• Latest

24 ЧАСА: Дијабетичарите здивнаа, инсулинот пристигна; Зеленски посочи – поединци ја блокираат Украина во ЕУ за место на парадата; тензии на факултетите во Белград и Ниш; ЦИВИЛ со осуда на воените злосторства во Газа

May 5, 2025
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Дијабетичарите здивнаа, инсулинот пристигна; Зеленски посочи – поединци ја блокираат Украина во ЕУ за место на парадата; тензии на факултетите во Белград и Ниш; ЦИВИЛ со осуда на воените злосторства во Газа

May 5, 2025 18:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Дијабетичарите ќе добијат инсулин, потпишан договор за две години, информира Таравари

Министерот за здравство Арбен Таравари од Тетово информираше дека јавната набавка за инсулин е завршена, потпишан е договор и извршено снабдување на аптеките и болниците со лекот за регулирање на шеќер во крвта…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека одредени личности во Европа го блокираат процесот на европска интеграција на Украина за да добијат подобро место на Црвениот плоштад во Москва.

„Ја цениме поддршката на Чешка за нашиот чекор кон Европската Унија. Оваа година сме подготвени да го отвориме првиот кластер во процесот на преговори. Жалиме што одредени личности во Европа го блокираат овој процес. Не поради интересите на нашата земја, туку поради подобро место на подиумот на Црвениот плоштад“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со чешкиот претседател Петр Павел во Прага

РЕГИОН

Штрајк на Медицинскиот факултет во Белград, тензично пред Медицински во Ниш

Медицинскиот факултет во Белград од денеска е во штрајк, за време на кој нема да има испити, како и предавања и вежби.

СВЕТ

Хамас погубува Палестинци кои ограбуваат залихи со храна, очајот и масовната глад во Газа растат под израелската блокада

Хамас погуби шест Палестинци во Газа и застрела уште 13 во нозете за наводни грабежи, се вели во соопштението на милитантната група, додека очајот расте под целосна израелска блокада која сега влезе во својот трет месец…

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Во каква состојба се македонските медиуми и медиумските слободи?

Медиумската слобода е клучен елемент во секое демократско општество. Таа подразбира право на новинарите да информираат слободно, без цензура, притисоци или страв од реперкусии. Слободата на медиумите овозможува транспарентност, одговорност на властите и учество на граѓаните во јавниот дискурс.

 

Редакција ЦИВИЛ Медиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ: Масакрот, изгладнувањето, егзодусот и геноцидот во Газа мора да престанат!

ЦИВИЛ бара итно запирање на израелските напади врз цивилите, жените, децата и да се спречи хуманитарната катастрофа и егзодусот во Газа. Итно мора да запре целосната израелска блокада, поради тоа што Газа е на работ на глад. Мора веднаш да запре овој геноцид кој се одвива пред очите на светот. Како и досега, ЦИВИЛ ќе продолжи гласно да зборува за правата на живот на Палестинците кои дадоа огромен број цивилни жртви, меѓу кои најголем дел се жени и деца.

ИНТЕРВЈУ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ Медиа: Пред нас е нова криза, со нарушување на меѓуетничките односи

Во интервјуто за ЦивилМедиа, Џелал Хоџиќ, претседателот на СДА Македонија, меѓу другото зборува и за последиците од блокираниот стратешкиот интерес на државата на патот на Северна Македонија кон ЕУ и предизвиците кои ги носи за стабилноста и меѓуетничките односи во земјата.

Пред нас е нова општествена криза, која во себе ќе ги содржи и политичката и економската криза, а која ќе биде надополнета со нарушување на меѓуетничките односи, смета Хоџиќ.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Директорот на ЕРАЗМУС, Петар Богојески продолжува да шири лаги и клевети по објавата на досието дека со ултра национализам и говор на омраза се дотурка до власта и директорско место

Претседателот на „Македонски концепт“ и директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, продолжува, односно не се откажува од навиката да шири клевети, навреди и закани во јавната комуникација на социјалните мрежи…

СЛОБОДНА ЗОНА

Есцајг! Своевремено, тоа беше еден од важните елементи за опремување на кујната, заедно со сервисите за ручање (или ручавање како што велеа нашите југословенски родители). Најмалиот есцајг комплет беше составен од шест лажици, вилушки и ножеви во по две или три големини, значи, најмалку 36 парчиња. Зошто по шест парчиња? Затоа што во едно домаќинство порано живееја три генерации – родители, најмалку едно од нивните деца со сопружниците, и нивните деца, внуците, пишува Џабир Дерала во колумната „Новиот глас во тишината“.

Подготви: Д. Мишев

Tags: амализиВестиизјавиинтервјум дезинформацииколумни
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ