• Latest
Јован Џалев

Џалев: Референдум на политички игри!

July 24, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џалев: Референдум на политички игри!

July 24, 2017 12:04
in ПОЛИТИКА
Јован Џалев

Јован Џалев

Share on FacebookShare on Twitter

Јован Џалев, еден од иницијаторите на референдумот во Дојран и дел од иницијативата „Спас за Дојран“, пред камерите на ЦИВИЛ Медиа, зборува за текот на референдумот, за неизвесноста од резултатите до самиот крај, за притисоците кои се вршеа во текот на вчерашниот ден – за да не се постигне потребниот цензус, како и за претстојниот референдум во Валандово.

ЦИВИЛ Медиа: Референдумот во Дојран беше неизвесен до самиот крај. Како би го оцениле неговиот тек?

ЏАЛЕВ: Референдумот беше навистина тежок. Би го оценил како референдум на политички игри! Пред сè, една политичка партија вршеше максимален притисок врз граѓаните и не им остави можност сами да одлучат дали да излезат да гласаат или не. Се вршеше огромен притисок за да нема доволна излезност и референдумот да биде прогласен за неуспешен. Затоа, цензусот беше навистина тенок.

ЦИВИЛ Медиа: Податоците говорат дека се работи за само 25 гласа повеќе од потребните за успешен референдум. На што најмногу се должи слабата излезност на референдумот?

ЏАЛЕВ: Знаете, и општината и населените места во Дојран се специфични. Тоа е мала општина каде секој со секого се знае, периодот за референдум не е најповолен, во екот на туристичката сезона… Тоа е првиот сегмент. Вториот сегмент е она за што зборував претходно, една политичка партија вршеше страшен притисок врз своите членови и врз оние кои може да ги притиска за да не излегуваат и да не се постигне цензусот.

ЦИВИЛ Медиа: Следен на листата локални референдуми во Македонија е референдумот во Валандово. Очекувате ли притисоци и таму?

ЏАЛЕВ: Таму ќе биде крешендото на сè! Гевгелија не беше толку, Богданци – не, денеска видовме како помина Дојран со притисоци, а во Валандово ќе биде страшно! Затоа, јас мислам дека таму треба проблемот на рудникот Казандол и на останатите рудници, да се дигне на малку повисоко ниво. Кога велам на повисоко, мислам на републичко ниво. Да се вклучат многу еколошки друштва, невладини организации, не само вие како ЦИВИЛ што денеска бевте присутни, туку многу повеќе, дури и Хелсиншкиот комитет да се вклучи. Јас мислам дека тогаш ќе немаме никаков проблем. Иако очекувам дека политиката и таму ќе го направи своето и ќе се вршат притисоци за да нема цензус.

Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДојранизлезностполитикапритисоциреферендумрудницицензусЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result