• Latest

Преглед на настани: Северна Македонија ги исполнува потребните услови, Чешка не го дели бугарскиот став, ЦИВИЛ во живо за црните кампањи

May 11, 2021

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Северна Македонија ги исполнува потребните услови, Чешка не го дели бугарскиот став, ЦИВИЛ во живо за црните кампањи

May 11, 2021 15:53
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Продолжува европската турнеја на Заев: Борел предлага Северна Македонија да ја одржи првата Меѓувладина конференција што поскоро

Премиерот Зоран Заев ја привршува својата работна посета на Брисел, по што следи патувањето во Мадрид, а потоа и во Атина. Тој се сретна со шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел, двајцата изразија надеж дека Северна Македонија ќе ги отвори формално преговорите со ЕУ што е можно поскоро, јави дописничката на МИА од Брисел.

Борел повтори дека нема никаква поддршка ниту во институциите на ЕУ, ниту кај земјите членки за одвојување на Северна Македонија од Албанија затоа што и двете земји ги исполнуваат условите.

-Северна Македонија ги исполнува потребните услови и заслужува да премине на следната етапа, изјави Борел по средбата со Заев.

Шефот на европската дипломатија потсети дека Северна Македонија е една од двете земји кои најдолго чекаат пред вратите на ЕУ – веќе 16 години.

-Има силна поддршка за одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија што поскоро, знаеме дека чекате одамна, можеби 16 години, и сте втората земја што најдолго чека пред вратите на проширувањето, рече високиот претставник за надворешна политика на ЕУ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Метнар: Ја поддржуваме ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија, не ги споделуваме идеите за историската позиција на Бугарија

„Чешката Република  го поддржува влезот на Северна Македонија во ЕУ, би сакале овој процес да се одвива со побрзо темпо. Со оглед на историските последици  понудив помош во комуникација и доколку има интерес би можеле да и помогнеме на Северна Македонија со наши искуства. Што се однесува на историските аспекти, Чешка исто така имаше проблеми со тоа. Ние ја поддржуваме Северна Македонија, не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Северна Македонија во ЕУ. Затоа што членството во евроатлантските структури ќе обезбеди поширока безбедност на целиот регион“ – изјави денеска министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар на заедничка прес-конференција во Скопје со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

ЦИВИЛ ВО ЖИВО: Злоупотребата на парите на граѓан(к)ите за црна пропаганда

Денеска напладне го вклучивме Џабир Дерала во прилогот ЦИВИЛ ВО ЖИВО кој оди на ФБ страницата на ЦИВИЛ од петокот, 7 мај. Денеска стана збор за злоупотребата на парите на граѓан(к)ите за црна пропаганда, што ја прават одредени антидемократски политички структури во земјата.

Дерала тоа ја најави и својата колумна „Со наши пари по наша глава“.

Прилогот на Фејсбук траеше подолго и во него колегата Џабир направи преглед на агендата и темите со кои ќе се занимава организацијата во наредните три недели. Агендата е вистински ролеркостер од активности. Како и досега, во нашиот дневник ја објавуваме скратената Јутуб верзија на прилогот.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Какви закони, такви избори“ утре (среда), 12 мај, со почеток во 13 часот во хотел „Парк&Спа“ (зад градски стадион) во Скопје. На панелот ќе учествуваат проф. Рената Дескоска, државната советничка при Министерството за правда, Радица Лазареска Героска, извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов, претседателката на здружението „Инклузива“ Благица Димитровска и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Покана е испратена и до Државната изборна комисија, за сега без одговор.

ЦИВИЛ активно се вклучи во процесите поврзани со реформите во изборните процеси со фокус на измените во Изборниот законик и изборниот модел.

ФЛЕШ ВЕСТИ

КОВИД-19  Министерството за здравство информира дека во државата вкупно се аплицирани 145.043 дози вакцини, од нив 121.181 граѓани се вакцинирани со прва доза, а ревакцинирани се 23.862 граѓани.

Гутереш ги повика производителите на вакцини против коронавирус да ги здружат силите за да го удвојат производството.

Од утре, 12 мај, полицискиот час започнува од 24:00 часот и ќе трае до 04:00 часот наутро наредниот ден.

СВЕТ Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска учествува на самит со НАТО земјите од источна Европа. Настанот се одржува во виртуелен формат во Букурешт.

ИНТЕГРАЦИИ Враќање на довербата и зајакнување на соработката меѓу Софија и Скопје

ТЕХНОЛОГИИ Националното здружение на адвокатите во САД го повика Фејсбук да се откаже од плановите за Инстаграм програмата за деца под 13-годишна возраст – „Instagram Kids”, наведувајќи ја како причина загриженоста за безбедноста и психичкото здравје на децата и штетата што социјалните медиуми може да ја направат притоа.

ПОЛИТИКА Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров заминува за Мадрид, што е прва посета на Кралството Шпанија на премиерско ниво.

Силна поддршка за почеток на преговорите и честитки за Северна Македонија за лидерството во вложувањата во обновливи извори на енергија била искажана на средбата на премиерот Зоран Заев и членовите на македонската делегација, Никола Димитров, Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска со извршниот потпретседател на Европската Комисија Франс Тимерманс во Брисел,

ЛАЖНИ ВЕСТИ Лажна е веста дека графата родител 1 и 2 во Е-дневникот е концепт воведен од министерката за образование Мила Царовска.

ОБРАЗОВАНИЕ  Реформата во образованието има една главна цел да обезбеди образование согласно светски стандарди.

Родителите од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ на денешната прес-конференција пред Министерство за образование и наука го изразија своето незадоволство од одговорот на МОН по повод нивните барања за укинување на електронските учебници, по што порачаа дека ќе покренат иницијатива за задолжителен референдум на кој граѓаните ќе можат да се изјаснат за предложените измени во законот за учебници.

ОПШТЕСТВО Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД во Скопје, Мери Брнз, денеска на армискиот полигон „Криволак“ ќе проследат дел од завршните активности на вежбата „Trojan Footprint 21“ во која учествуваат специјалните сили на армиите на Република Северна Македонија и на САД.

Сојузот на синдикатите на Македонија се ребрендира во „Здружение со иста цел“ со цел поефикасни и повидливи ангажмани за членството и работниците

СЛОБОДНА ЗОНА

„Време немаме доволно, затоа што имаме незадоволителни резултати. Подобро ни е да живееме во познатата форма, отколку да ја менуваме и додаваме нови содржини. Стравот од промените е постојана состојба во нашето општество. Таквиот менталитет на подреденост ќе мора да го менуваат новите генерации, доколку сакаат да го најдат своето место во успешниот современ свет“ пишува Војо Маневски во колумната „Сега не е време“.

„Го пишувам овој коментар, затоа што е неопходно да се алармира целокупната јавност, па и тие што можеби мислат дека овие политичари се во право кога се однесуваат вака непримерно и незаконски. Целта не им е да ги одбранат македонските интереси, туку да ги нападнат, за да ги остварат своите лични и интересите на антидемократски центри на моќта. Ова е одговор на однесувањето на ултранационалистите и антидемократите во политиката и нивните пропагандисти. Неодамнешниот текст од функционер на „левица“ со смртни закани против мене е само илустрација за тоа што се говори овде“ – пишува Џабир Дерала во колумната „Со наши пари по наша глава“.

И. Крџиќ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ