• Latest

16 јануари: Планови за нови решенија

January 16, 2019

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

16 јануари: Планови за нови решенија

January 16, 2019 17:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата планира да потроши 1,6 милиони евра за употреба на Законот за јазиците 

Портпаролот на Владата, Муамед Хоџа, на денешната прес-конференција изјави дека во моментот немаат конкретна сума за тоа колкави ќе бидат финансиските импликации од спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, но, дека минатата година за таа намена биле издвоени 100 милиони денари.

По објавувањето на Законот за употреба на јазиците во „Служен весник“, сите институции се обврзани да создадат услови за практицирање на Законот во  секојдневието. Секоја институција притоа треба да направи анализа на своите капацитети и зависно од таа анализа да ги преземе и чекорите со кои ќе се подобрат капацитетите и човечките ресурси во однос на остварување на Законот за јазици. Со Законот се предвидува и формирање на Инспекторат што ќе го мониторира исполнувањето на Законот од страна на сите институции. изјави Муамед Хоџа.

Општините Охрид, Дебар и Ново Село со избори за градоначалници паралелно со претседателските 

Паралелно со претседателските избори, во април годинава, во општините коишто во моментов се раководат од в.д. градоначалници како Дебар, Охрид и Ново Село, ќе се одржат и предвремени локални избори.

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека за ова се прегледуваат сите законски рокови. На вчерашната прес конференција во Собранието, Џафери соопшти дека сега веќе се пред одредување на датумот за одржување на претседателските избори коишто ќе бидат одложени за седум дена од претходните најави заради Велигденските празници. Според Џафери, првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.

Решенија да се спречи корупцијата во Антикорупциска 

Една од промените во новиот Предлог закон за спречување на корупцијата и судир на интереси, што денеска е на дневен ред на Собранието, по скратен постапка и со европоско знамеце, е неможноста членови на Антикорупциска да бидат поранешни пратеници, членови на Влада или политичка партија, но ниту оние што некогаш биле донатори на некоја политичка партија.

Ново законско решение предвидува повисоки ингеренции на членовите на Државната комисија за спречување на корупција, што подразбира и увид во сметките на политичките парии и ревизорските извештаи и покренување на постапки пред надлежните органи по однос на наодите од партиските финансирања.

Примена на нови технологии во изборните процеси 

Државната изборна комисија во сорботка со Меѓународна фондација за изборни системи, ИФЕС, а финансирана од УСАИД, организира стручната тркалезна маса на тема „Примена на нови технологии во изборните процеси”, што ќе се одржи утре, 17 јануари во хотелот „Холидеј Ин” во Скопје со почеток во 9:30 часот.

Целта на оваа тркалезна маса е да се иницира дискусија помеѓу релевантните страни во изборите за можноста и потребата од воведување и користењето на нови информатички и комуникациски технологии во изборните процеси и презентација на различните меѓународни искуства, пренесени од страна на видни експерти и практичари од оваа област.

Цановски ќе бара отштета од 40 милиони евра за уривањето на „Космос“ 

Фијат Цановски, сопственикот на „Космос“, на денешното рочиште за случајот „ТНТ“ пред судот кажа дека уривањето било политичко и дека ќе бара отштета од државата и обвинетите, и посочи дека нивната штета според неколку вештачења кои биле направени изнесува околу 40 милиони евра.

Во Грција осамнаа плакати против пратениците кои го поддржуваат Договорот од Преспа 

Плакати со фотографии на пратениците кои го поддржуваат и ќе гласаат за ратификација на Договорот од Преспа беа залепени во Солун и низ други градови во Северна Грција.

Под фотографијата на секој пратеник стои пораката „Дали ќе ја предадеш нашата Македонија?“.

Владејачката Сириза, во соопштението, го опишува овој потег како „организирано заплашување на членовите кои ќе гласаат за Спогодбата од Преспа со фашистички методи“. При тоа, од таму порачаа, дека секој пратеник во грчкиот праламент ќе биде заштитен без разлика на неговото политичко убедување.

#Перспективи2019

ЦИВИЛ Медиа продолжи со објавување на серија интервјуа и текстови со кои ја рекапитулира политичката и општествената реалност на годината што изминува и се обидува, преку разговори со избрани експерти и јавни личности да ги открие перспективите на претстојната година.

Пред јавноста сега е новиот серијал „Перспективи 2019“ во кој за сега може да ги погледнете ставовите на Розета Трајан, Мирјана Малеска, Мерсиха Смаиловиќ, Мирјана Најчевска, Хусеин Адеми, Марта Гусар, Фатон Алити, Сашко Попоски  , Сашо Орданоски и Арианит Џафери.

А. Петровска 

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ