На референдумот во општина Босилово, за или против отворање на рудникот за бакар и злато Иловица ќе се изјаснат вкупно 12.301 граѓанки и граѓани, како што вчера, доцна попладне, информира ОИК Валандово.
За успех т на референдумот потребно е да излезат 6.151 гласачи, односно излезност на 50% од гласачкото тело плус еден глас.
За сега очекувањата се навремено отворање на 19 избирачки места во Општина Босилово. Според информациите од ОИК Босилово денеска 4 гласачи го искористиле своето право на глас пријавени како болни и изнемоштени лица.
Според најавите, два мониторинг тима на ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе бидат на терен и ќе го набљудуваат референдумот во Општина Босилово. ЦИВИЛ ќе ја известува јавноста за текот на референдумот во текот на целиот ден.
Жителите на Општина Ново Село на референсумското прашање за или против рудници ќе се изјаснуваат на 17 септември.