• Latest

100 дена Влада, Заев во одговор на ЦИВИЛ МЕДИА: Барам поддршка од медиумите да воспоставиме европски модел за одбрана од хибридните закани

December 14, 2020

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

100 дена Влада, Заев во одговор на ЦИВИЛ МЕДИА: Барам поддршка од медиумите да воспоставиме европски модел за одбрана од хибридните закани

На настанот 100 дена Влада, премиерот Заев, во одговор на прашањето од ЦИВИЛ МЕДИА, побара поддршка од медиумите и граѓанското општество во воспоставувањето европски модел за одбрана од хибридните закани што уништуваат поединци, институции и државни стратегии.

December 14, 2020 15:37
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

На владиниот настан по повод 100 дена Влада, „100 дена со граѓаните! Грижа. Одговорност. Сигурност.“ свое обраќање имаше претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби, како и заменик-претседателите на Владата Љупчо Николовски и Никола Димитров, а потоа одговараа на прашања од медиуми.

ЦИВИЛ МЕДИА настапи со прашање за хибридните закани, ширењето лажни вести и говор на омраза, односно дезинформациските кампањи:

Прашањето на хибридните закани, особено дезинформациските кампањи е актуелно во целиот свет, а од неодамнешниот извештај објавен од Европскиот парламент, тоа е актуелизирано и кај нас, во Северна Македонија. Што Премиерот и Владата ќе направат во наредниот период за да им застанат на патот на дезинформациските кампањи, кои што беснеат, како што гледаме, лажните вести и говорот на омразата, како и во однос на другите облици на хибридни закани против демократијата?

Премиерот Заев одговори: „Неколку пати имаме одговорено, сакаме да работиме заедно со вас, медиумските работници и граѓанското општество на оваа проблематика, посебно за она што се однесува на лажните вести, присуството во медиумите, главно електронски, пишани, воглавно порталите итн… Едно прашање е безбедноста и сигурноста на државата во одбранбениот и безбедносен систем, овде по НАТО стандардите и протоколите, веќе и меморандум потпишавме, се работи на сајбер безбедноста и верувам дека ќе ги достигнеме многу бргу сите модерни стандарди коишто НАТО земјите членки мора да ги поседуваат, заради нашата безбедност, но и заради безбедноста на земјите членки на НАТО, бидејќи меѓусебно си ја гарантираме таа безбедност.

Во делот на она што се дискутира, барем до сега, јас очекувам малку похрабри чекори и од здружението на новинари, на медиумите, заради одговорноста за ширење лажни вести, заради тоа што, еве лично ќе кажам, од она што го добивам како анализи и од она што читам, следам и се информирам, дефинитивно има многу злокобни и многу злонамерно ширење на лажни вести коишто може да предизвикаат непоправливи последици.

Се работи за медиуми без импресум, медиуми што се присутни во етерот, и коишто покрај тоа што уништуваат чест, достоинство  на поединци, уништуваат и институции, уништуваат стратегии на државата, шират омраза којашто дефинитивно има рефлексии и одредени пречки на нашите национални стратешки цели во својата реализација. Барам поддршка и помош од медиумите и здруженијата на медиумите да работиме  на ова поле, да воспоставиме европски модели. Да го најдеме тоа што е најдобро во Европа, во демократскиот свет, да го имплеметираме овде, заради тоа што навистина е сериозна закана, и за општеството, и за слободата, и за стратегијата и стратешките определби на државата, но е сериозна закана и за поединецот во нашата држава и нашето општество.“

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ