ВЕСТ НА ДЕНОТ: Мицкоски: Не гледам причина за натамошно учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека не гледа причина за натамошно учество на пратениците од партијата што ја предводи во Парламентот поради отстапувањето од политичкиот договор денеска да биде распуштено Собранието. Тој најави дека по ова прашање ќе дискутираат на денечниот Извршен комитет.
Мицкоски порача дека не треба да се отстапува од постигнатиот политички договор за термините за распуштање на Собранието и за избори.
Во однос на предлогот од премиерот Оливер Спасовски за разрешување на министерката за труд Мизрахи, кадар делегиран од ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада, апелира на разум и достоинство. Смета дека тоа се политички маневри и предупредува дека може да ја однесат државата во тешко политичко сценарио.
БЛИЦ: Уште една епизода од бескрајната турбо-фолк пропаганда
Џабир Дерала: Сега, кога од него се бара да сработи нешто, да се донесат закони што се важни за државата и за ЕУ интеграциите, тој се заканува со бојкот. Причините се добро познати: бегство од правдата и неспособност да се излезе од спиралата на сопствените црнила.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Шекеринска: Би сакала да го видам јунакот кој ќе ги поништи вчера дадените гласови за НАТО во Собранието
За една година од потишувањето на Протоколот за прием во НАТО добивме 28 ратификации, за многу кратко време нашето членство ќе биде заверено и ќе удриме печат за нашето постоење како независна, суверена и просперитетна држава. Ќе бидеме дел од семејството од безбедносниот чедор кој штити една милијарда луѓе.
Ова денеска го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод ратификацијата за Североатлантскиот договор за кој рече дека како министерка за одбрана членството во НАТО, меѓу другото, значи многу, во однос на бројки во Армијата, кои први ги почуствувале бенифитите преку платите, условите за работа и перспективата во војската.
Во однос на ширењето на лажни вести и скептицизмот од Алијансата, Шекеринска цитираше одредба од вчера потпишаниот Договорот со НАТО кој посочува дека страните во Договорот се решени да ја чуваат слободата, заедничкото наследство, цивилизацијата на своите народи засновани на принципите на демократија, индивидуалната слобода и владеење на правото. Министерката рече дека опозицијата веќе го поддржала законот за служба во Армијата и дека не би требало да има пречка и за поддршка на законот за одбрана.
ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ: Предизборни престројувања
Законот за ЈО, односно неусогласеноста на опозицијата со власта за условите за донесувањето на законот го кочи распуштањето на Собранието коешто требаше да се распушти денеска, за да се распишат предвремените парламентарни избори на 12 април.
НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО
Премиерот на РСМ во техничката Влада Оливер Спасовски, до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.
„Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи“, велат од Владата.
Мизрахи вчера изјави дека таблата поставена во МТСП, на која стои Република Македонија е наследена. Како што појасни, не постои стара и нова, постои само една табла. Таа истакна дека нема намера да ја менува таблата со старото име, па дури и да треба да плати казна од 5.000 евра.
Предлог законот за јавно обвинителство денеска помина во матичната собраниска Комисија за европски прашања
Членовите на Комисијата за европски прашања ги разгледаа Предлог законот за Јавно обвинителство и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители, по скратена постапка, и одлучија да ги проследат во натамошна постапка, односно тие да одат на пленарна седница.
На текстот на законот за ЈО имаше само еден амандман поднесен од пратеникот Сурија Рушиди, кој министерката за правда Рената Дескоска не го прифати и не беше усвоен од мнозинството во Комисијата.
Во денешното издание на Утрински Брифинг на Слободен печат гостуваше и Џабир Дерала од ЦИВИЛ, кој зборуваше околу несогласувањето во Собранието за Законот за ЈО и Законот за одбрана и ратификувањето на договорот за НАТО кој се изгласа со консензус од сите партии.
„Полесно е се откако имате ситуација во која сте дел од НАТО. Тоа дава стабилност и сигурност кај граѓанките и граѓаните. Ова е процес кој нема веќе да запре, се работи за процедурални и административни чекори кои секако ќе поминат. Тоа значи дека сепак што и да се случи со политичката гарнитура на власт ние имаме обезбедено место во НАТО. Тоа е нешто што не може да се врати“, изјави Дерала.
Што се однесува до Законот за ЈО, тој накратко даде свое видување: „Јас сум убеден дека најголем дел од оние кои нема да гласаат за Законот за ЈО се всушност под притисок. Се врши терор врз оние кои сакаат да гласаат за овој Закон“.
Претседателот Стево Пендаровски денеска во присуство на студенти од Правниот факултет го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.
„На ова чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше. Нека ни е со среќа, рече Пендаровски, посакувајќи во иднина да потпишуваме вакви документи и за членството во Европската унија.“
Чулев го обвини Спасовски за незаконско работење на МВР, премиерот го демантира и му порача да си го реши проблемот со лични карти и пасоши.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска на седницата на собраниската Комисијата за европски прашања на која се разгледуваше Предлог-законот за јавно обвинителство презентира писмо, аудио снимка и транскрипт за, како што наведе, разговор на лицето З.З. во врска со Боки 13.
Според него, ова можеа да фрли нова светлина на вистинската желба за борбата против организиран криминал и висока корупција од избрани и именувани функционери.
Министерката за правда Рената Дескоска реплицирајќи му на Милошоски рече дека без разлика на тоа какви материјали ќе се презентираат тука, заложбата за неселективна правда кај никој од пратениците, особено од владејачкото мнозинство, не е намалена, ниту избледена.
„Буквално во сите истражувања, анализи и извештаи, судството е на врвот на листата според впечатокот што граѓаните го имаат за неговата корумпираност. Додека едни се „судат за 100 ќебапи“, крупни корупциски и случаи на организиран криминал или не се процесираат, или постојано се одложуваат, или застаруваат. Oсомничени, обвинети и осудени едноставно отшетуваат. Истовремено, во правосудството се вработуваат и се унапредуваат внуки, сопруги и сопрузи, золви и јатрви, баџанаци, шури и сватови.“, се вели меѓу другото во соопштението за јавноста.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ:
Екипа на ЦИВИЛ денеска излезе меѓу граѓаните со прашањето – Зошто сè уште не се донесува законот на Јавно обвинителство?
ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Слободни избори наспроти црна пропаганда“ во четврток, 13 февруари, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12 часот. Учесници на панелот се Славјанка Петровска, Заменик-министерка за внатрешни работи, Марјан Забрчанец, Национален координатор за стратегиски комуникации во Владата на РСМ и Јасна Бачовска, универзитетска професорка. Модератор на панел дискусијата ќе биде Џабир Дерала, Претседател на ЦИВИЛ.
Како црната пропаганда влијае врз условите за одржување слободни избори? Што треба и што можат да направат Владата и релевантните институции, а што граѓанското општество во борбата против црната пропаганда, лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата? Што е црна пропаганда? Што се хибридни закани врз демократијата? Со кои предизвици се соочува Северна Македонија? Кои се искуствата на нашата земја со црната пропаганда и хибридните закани врз демократијата?
Настанот е од отворен карактер.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Од нејзиното основање до сега, проблемот на оваа партија е што негува политика на силен популизам. Таквата партиска мантра, таквата гласачко доворувачка политика, и`носи изборни гласови ама и`ги врзува рацете за прагмартични политики. За смели потези и за непопуларни но нужни државнички одлуки. Нејзината политика е политика на жестоки отпори при секој обид земјата квалитетно да исчекори во нов развоен статус. Така беше при влезот во ООН под ФИРОМ, слично со Рамковниот, најсвежо со Преспанскиот.“, од корнер денеска пишува Зоран Иванов во колумната „Историјата ќе и прости, но фактографијата не“.
„Дали го сведочиме постепеното создавање на првата жена-претседател на ВМРО-ДПМНЕ, можеби веќе после изборите во април?“, прашува Сашо Орданоски во денешното издание на Добро утро со Орданоски „Мизрахи во поход кон врвот!“
Дијана Тахири во соработка со Дехран Муратов, Ангела Петровска, Маја Ивановска, Биљана Јордановска, Сашо Орданоски и Зоран Иванов и Џабир Дерала