ВЕСТ НА ДЕНОТ: Масовно ѕвонење од броеви од странство на македонски корисници
На социјалните мрежи се шпекулира дека повиците се од Литванија и Естонија. Граѓаните меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците, зашто телефонските сметки ќе им пораснат драстично. Тие ова го тврдат од претходни искуства. Броевите започнуваат на +370 (668), +370 (669), +48 780, +881 но не се исклучува можноста да има и други.
„Слободен печат“ објави дека очекува одговор од телефонските оператори во Македонија, во врска со бројните дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон наши корисници кои утринава пристигнуваат масовно.
– За да се избегнат било какви штети и шпекулации, има надлежни институции кои треба да го превенираат ова. Не сакам да верувам дека зад оваа масовност се крие таргетирана разузнавачка операција. За да нема шпекулации потребен е одговор – вели Фросина Ременски, која утринава добила повик од броевите.
– Вакви алатки има имаат и разузнавачките служби и дивите мобилни оператори – вели Ременски.
Директорот на Агенцијата зе електронски комуникации Сашо Димитријовски, изјави дека телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат. Димитријовски советува, граѓаните да не одговараат на таквите повици што се регистрирани од корисници на двата мобилни оператора Македонски Телеком и А1.
Димитријоски најави дека службите на АЕК ќе одржат состанок со мобилните оператори, како и дека наскоро на веб страницата на АЕК ќе биде објавено соопштение со конкретни насоки.
БЛИЦ: Доктор во комисијата за издавање патни исправи?!?
ДИЈАНА ТАХИРИ: Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев соопшти дека формирал комисија која ќе одлучува кои граѓани ќе имаат приоритет за издавање пасоши. Во составот на комисијата ќе има и доктор. Чулев ги повика граѓаните да поднесат ургентни барања за издавање пасош до подрачните единици на МВР, а комисијата ќе ги разгледа следниот ден и приоритет ќе имаат граѓаните со итни медицински потреби.
А кој ќе биде докторот?
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Спасовски: Oваа изборна кампања ќе биде една од највалканите во историјата на земјата
Република Северна Македонија има капацитет да организира демократски, фер и слободни избори на кoи граѓаните ќе можат да одлучат по кој пат треба да оди земјата, вели премиерот Оливер Спасовски во интервју за ЕУОбсервер, предупредувајќи оти, сепак, очекува изборната кампања да биде една од „најавлакните“ досега.
– Сигурен сум дека оваа изборна кампања ќе биде една од највалканите во историјата на земјата. Сигурен сум дека лажните вести и медиумската пропаганда ќе бидат секојдневие за време на изборите, истакнува Спасовски.
Сепак, нагласува, земјата има сили да се справи со тие закани и да организира слободни, фер и лигитимни избори.
Прашан дали очекува руско мешање во кампањата и исходот од изборите, Спасовски вели дека сите земји во Европа и во регионот се соочија со хибридни закани во процесот на нивното пристапување во НАТО и ЕУ.
– Но, државните институции се доволно силни и подготвени да обезбедат изборите да се одржат во нормални околности, истакнува Спасовски.
Тој ја повика ЕУ да донесе одлука за старт на преговорите за пристапување на земјата пред априлските избори.
– Направивме се што беше побарано од нас и многу е важно да добиеме соодветна порака од ЕУ, особено во март. Тајмингот е од огромна важност за нас со цел да се запре неизвесноста околу европската перспектива на Северна Македонија што може да се појави во земјата, но и во регионот, оценува Спасовски.
Замрзнувањето на проширувањето на ЕУ и недонесувањето одлука за старт на преговорите во октомври лани придонесе за враќање на националистичката реторика во Северна Македонија. Октомвриската одлука, според него, беше стратешка грешка и придонесе за големо разочарување меѓу обичните луѓе.
Претстојните избори, вели, ќе бидат соочување меѓу проевропските и националистичките сили во земјата.
-Имаме два спротивставени концепта – првиот нуди интеграција во ЕУ и НАТО просперитет, слобода, транспарентност, демократија,… наспроти концептот кој е против сето ова што го набројав, а е поддржан од сегашната опозиција, вели Спасовски.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според него, не направила ништо за промена од времето на „груевизмот“ и тој концепт се уште е длабоко вкоренет во партиските активности.
– Недонесувањето правилни одлуки во вистинско време само го стимулира „груевизмот“ и таквиот концепт на размислување меѓу луѓето бидејќи тие ја губат вербата во европската перспектива, предупредува Спасовски во интервјуто за ЕУОбсервер, во врска со очекувањата ЕУ наскоро да донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија.
ОКЕЈ КОРАЛ – Предизборна кампања на предизборната кампања
Меѓусебни обвинувања, нереални ветувања, индиферентност, многу негативна енергија. Дали ќе издржат политичките опоненти до денот на изборите, а покрај нив, и ние?
НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО
Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повикаа околу 35.000 членови на изборните органи да присуствуваат на претстојната едукација за организирање и спроведување на предвремените парламентарни, која е задолжителна и ќе започне на 25 февруари за што ќе бидат ангажирани 84 обучувачи. ДИК на седницата го усвои правилникот за надомест за сите ангажирани на изборите и притоа, како што истакна претседателот на Комисијата, тој и останатите членови нема да земат бонуси.
*
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја предал аудио снимката, која како што вели, ја добил од укажувач, а на која се претпоставува дека се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.
*
Група граѓани побараа од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, да испита која е улогата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во упадот во Собранието на 27 април. Во барањето се наведува дека тие сметаат дека сите виновни не се опфатени во судењето и дека треба да се земе предвид неодамнешната изјава на пратеникот Крсто Мукоски, кој од собраниската говорница во неделата рече дека токму пратеникот Антонијо Милошоски ја насочувал толпата низ Собранието.
Граѓаните бараат кривичен прогон против Антонијо Милошоски и Никола Груевски за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.
*
Вице Заев, братот на поранешниот премиер на СРМ, Зоран Заев, денеска се обрати до јавноста.
„Деновиве се потсетувме на дел од овие методи на режимот, ги видовме остатоците на заробената држава повторно како реализираат црни кампањи. Се интензивираа нападите со лажни вести и конструкции насечени кон мене лично и кон моето семејство преку дел од медиумите и преку опозициската ВМРО-ДПМНЕ, контролирани од Груевски.
Сите овие измислици и конструкции ги демантирам јавно. Ниту јас, Вице Заев, ниту било кој член од моето семејство нема поврзаност со случајот познат во јавноста како „Рекет“ ниту пак со лагите кои на прес конференции ги изнесува ВМРО-ДПМНЕ.“
ЦИВИЛ АКТИВНОСТИ
ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи. (ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА)
Рокот за пријавување за краткорочни изборни набљудувачи во составот на ЦИВИЛ е до 20 февруари, 12 часот напладне.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Како никогаш досега, за љубителите на сите идеологии, бои и нијанси на политичкиот спектар, на овие избори ќе има јасна и конкретна политичка понуда.
Има понуда за антинационалистите, оние што сакаат еднаквост и можности за напредок за сите граѓани подеднакво, без оглед на припадноста.
Секако, има понуда и за националистите, оние што сакаат „чиста“ Македонија.“ , пишува Петрит Сарачини во Миднајт Експрес: На овие избори ќе има понуда за сите, само за милион бојкотери на „Северна“ не?!
Сашо Орданоски во денешното издание на Добро утро со Орданоски – Избрзан демант на веста за оставкитесе осврнува на лажната вест за „оставката“ на техничкиот министер за внатрешни работи Чулев.
Од корнер денеска пишува Зоран Иванов за предизборни ветувања без покритија, во колумната Ветувања за банкрот од грчки размери.
Димитрије Бужаровски даде свој осврт на чудното сметање на роденденот на Охридско лето во колумната Веселата математика на роденденот на Охридско лето.
Џевдет Хајредини денеска со жестока поента за случајот Телеком –Да не се заборави мултимилионскиот скандал!
Дијана Тахири