пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
2001, 24 март. На денешен ден пред 20 години. Цела Македонија е под психоза и страв, секојдневни се вестите за инциденти, пукање, се заострува медиумската реторика и поделбите, земјата е на раб на меѓуетничка војна.
А во Скопје, преполн МКЦ и жесток концерт „Рок за мир“. Преполна не само концертната сала, туку уште неколку илјади луѓе во холот и дворот, сè до кејот на Вардар.
Илјадници млади, заедно со дел од најдобрите на македонската РНР сцена, гласно крикнаа ДА за мирот, а НЕ за поделбите, омразата, насилството и војната.
Многу ми е драго што бев дел од таа сцена и таа енергија, како дел од „Лонг плеј“, заедно со Окац, Виктор, Џејмс и Душко (подоцна Љупа).
А уште подраго ми што и ден денес, ниту јас, ниту пак Цивил, не сме мрднале ниту сантиметар од тие идеали. Не затоа што сме тврдоглави, туку затоа што тие идеали се универзални, вонвременски, хумани и морално исправни!
Борбата за нив – продолжува!
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.