Центарот за развој на медиуми денеска со почеток во 11 часот во Клуб на новинари ќе го претстави Вториот извештај од мониторингот на работата на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ во 2017 година.
Центарот за развој на медиуми ја мониторираше работата на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, со присуство на седниците на советот или преку „стримингот“ во живо достапен преку каналот на АВМУ на YouTube. Исто така, ЦРМ ги земаше предвид одлуките на Агенцијата објавени на нејзината интернет-страница, а претставници на организацијата присуствуваа и на јавните состаноци и другите јавни настани организирани од страна на регулаторното тело.
Во периодот кој е предмет на овој извештај, ЦРМ ја следел работата на јавниот радиодифузен сервис, односно на Програмскиот совет на МРТ, и покрај огромните потешкотии предизвикани од нетранспарентното работење на Програмскиот совет, често спротивни на јасната законска обврска дека неговите седници се јавни.
ЦМ