• Latest

Зошто Вучиќ сака да го спаси Вулин?

July 15, 2023
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Зошто Вучиќ сака да го спаси Вулин?

Или, уште попрецизно: На кој начин и во која мерка Вучиќ е вмешан во соработката на шефот на српското разузнавање со руските служби?

July 15, 2023 16:08
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Два долги дена траеше целосниот молк и на српскиот шеф на државата Александар Вучиќ и на владата, по соопштението на американската администрација дека директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Александар Вулин, е ставен на „црната листа“.

Според САД, шефот на српското разузнавање ѝ обезбедувал на Русија „платформа за натамошно, малигно влијание врз регионот“; вмешан во транснационален организиран криминал

Да се потсетиме, шефот на БИА, еден од најблиските соработници на Вучиќ се најде под американски санкции, на 11 јули, во согласност со Извршната наредба од претседателот на САД, Џо Бајден, од 8 јуни 2021. САД го товарат Вулин за вмешаност во транснационален организиран криминал, нелегални операции со наркотици и злоупотреба на јавната функција“. Вулин одржувал „обострано корисни односи со српскиот трговец со оружје Слободан Тешиќ“, кој е под американски санкции од порано. Вулин овозможувал илегалните пратки на оружјето на Тешиќ слободно да се движат преку границите на Србија. Освен сето тоа, Вулин ѝ обезбедувал на Русија „платформа за натамошно, малигно влијание врз регионот“.

Вучиќ го избра ТВ Пинк за „безбедна“ платформа за спас на својот близок соработник

Овие тешки обвиненија од Вашингтон го занемеа Вучиќ и целата власт во Србија повеќе од 48 часа. Ни збор не се слушна од никого, до моментот кога на „малите екрани“ се појави српскиот автократ, претседателот Вучиќ. Како и во низа други слични прилики, Вучиќ го избра ТВ Пинк за „безбедна“ платформа од која тој „сѐ ќе му објасни на народот“, со едноставен, нели, „народски речник“. И овој пат, Вучиќ ѝ одржа лекција на меѓународната и домашната јавност во речиси двочасовното интервју (монолог) – каде што новинарката и новинарот беа речиси безгласни „гости“. Неговите изјави се, благо речено злокобни и имаат сериозни дипломатско-политички и безбедносни импликации.

По 48-часовниот молк, Вучиќ излезе со сета своја популистичка артилерија, за да се спротивстави на американската одлука да го стави неговиот близок соработник под санкции и тоа со наоди за тешки дела – трговија со наркотици, оружје, транснационален организиран криминал и злоупотреба на јавната функција.

Театрален и остар дијалог со меѓународната заедница

Вучиќ отиде и многу подалеку.

„Единственото што ги интересира е како и на кој начин да го сочуваат своето чедо, и како да одржуваат баланси“, рече Вучиќ во (авто)интервјуто на ТВ Пинк, мислејќи на Косово, иронизирајќи дека странците му рекле дека сѐ е „во рамките на владеењето на правото“ и дека во Косово „се апсат хулигани“. Тој влезе во, за него вообичаен, театрален и остар дијалог со меѓународната заедница, небаре има нивни претставници во студиото.

VUČIĆ REKAO ONO ŠTO SVI MISLE A NIKO NE SME DA KAŽE!

“Sada ću da vam ukažem na nešto što je mnogo gore od dvostrukih aršina u regionu. Danas saopštavaju da je završeno formiranje Vlade u Crnoj Gori. Ok, to je unutrašnja stvar Crne Gore, nemam problem. Ali imam problem kada… pic.twitter.com/b9Q4cYXNPj

— Detektor laži (@LaziDetektor) July 14, 2023

„Стварно?“ – саркастично праша Вучиќ – „А кога Македонците тргнаа да апсат терористи кои им убија 75 полицајци, тогаш рековте ‘е, застанете, па немојте да ги апсите, зошто ги апсите?’ Сега убаво донесете закон за амнестија, ти претседателе лично да помилуваш толку и толку, сега ќе направите мир, мир, мир – никој не е виновен. Тоа што ви убија толку полицајци, никому не му е гајле. Мора Албанец да биде претседател на собранието или на владата, мора министерот за надворешни работи да биде Албанец, службен јазик да биде албанскиот заедно со македонскиот. А тоа може!?“

Без да трепне, во еден здив, Вучиќ се послужи со дезинформации што не би го издржале ни најблагиот тест на вистинитоста. Притоа, тој со своите изјави, во грчевит обид да го спаси својот соработник Вулин, се обидува да го вовлече целиот регион, а Албанците да ги прогласи за единствен мотив (и виновници) за постапката на американската администрација.

Според него, Американците, односно меѓународната заедница, се обидуваат да го уценат него, а со тоа, „се разбира, и целиот српски народ“, само за да ги одбранат Албанците. Човек да се сожали, просто, на „тажната судбина“ на Вулин кој, ете, настрада, поради кого? Се разбира, поради Албанците. Тоа е наративот што стои зад овој, навидум емотивен изблик на Вучиќ, а во суштина многу добро обмислен медиумски настап (си даде 48 часа да се спреми).

Бранител на српството во целиот регион, сѐ до Словенија; меѓународната заедница се служи со „принципите на Хитлер“?!

Тој не застана само на македонскиот случај. Својата приказна ја расплете и во критичниот дел од интервјуто (монологот) се префрли на Црна Гора, а потоа и на целиот регион, сѐ до Словенија.

„Денеска соопштуваат дека е завршено формирањето на Влада во Црна Гора. Ок, тоа е внатрешна работа на Црна Гора, немам проблем. Но, јас имам проблем кога бошњачките партии со 6 мандати ќе добијат 5 министерства, а Србите со 15 мандати ќе имаат ШИПАК! Кога Западот зборува за Заедницата на српските општини (ЗСО), секогаш велат дека не сакаат нова Република Српска. И зошто, што ѝ фали на Република Српска? Сакаат да кажат дека Република Српска не треба да постои? Во Словенија, Србите не можат ни да бидат национално малцинство, а тоа никој не смее да го спомне, да не случајно им текне на Србите да си бараат некакви права за себе!“ – рече Вучиќ.

Што гледаме овде? Во обид да го спаси Вулин, а со тоа и себеси, Вучиќ се впушта во „јуначка“ одбрана на српството на целиот Балкан. Значи, според неговиот наратив – не е вмешан Вулин во никаков криминал, како што тврди американската администрација, туку се работи за напад на Србите и другите братски народи, vis-à-vis интересот да се заштитат Албанците. Вучиќ отиде дотаму што постапките на меѓународната заедница ги оцени како обид да се протераат Србите од Косово, а нивните политики ги поистовети со оние на Хитлер.

„Сакате ли Хитлеровите принципи да ги спроведувате овде!?“ – реторички праша занесениот Вучиќ во студиото на ТВ Пинк каде што доминира буквата „V“.

Руски „шмек“

Зошто го кажа сето тоа Вучиќ? Дали затоа што му должи нешто на Вулин, дали затоа што сака да го одбрани имиџот на својата власт или затоа што и самиот стои зад постапките на Вулин? Или сѐ заедно?

Наш експерт од дипломатијата кој од разбирливи причини инсистира на анонимност, смета дека Вучиќ во ова интервју намерно ги посочува Северна Македонија и Црна Гора, за да предизвика немир и да ја пренасочи темата од криминалот во етно-политиката. „Во нашиот случај тој алудира дека Албанците, што и да направат, имаат поддршка од Западот“, вели нашиот експерт. Според него, тој потоа продолжува во слична насока, префрлувајќи се на случајот со Црна Гора, каде што, ете, за Србите нема место во владата, иако се работи за „братска“ држава.

Според мојот соговорник, Вучиќ, и во двата примери си доделува улога на фактор кој нема да им попушти на Косоварите, ставајќи, без никаква основа, знак на равенство меѓу косовскиот случај и нашиот конфликт од 2001 (со сѐ што произлезе потоа).

И навистина, што се однесува до пораките на шефот на српската држава, поврзани со Црна Гора, Република Српска и Словенија, јавноста треба да извлече „точен заклучок“ дека Вучиќ е единствениот вистински бранител на српството во регионов. А секако, ја започнува својата „теза“ со „одбрана“ на Македонците. Знае Вучиќ дека е еден од најпопуларните политичари во земјава, нешто во што инвестираше интензивно, особено од периодот на Ковид-вакцинацијата.

Како и секогаш, Вучиќ не застанува само на една теза. Неговата теза потоа добива руски „шмек“. Како што наведува Вучиќ, нему му кажале западњаците дека ништо од ова не би се случило, доколку тој се согласи да воведе санкции против Путин и Русија.

Разгорување на етнички огнови, за да го спаси Вулин и себеси

И сето тоа – да се спаси Вулин. И Вучиќ.

Да беше било кој од „опинион мејкерите“ или некој политичар со понизок ранг, овие бесмислици и манипулации можеби ќе беа само уште една епизода од бескрајната српска политичка сапуница. Но се работи за изјави на првиот човек на државата, без оглед на тоа колку е нашироко познат по своите неодмерени и крајно неодговорни изјави.

Вучиќ, со своите изјави, во повеќе од очигледен обид да го спаси својот соработник посочен како тежок транснационален криминалец и овозможувач на „руското малигно влијание врз регионот“ – се обидува да разгори други огнови, пред сѐ етнички и меѓусоседски, а со тоа, всушност, да се спаси и себеси.

Да се потсетиме: Вулин ги прислушуваше и следеше руските опозиционери во Белград

Познато е дека Вулин, додека беше министер за внатрешни работи (2020-2022) играше една од клучните улоги во градењето на случајот на руските власти против руските опозиционери Пивоваров и Кара-Мурза. Тие биле прислушувани и следени во Белград, а материјалите биле предадени на руските власти кои потоа ги осудија на долгогодишни затворски казни под обвинение дека се „странски агенти и предавници“.

Што треба да се случи по овие изјави на Вучиќ?

Затоа, многу природно е да се очекува реакција од властите во Скопје, а секако и од другите престолнини во регионот (Приштина, Подгорица, Сараево, Љубљана), засегнати во оваа тирада на Вучиќ. Бездруго, може да се очекува и реакција од Вашингтон и Брисел. Ако ништо друго, овој неодмерен и злонамерен медиумски настап на првиот човек српската држава заслужува дипломатска нота.

Во секој случај, на крајот останува прашањето: Зошто Вучиќ сака да го спаси Вулин? Или, уште попрецизно: На кој начин и во која мерка Вучиќ е вмешан во соработката на шефот на српското разузнавање со руските служби? Кои се безбедносните импликации во регионот што може да произлезат од постапките и изјавите на српскиот претседател?

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: Александар ВулинАлександар ВучиќБИАруско малигно влијаниетранснационален организиран криминал
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ