• Latest

11 февруари: Северна Македонија е 30-та членка на НАТО

February 11, 2020
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

11 февруари: Северна Македонија е 30-та членка на НАТО

February 11, 2020 19:12
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Собранието едногласно го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор

Собранието на Република Северна Македонија со 114 гласа „за“ го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

Законот е со одложено дејство и ќе стапи во сила откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО.

Претходно, претседателот на Собранието Талат Џафери во својот говор истакна дека нашиот пат кон НАТО, гледан низ призмата на изминатите три децении, не беше ниту малку лесен и беше испреплетен со многу турбулентни моменти. Го честита скорото зачленување во НАТО, потенцирајќи на заложбите што низ годините ги дале владите, парламентите, но и граѓаните со својата континуирана поддршка за членството во НАТО.

Претседателот Пендаровски порача дека пристапувањето кон Северноатлантскиот сојуз не е едноставно стапување во членство во меѓународна организација. НАТО е сојуз на држави кој се заснова врз меѓусебна политичка и одбранбена солидарност и врз заеднички вредности. Членството во најмоќниот воен сојуз во светот е привилегија, но и огромна одговорност.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на свечената седница по повод ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО истакна дека по 27 години од првата одлука за членство во НАТО донесена во Собранието, на овој пратенички состав му припадна честа во име на сите нивни претходници во пратеничките клупи и на сите граѓани да го ратификува овој документ, кој е влог во безбедносната иднина на нашата земја.

Знамето на Северноатланската алијанса по свечената седница се вее пред Собранието на Република Северна Македонија.

НАТО очекува напролет Северна Македонија да стане членка на Алијансата. Тоа го изјави денеска претставничката на САД во НАТО, Бејли Хачинсон на брифинг во Брисел.

Истакна дека Протоколот се уште не е ратификуван во Шпанија,  која пред извесно време доби Влада.

– Мислам дека до летото знамето на Северна Макеоднија ќе биде до другите 29 знамиња. Ќе бидеме среќни напролет да ја поздравиме Северна Македонија, изјави таа на брифинг.

Со усвојување на предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, свечена собраниска седница и симболично подигање на знамето на НАТО пред зградата на Собранието, привршува македонскиот пат кон полноправно членство во НАТО, кој трае веќе речиси 28 години.

Последната етапа од овој долг пат е кога Зоран Заев ја добива поканата за членство во НАТО на Самитот на НАТО во Брисел 12 јули 2018.

БЛИЦ: Од денеска е полесно да бидеш глупав

ЏАБИР ДЕРАЛА: Нема ништо полесно од тоа да бидеш неранимајко премачкан со сите бои во секоја смисла на зборот, накитен со пердуви од кокошка и да бидеш неписмен…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Заев: Со ратификација на протоколот за НАТО, се обезбедува стабилноста на сегашните и идните генерации

„Ги повикувам сите 120 пратеници да бидат на висината на одговорноста на историскиот ден што им ја носи. Да се обединат околу една од двете стратешки цели од 1991 година од независноста и денеска да ја поддржат ратификацијата на Протоколот за НАТО, се работи за иднината на нашите деца“, рече на прес конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/227050934993193/

 

Според Заев, денеска пред пратениците се наоѓа најважниот документ од независноста на државата до денеска. – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, граѓани на татковината, заедно сме рамо до рамо со најсилните демократски земји во светот.

Зоран Заев ја добива поканата за членство во НАТО на Самитот на НАТО во Брисел 12 јули 2018

„По долги години изолација и стагнација, конечно го отворивме патот за членството во НАТО. НАТО не е само безбедност и сигурност, НАТО е пристап до инвестиции, нови пазари и значи повеќе пари кај граѓаните. Уште од потпишувањето на договорот од Преспа и потпишување на протоколот за НАТО, платите се зголемени во сите сектори. Минималната плата е зголемена за 60 насто, економијата за 2 и пол години расте идо 4 насто.Сега зависи од нас. Ве повикувам да го заврзаме развојот, да го трансформираме општсството и да направиме способна држава“, рече Заев.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ – Расправата за Законот за ЈО премина во Комисијата за европски прашања и законодавно-правната комисија

Владата донесе заклучок Предлог-законот за јавното обвинителство со тие дополнувања да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија. За жал, во текстот кој што е пратен беа направени ситни технички грешки кои се однесуваа токму на корекциите кои беа усогласени на седница на Владата и од тие причини испратениот текст на Предлог-законот за јавното обвинителство е повлечен. Владата по направените исправки повторно го достави до Собранието на Република Северна Македонија, наведе Владата во соопштението.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

Министерот за надворешни работи на Италија Луиџи ди Мајо денеска престојуваше во официјална посета на Република Северна Македонија.

Тој се сретна со претседателот Пендаровски и истакна дека Италија ја поддржува Северна Македонија за интеграција во НАТО и ЕУ и дека двете земји имаат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба, како и одличен политички дијалог.

На заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека да дава гаранција за брзината со која ЕУ ќе ја донесе новата методологија е многу амбициозна работа.

Луиџи ди Мајо оствари средба и со премиерот Спасовски, на која се потврдија реформските достигнувања на земјава и беше нагласено дека Италија ќе продолжи активно да се заложува земјава да ги почне преговорите со ЕУ.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска се сретна со вршителот на должност претседател на Парламентарното собрание на НАТО, Атила Местерхази, кој заедно со генералниот секретар на Парламентарното собрание на НАТО, Руксандра Попа, беа официјални гости на свечената седница на Собранието на која се донесе Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Панел дискусија на ЦИВИЛ: Слободни избори наспроти црна пропаганда

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Слободни избори наспроти црна пропаганда“ во четврток, 13 февруари, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12 часот. Учесници на панелот се Славјанка Петровска, Заменик-министерка за внатрешни работи, Марјан Забрчанец, Национален координатор за стратегиски комуникации во Владата на РСМ и Јасна Бачовска, универзитетска професорка. Модератор на панел дискусијата ќе биде Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ: Самоволието и насилството на контролорите на ЈСП-Скопје мора да престане веднаш!

ЦИВИЛ најостро го осудува недоличното и насилничко однесување на контролорите од Јавното соoбраќајно претпријатие – Скопје кон студентот Сихран Усеин од Правниот факултет.

Ги повикуваме надлежните институции веднаш да реагираат и да го расчистат овој случај, а сторителите да бидат соодветно санкционирани.

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Слободни избори наспроти црна пропаганда“ во четврток, 13 февруари, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12 часот. Учесници на панелот се Славјанка Петровска, Заменик-министерка за внатрешни работи, Марјан Забрчанец, Национален координатор за стратегиски комуникации во Владата на РСМ и Јасна Бачовска, универзитетска професорка. Модератор на панел дискусијата ќе биде Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ.

СКЕН – политички магазин: Техничка влада за блокада

Техничката влада од системско решение за обезбедување слободни избори се претвори во ризик на слободата, ризик по одржувањето на слободни, фер и демократски избори.

 СЛОБОДНА ЗОНА

„Со нужните компромисите за Преспанскиот и за новиот устав, Македонија ги крена интеграциските блокади но и го доурниса и онака урнисаниот правен поредок. Компромис се бара и сега. На прагот на изборите и на прагот на почетокот на преговорите со Европската Унија. Овојпат за Законот за Јавното обвинителство. Компромис поради уцени за овдешни политички, партиски, себични, криминални побуди…“, пишува Зоран Иванов во својата колумна „Нашата колективна амнезија за нивната колективна амнестија“.

Ангела Петровска

во соработка со: Дехран Муратов, Маја Ивановска, Биљана Јордановска, Дијана Тахири, Владимир Перчуклиевски, Зоран Иванов, Џабир Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ