• Latest

24 ЧАСА: „Битката“ на Трајко Славевски за гувернер на Народна банка; Со задолжување од 6 милјарди евра – јавниот долг над 115%; Светот соочен со невиденo насилство

May 22, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: „Битката“ на Трајко Славевски за гувернер на Народна банка; Со задолжување од 6 милјарди евра – јавниот долг над 115%; Светот соочен со невиденo насилство

May 22, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Битка за Трајко Славевски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го предложи проф. д-р Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка. Професорот на Економскиот факултет во Скопје Трајко Славески беше меѓу тројцата најсериозни кандидати кои се спомнуваа, покрај актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески. Мандатот на Ангеловска Бежоска истекува утре.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

„Сметаме дека изборот е исклучиво теснопартиски, не е избор којшто ќе понуди експерт на позицијата гувернер на Народната банка, што било традиција во изминатите години. Од претседател на Советот на град Скопје доаѓа како гувренер на Народната банка, тоа е првата работа. Втората причина е што тој е човек којшто се спротивставува на растот на минималната плата, на економски политики коишто се за доброто на граѓаните. Тој беше најголемиот противник, велеше дека дури 9.000 денари е голема минимална плата“, велат од СДСМ.

За овој избор на Славевски пишува и новинарот Љубомир Костовски во „Толку од самостојноста на претседателката“, велејќи дека на Славевски главна одлика е слепата послушност на позицијата претседавал на Советот на град Скопје и таа ролја се очекува да продолжи и натаму

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Филипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП

„Очигледно е дека тие договори ќе бидат нетранспарентни и во четири очи. Министерката за финансии вели дека ќе се спроведува постапка согласно Законот за јавни набавки, но со странски фирми. Ние направивме проверка – нема да важи законот за јавни набавки“, истакна тој, посочувајќи дека „ВМРО-ДПМНЕ, партијата која седум години критикуваше за корупциски договори, сега самата создава простор за сериозни сомнежи“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.

РЕГИОН

Пицула: Настапите на Вучиќ стануваат се по бизарни, ја води земјата до карикатуралност

„Настапите на Александар Вучиќ стануваат сè побизарни, до степен што тој очигледно ја губи контролата врз одредени сегменти во самата Србија. Секако, сите го обвинуваат Александар Вучиќ за длабоката поларизација во која се наоѓа земјата со месеци. Сите, освен него и луѓето со кои е опкружен“, изјави специјалниот известувач за Србија, Тонино Пицула.

СВЕТ

Светот соочен со највисоко ниво на насилство во последните децении

Според проценките на Глобалниот индекс на мирот, во 50-те земји, имало најмалку 56 активни конфликти – еден од најголемите од 1946 година – „со помалку конфликти решени, или воено или преку мировни договори“. Единствената година што ја надмина бројката од 56 беше 2023 година, во која се регистрирани 59 вооружени конфликти, според одредени проценки.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за програмата на телевизиите?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во поглед на изградбата, одбраната и прифаќањето на демократските вредности, демократските актери покажуваат разочарувачки резултати – особено кога станува збор за различноста, инклузијата и универзалната примена на човековите права. Тие зборуваат во флоскули – празни фрази и помодарски зборови. Прават сè за да ги избегнат непријатните вистини и не реагираат со храброст или интегритет на клучните и моралните прашања на нашето време. Со сето тоа, тие оставаат празнина – лесно и брзо исполнета од авторитарни центри на моќ кои виреат врз основа на популистичката реторика и нудат заводливи, поедноставени одговори на комплексни општествени проблеми“, пишува Џабир Дерала во „Молк во костуми“.

Подготви: Б. Јордановска

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ