и колонијалната сенка

Стигнуваме до најкомплексниот, четврти слој на овој историски аргумент: колонијалното наследство и историската вина. Не можеме да зборуваме за шпанската неутралност како „љубов кон мирот“ без да признаеме дека шпанската империјална историја е испишана со системско насилство. Од Шпанскиот холокауст во 1492 година, преку конквистадорските походи, присилните трудови и демографскиот колапс на домородните заедници во Америка.

Шпанија уште во 16-от век водеше институционални морални расправи за своите постапки, како што беше Дебатата во Ваљадолид (1550–1551) за тоа дали домородните народи се човечки субјекти со права. Свеста за моралната цена постоела одамна. Кога империјата конечно се распадна, таа зад себе остави двоен товар. Од една страна е чувството на геополитичка деградација, а од друга е длабоката историска вина, често засилувана од ривалските империи преку т.н. „Црна легенда“ која дополнително го стигматизира шпанското минато.

Оттука, тезата дека неутралноста е морална одговорност добива своја тежина. Државата која некогаш била главен двигател на прекуокеански страдања, чувствува потсвесна обврска да не стане соучесник во нови европски катастрофи. Неутралноста станува вид историско покајание преку државнички минимализам: прво преживеј, потоа реформирај се.

Заклучок: Неутралноста како историска синтакса

Ако ја собереме сликата, заклучокот се наметнува сам по себе. Шпанската неутралност е комплексна историска синтакса, а не едноставна поетска определба. Таа е изградена врз три клучни столба:

  1. Интровертност од порази: падот на империјата и слабата економија ја направија неутралноста во Првата светска војна единствен избор.
  2. Траума од братоубиство: граѓанската војна ја натера државата да маневрира меѓу Оската и Сојузниците во Втората светска војна само за да избегне ново крвопролевање.
  3. Географски фатализам: контролата на Медитеранот и близината на Африка ја принудија Шпанија на баланс кој секогаш бил попаметен од слепото херојство.

Затоа, кога денес ја фалиме шпанската неутралност како морална вертикала, кон тоа мораме да додадеме: таа е и морален долг. Долг што произлегува од империјалната сенка и од горкото искуство дека насилството, еднаш пуштено во тркалото на историјата, секогаш се враќа како бумеранг. Токму овој инстинкт ја објаснува и денешната шпанска позиција во актуелната „Ера на Танатос“ – држава која во рамките на европското семејство почесто бара мостови кон Глобалниот Југ и Африка, отколку фронтови на Исток.

Проф. д-р Александар Иванов е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопјe, специјализиран за безбедност на животната средина, меѓународни односи и трансформација на безбедносната наука во оперативна реалност.

Авторски права и одговорност
© 2026 проф. д-р Александар Иванов и ЦИВИЛ – Центар за слобода
Сите права се задржани.

Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ