• Latest

„Портокалова фаза“: Работниците на терен, инспекциите не можат да постигнат!

August 4, 2017

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Портокалова фаза“: Работниците на терен, инспекциите не можат да постигнат!

August 4, 2017 15:10
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

До редакцијата на ЦИВИЛ Медиа пристигна видео од општина Аеродром, каде работници интензивно работат на реконструирање на булеварот „АСНОМ“, и покрај препораките на Министерството за труд и социјална политика, работниците да не работат на отворено, во периодот меѓу 11 и 17 часот.

„Апел до некој што знае каде ова може да се пријави и некој да интервенира да не умрат работниците… На сонце, на повеќе од 50 степени, плус – смрди тоа испарениот асфалт, ти се згадува од поминување само“, ни напиша Дамјан Темков.

Откако од ЦИВИЛ му беа посочени отворените линии за пријавување на прекршувањата на препораките, Темков вели дека добил одговор дека за цело Скопје има само три инспектори, кои не можат да постигнат да постапат по сите пријави, но и дека тие не можат да ја сопрат работата доколку тоа не го одлучат работодавачите.

Утрово, ресорното Министерство излезе со соопштение во кое се вели: „Министерството за труд и социјална политика ги потсетува работодавачите на нивната обрска за почитување на препораките за заштита на работниците, а во врска со најавите за неповолни временски услови. Со оглед на тоа што се прогнозира ‘Портокалова фаза’, ве информираме за препораките на Министерството за здравство: По одржаниот состанок на Комисијата за топлотни бранови, се препорачува во следните три дена (од петок до недела) од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.
На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено, во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа. Прекршувања на препораките од  работодавачите може да се пријавуваат и кај дежурниот инспектор кој ги координира екипите низ државата на 075/402 856“.

Минатиот месец, по сторија на граѓански новинар на ЦИВИЛ за работниците кои работат на отворено на пеколни температури, Министерството за труд и социјална политика отвори линија за пријавување на прекршувањата на препораките од МТСП и Министерството за здравство.

По отворањето на линијата, МТСП изрече забрана за работа на 37 правни лица.

Tags: високи температуриграѓански новинарГраѓански објективинспекцииМинистерство за здравствоМинистерство за труд и социјална политикапрепоракиработници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ