Германија лани потрошила 20,8 милијарди евра за надминување на миграциската криза, објави весникот „Хенделсблат“.
Весникот се повикува на податоци од Министерството за финансии, што ќе се разгледуваат од владата на 30 мај.
Најмногу пари биле потрошени во борбата против причините за масовната миграција, во што биле вклучени министерствата за надворешни работи и економија. Двете министерства потрошиле вкупно 14, 2 милијарди евра.
Уште околу 6,6 милијарди евра биле дадени како финансиска помош на федералните провинции и општини. Средствата биле наменети за проширување детски градинки, за изградба на социјални живеалишта и сместување на бегалци.