Проф. Катерина Колозова, универзитетска професорка, даде кратка изјава за ЦивилМедиа, со негативна оценка за првите 100 ДЕНА ВЛАДА на Мицкоски. Според неа, се работи за филозофија на владеење што ја нарекува „лет во место“, односно дека државата во овој период е – без компас.
„Првите сто дена беа одбележани со филозофија на владеење која ќе ја наречам ‘лет во место’. Наместо да се поита да се влезе во европското семејство со тоа што ќе се изгласа постоење на бугарско малцинство, што е услов да се продолжи со преговорите после добиените патокази, државата лебди во место без јасна геополитичка насока или подобро речено – без компас“, оценува проф. Колозова во изјавата за ЦивилМедиа.
Џ. Д.