„Никола Груевски прв ќе избега од државата бидејќи секаде си го става(л) носот“, „Тој што направил 300 бељи, тој ќе си избега прв“, „Ако не крадат политичарите, нeма потреба ниту да бегаат, но тие украдоа многу, за малку не си ги валкаа(т) рацете“, беа дел од одговорите на граѓан(к)ите на скопските улици, на прашањето на новинарите на ЦИВИЛ Медиа – кој ќе биде следниот или следната политичар/ка или функционер/ка, кој/а ќе избега од Македонија?
Покрај теренската анкета, ЦИВИЛ Медиа вчера објави и онлајн анкета со истото прашање, која е уште отворена за граѓанките и граѓаните.
Дел од граѓан(к)ите сметаат дека судовите се најкомпетентни да одговорат на прашањето.
Инаку, обвинетите од Специјалното јавно обвинителство, Горан Грујовски и Никола Бошковски од УБК, се најдоа на меѓународна потерница на Интерпол, откако полицијата пред 9 дена, не ги пронајде во нивните домови за да ги приведе. Претходно, во бегство (на службено патување) беше и бизнисменот Сеад Кочан.
Вулнет Махмути
Камера: Дехран Муратов