• Latest

Јасно и гласно, ЦИВИЛ со пораки за изборите

October 14, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јасно и гласно, ЦИВИЛ со пораки за изборите

October 14, 2017 08:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Цивил – Центар за слобода го повтори својот повик до сите учесници и засегнати страни во изборниот процес, со јасно и гласно наведување на сите ризични области во пресрет на изборниот ден. Го објавуваме соопштението во целост. 

БАРАЊЕ ДО СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ, КАНДИДАТКИ И КАНДИДАТИ ЗА ГРАДНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА И СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ

Бараме од политичките партии да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да ги сопрат евентуалните планови, ако такви постојат, за изборен поткуп, притисоци и манипулација на гласачите.

БАРАЊЕ ДО СИТЕ РОДИТЕЛИ И НАСТАВНИОТ КАДАР

Бараме од родителите и од наставниот кадар да ги почитуваат децата и да ги остават надвор од политиката! Децата не смее да се злоупотребуваат за политички цели и не смее да се вклучуваат во кампањите на политичките партии!

БАРАЊЕ ДО ПОЛИЦИЈАТА И СИТЕ ИНСТИТУЦИИ НА ДРЖАВНО И ЛОКАЛНО НИВО

Секој обид да се наруши изборниот молк и да се прекршат законите поврзани со изборниот процес, веднаш да бидат сопрени и санкционирани. Не смее да има толеранција за каков и да е притисок, закана или корупција (купување гласови).

БАРАЊЕ ДО ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Бараме од Државната изборна комисија и ја охрабруваме да ги искористи сите свои законски ингеренции до максимум и да спроведе законит, демократски, фер и слободен изборен процес. Ингеренциите на ДИК се највисоки од сите досегашни состави на оваа институција и таа се наоѓа на врвот на изборниот процес. ДИК не мора да чека приговори и жалби, туку може да дејствува според сопствени наоди и мислење. Очекуваме на овие избори тоа и да го стори.

БАРАЊЕ ДО ИЗБИРАЧКИТЕ ОДБОРИ

Бараме од членовите на Избирачките одбори строго да се придржуваат до процедурите и Изборниот законик, да бидат љубезни, професионални и достоинствени во спроведувањето на своите задачи на изборниот ден. Ги охрабруваме да не подлегнуваат на евентуалните притисоци и коруптивно делување на одредени структури. За секоја информација која им е потребна, треба да се јават на Општинската изборна комисија или на Државната изборна комисија. Секој обид за притисок врз нив да го пријават во полиција, но и ЦИВИЛ стои на располагање за пријавување на таквите случаи.

ПОВИК ДО СИТЕ ГРАЃАНКИ И ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: ПРИЈАВЕТЕ НЕРЕГУЛАРНОСТИ!

Ги повикуваме граѓанките и граѓаните да гласаат слободно, според сопственото убедување. Никому не должат ништо. Сè што им ветуваат партиите и кандидатите на било кои избори, всушност, им припаѓа ним, според Уставот и законите на Република Македонија.

ЦИВИЛ има мал број набљудувачи, акредитирани се само 191 набљудувач. Затоа, потребна ни е помошта од сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, да ни јавуваат за сите, и најмали, прекршувања на изборниот молк, за сите закани и притисоци, а особено за обидите да се изврши изборен поткуп.

Ги повикуваме сите граѓанки и граѓани кои нема да се најдат на Избирачкиот список, тоа да ни го пријават. Доволно е да ни достават име, презиме, адреса на живеење и број на лична карта. За жал, ДИК и другите институции не најдоа време и начин да го решат овој проблем, но важно е да ги имаме тие информации за да се реши проблемот, еднаш засекогаш, по изборите.

Внимавајте на однесувањето на Избирачките одбори, партиските набљудувачи, полицијата, приватните агенции за обезбедување и другите учесници во изборниот процес. Пријавете нерегуларности!

ПОВИК ДО МЕДИУМИТЕ

Ги повикуваме медиумите да бидат непристрасни и професионални. Новинарките и новинарите во овој период имаат голема општествена одговорност. Ги охрабруваме да бидат на висина на својата задача и да манифестираат максимална професионална и морална одговорност. За секој проблем со кој се соочуваат, ние им стоиме на располагање.

Контакти: www.slobodniizbori.info (онлајн формулар), monitor@civil.mk, 02/5209 176, 071/608523, 078/746138

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКизбирачки одбориизборимониторингнерегуларностиОИКполитички партииполицијаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result