• Latest

Луксузна долна облека, часовници, автомобили – на сметка на граѓаните!

March 23, 2017

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Луксузна долна облека, часовници, автомобили – на сметка на граѓаните!

March 23, 2017 12:13
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното јавно обвинителство отвори четири нови истраги за четири лица. За осомничените во истрагите под работен назив „Табла“ и „Триста“ постои основано сомнение дека ја злоупотребиле својата положба и стекнале противправна имотна корист. Другите две истраги, „Тотал“ и „Тифани“, се однесуваат на даночно затајување. Осомничените го оштетиле буџетот на Република Македонија за 894.915 евра. Сите истраги произлегуваат од прислушкуваните разговори, од кои дел се јавно објавени.

Истрага „Табла“: Постои основано сомнение за злоупотреба на положбата на директорот на основно училиште „Реџо Ружит Зајази“ од село Зајас. Осомничениот, како директор, ја искористил положбата да прибави имотна корист за правното лице Баук Проф ДОЕЛ Кичево, со кое склучил договор без јавна набавка, со што го оштетил буџетот на Македонија во вредност од 200.000 евра.

Истрага „Триста“: Основано сомнение за кривично дело за злоупотреба на положба на помошник министер за внатрешни работи, за јавна набавка на 300 возила. Осомничениот од 2008 до 2012 година, со овластување од министерот за внатрешни работи набавил 300 возила и го оштетил буџетот за 453.570 евра. Економските оператори кои биле избрани не ги имале најповолните понуди, иако тоа е основен услов при јавни набавки. Лицето осомничено во оваа истрага е дел и од други истраги.

Истрага „Тотал“: Се работи за едно продолжено кривично дело за даночно затајување. Осомничениот е физичко лице, сопственик на неколку маркетинг агенции „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиа макс“ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ Скопје. Постои основано сонение за периодот од 2008 до 2015 година, со намера тој и правните лица чии управител е да одбегнат делумно плаќање на даноци, давал лажни податоци со што одбегнал да плати даночни обврски од 121.414 евра за правните лица, а осомничениот сам за себе одбегнал плаќање на данок во вредност од  63.032 евра. Три од правните лица опфатени со истрагата, немале ни вработени за опремата која ја набавил, а другите две имале по еден вработен на краток период. Осомничениот, како управител, преку овие правни лица вршел набавки за себе лично. Пример: два душека, рачен часовник, мебел, персиски теписи, кујнски садови…

Истрага „Тифани“:  За физичкото лице – сопственик, управител и единствен потписник на „Смарт центар ДООЕЛ експорт импорт Скопје“ и агенцијата „Смарт“, постои основано сомнение за затајување на данок. Осомничената, од 2008 до 2014, со намера одбегнување делумно плаќање на даноци, давала лажни податоци и го оштетила буџетот за 37.634 евра за правните лица, а за себе сама затаила данок во висина од 16.924 евра. Осомничената ги користела правни лица како параван за вршење на набавки, иако правните лица немале вработени за дејност и за користење на опрема. Пример на асортиман кој бил набавен: долна облека, чевли, ташни, ремени, шминки, очила, мебел, велосипеди, сигурносни врати…

За овие лица не се побарани посебни мерки за претпазливост.

Марија Теговска

фото: Маја Ивановска

 

Tags: затајување на данокистрагајавни набавкиСЈОТаблаТифаниТоталТриста
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ