Во Кривичниот суд започна судењето за нападот врз пратеничката Радмила Шекеринска за време на крвавите настани во Собранието од 27 април 2017.
На почетокот на август, Јавното обвинителство поднесе обвинение против напаѓачот на Радмила Шекеринска, П. А.
Станува збор за еден од првите предмети што се процесираат за нападот, откако судот донесе пресуда за девет лица кои поминаа со условна казна. Според обвинението, напаѓачот врз Шекеринска ќе одговара за сторено кривично дел – насилство за кое е предвидена казна затвор од три до десет години.
Напаѓачот претходно беше на распит во Јавното обвинителство, по што за дел од медиумите изјави дека не ја нападнал Шекеринска, туку сакал да ѝ помогне. При нападот Радмила Шекеринска доби тешки телесни повреди.