• Latest

Директорот на ЕРАЗМУС, Петар Богојески продолжува да шири лаги и клевети по објавата на досието дека со ултра национализам и говор на омраза се дотурка до власта и директорско место

May 5, 2025

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

Директорот на ЕРАЗМУС, Петар Богојески продолжува да шири лаги и клевети по објавата на досието дека со ултра национализам и говор на омраза се дотурка до власта и директорско место

May 5, 2025 12:41
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на „Македонски концепт“ и директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, продолжува, односно не се откажува од навиката да шири клевети, навреди и закани во јавната комуникација на социјалните мрежи. Богојески на колумна на Џабир Дерала, „Без вистина, нема слобода: Слободата не се генерира – таа се брани“, која беше објавена на Фејсбук страницата на Фронтлајн, коментира: „Од кога активисти на хамас и исламска држава бранат слобода?“.

Уредникот на Фронтлајн, Јане Ѓорѓиоски, му реплицирал на коментарот: Господине директор Петар Богојески – Petar Bogojeski дали и овој пат ви е хакнат фб профилот?

Одговор секако нема!

Директорот на ЕРАЗМУС и коалициски партнер на Мицкоски, продолжува да шири лаги и клевети, да потикнува говор на омраза или дела од омраза. Истиот профил на Фејсбук на Петар Богојески од кој клевети и шири лаги дека „Дерала е активист на Хамас и ИСИС“, објавува активности на Националната агенција за европски програми и мобилност, како и за политичката партија Македонски Концепт.

Така што овојпат не може „да се вади“ дека му бил хакнат профилот!

ЦИВИЛ Медиа на 28 април 2025 година објави: (ДОСИЕ) Петар Богојески: Со ултра национализам, говор на омраза и дезинформации до позиции во власта и директорско место во ЕРАЗМУС

Добро знаеме дали и колку говорот на омраза, навредите, вулгарностите на Богојески дали се „експеримент“, „хакиран профил“ или „украден идентитет“. Тој може колку сака да се служи со провидни лаги, но едно е јасно – да имавме нормални институции тие ќе го земеа на одговорност, бидејќи еден дел од неговите настапи во јавноста се и кривично дело казниво по член 319 и 398 од Кривичниот законик. Во меѓувреме не знаеме ниту дали „експериментот“ со говорот на омраза му донесе „од 500 до 50.000“ гласа како што кажа на панел дискусијата на ЦИВИЛ во 2021, но сигурно му донесе коалиција со Мицкоски и директорско место во ЕРАЗМУС!

Богојески во јавноста стана познат во 2018 кога како „реформатор и фракционер“ беше разрешен од функцијата заменик генерален секретар во ВМРО-ДПМНЕ. Оттогаш па се до формирањето на Македонски концепт, Богојески делуваше како фракција во ВМРО-ДПМНЕ и голем критичар на Мицкоски за пред последните парламентарни избори неговиот Македонски концепт да влезе во заедничка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓутоа Богојески, не се прослави ни како „реформатор“ ниту како успешен лидер на Македонски концепт, туку како човек кој шири говор на омраза и дезинформации на социјалните мрежи.

На панелот „Говорот на омразата во политиката“, во организација на ЦИВИЛ, (на 20 мај 2021 година) Петар Богојески се обиде неговиот експлицитен говор на омраза пласиран на социјалните мрежи да го прикаже како експеримент и истражување.

„Истражувањето е базирано врз одговори на членовите на Македонски концепт како и на надворешни членови. Ние поучени од праксата од последната кампања решивме да правиме истражување во рок од 60 дена. Тоа значи вклучуваме говор на омраза односно вклучуваме нешто што не сме ние. Ние живееме во омраза. Многу било лесно да бидеш успешен. Говорот на омраза го користевме, во блага мера, за да покажеме дека тука се живее од омраза. За да успееме од 500 гласа да стигнеме до 50.000 гласа треба да се однесуваме и да користиме говор на омраза како политичарите на македонската сцена“, истакна меѓу другото Богојески во своето излагање.

Од мај 2021, поминаа многу повеќе од „60 дена експеримент“ и говорот на омраза на социјалните мрежи стана редовна пракса на Богојески.

Богојески на социјалните мрежи осудувајќи ги протестите за поддршка на Палестинците одржани во Скопје (на 16 мај 2021), со неколку расистички коментари со експлицитен говор на омраза и повици кон активистката Мерсиха Смаиловиќ, предизвика бројни реакции кои одеа во правец на верска, етничка и расна нетрпеливост.

„Фацава циго со коментар за мене – „педеров е исламофоб и рацист“! Ова од сликава коментира“.

Снимка од екран од фејсбук страницата на Петар Богојески

Петар Богојески, на својот личен профил во коментар со директни закани, ги прашува Бошњаците дали сакаат уште од случувањата во 90-тите.„Не ви дојде паметот уште? Во деведесетите?! Уште сакате?

Снимка од екран од коментар од фејсбук профилот од Петар Богојески
Граѓанското движење „АВАЈА“ реагираше на јавните расистички објави кои лидерот на „Македонски Концепт”, ги споделува на својот Фејсбук профил, како што велат, при што јавно ги навредува Ромите и шири говор на омраза кон различни групи на граѓани. Ваквото однесување на една јавна личност е крајно неприфатлива и деградирачка, особено ако се знае дека Петар Богојески е вработен како Државен советник во Министерството за одбрана, истакнаа тогаш од движењето АВАЈА и побараа од тогашната министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска да реагира и преземе сите чекори за дисциплинска постапка против Петар Богојески.Активисти од повеќе граѓански здруженија до Министерството за внатрешни работи поднесоа пријава за говор на омраза и закани до Петар Богојески, тогашен државен советник во Министерството за одбрана.

„На фејсбук страната на политичкиот лидер на партијата Македонски концепт и вработен во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, Петар Богојески, во последните неколку денови континуирано се шири говор на омраза. Со своите објави на фејсбук страната и на приватниот профил, истиот предизвикува национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост. Тој, исто така, јавно шири говор на омраза против ромската заедница и припадниците на исламската заедница, кој е во спротивност на темелните вредности на нашата држава“.

Активистката Мерсиха Смаиловиќ истакна дека е чиста лага дека се работи за експеримент од страна на Богојески. Таа нагласи дека се работи за напади кон неа и нејзиниот сопруг, односно, како што вели, поединци кои немаат никаква врска со политиката и додава дека нападите не се поради политички став или локална политика, туку поради верска припадност.

Мерсиха Смаиловиќ (фото: ЦИВИЛ МЕДИА)

„Не нè нападна поради политички став, нè нападна поради нашата верска припадност, нарекувајќи нè исламисти, терористи и ИСИС. Има уште многу докази дека сега сака да се извлече од последиците на говорот на омраза кој со денови го шири, очекував дека ќе оди: „ми го хакирале профилот“, или лекарско уверение дека имал психолошко нарушување. Но изненадува иновативноста дека сите сме биле дел од „истражување“. Чиста лага која ќе треба единствено на Суд да ја образложи. Нема да му помине неказнето!“, истакна Смаиловиќ.

Министерството за одбрана тогаш покренало постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за Петар Богојески, државен советник за недвижности и правни работи во Министерство за одбрана, поради ксенофобични објави на социјалната мрежа Фејсбук.

„Министерството за одбрана не толерира било каква форма на дискриминација а административните службеници во јавните настапи на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација, треба да претставуваат пример за соодветно и достоинствено однесување“, велат од МО.

Богојески за постапка нa МО против него вели:

„Забележав на социјалните мрежи наводна изјава од МО, дека таква постапка е покрената. Таа изјава на МО беше злоупотребена од една терористичко – џихадистичка ќелија во Македонија“, се наведува во дел од одговорот на Богојески.

Лидерот на „Македонски концепт“ Петар Богојески во 2022 година доби отказ како државен советник во Mинистерството за одбрана, по покрената дисциплинска постапка против него. Тој беше отпуштен поради споделен линк од портал на фан-страница, а во врска со руско влијание во македонско-бугарскиот спор и во редовите на МПЦ-ОА.
Говорот на омраза кон Смаиловиќ и после „социјалниот експеримент“, е начин на комуникација и на официлајната фејсбук страница од Богојески:

Снимка од екран од Фејсбук-страницата на Петар Богојески

На неговата фејсбук страница, Богојески упатува вулгарни навреди, етничка, верска и експлицитна омраза. На 24 мај 2021, објави пост во кој вели: „Глумицо една, јас не сум ти крив што се мразиш себе си и кожата ти српска во која си се родила! Не сум јас крив што си го мразиш племето свое од каде потекнуваш!“

Снимка од екран од Фејсбук-страницата на Петар Богојески

Политичарот и водач на Македонски концепт, Петар Богојески кој, како што наведува во својата биографија е докторант по економски науки при УКИМ Скопје, Република Македонија и по политички науки при СУ „Св. Климент Охридски“, Софија, Р. Бугарија, со фото-монтажа, не ги поштеди со вулгарен говор ни Бугарките.

Снимка од екран од Фејсбук-страницата на Петар Богојески

„Бугари не постојат, тоа е политички / државен идентитет! Тие се Македонци или Тракијци или Мизијци!“ – напиша Петар Богојески, лидерот на Македонски концепт на својот Фејсбук профил.

Во неговиот текст со наслов „Печалбари од верата, официјален став на Петар Богојески“, тој промовира и се залага за воведување на „Закон за заштита на државноста“. Како што образложува, се работи за закон за „прочистување“, отрезнување и освестување на еретиците.

„Согласно новиот Закон за заштита на државноста, ќе биде воведено и „прочистување“ на еретици од било која вера, во соработка со легалните верски заедници во Македонија! Еретиците ќе бидат подложени на вистинска вера, на отрезнување, на освестување. Со цел да им помогнеме да го запознаат Бога, онака како што кажуваат Светите Книги, а не „светците печалбари од верата“! Забраната за бурки, џихадизам, печалбарство од вера, инквизатори и сл. останува приоритет на нашите политики!“, пишува Богојески.

Новинарот Дехран Муратов, на панел дискусијата во мај 2021, истакна дека не се работи за експеримент, дека нема никаков дисклејмер – објаснување под текстовите дека е социјален експеримен, и дека ваквата комуникација со говор на омраза на Богојески, е токму тоа што тој ќе го прави во иднина.

Дехран Муратов (фото: ЦИВИЛ МЕДИА)

„Јас сметам дека ова што го зборувавте не е експеримент, тоа е токму тоа што вие веројатно сакате да го правите во иднина. За 10 години ако напишеме на интернет Петар Богојески – бурки, ќе излезе анализата во која нема никаков дисклејмер дека е социјален експеримент“, рече Муратов.

Повеќе од јасен е одговорот на прашањето дали се работи за „социјален експеримент“ или во борбата за политички поени не се бираат начините да се стигне од „500 до 50.000 гласови“.

ВЛЕН поднесе кривична пријава против Петар Богојески за ширење говор на омраза 

Коалицијата „ВЛЕН“ до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Богојески за ширење на говор на омраза на социјалната мрежа Фејсбук. Кривичната пријава беше поднесена од страна на правниот претставник на Коалицијата, адвокатот Абидин Абдуљи.

-Денеска (24 август 2024) поднесовме кривична пријава против лицето Петар Богојески за ширење на говор на омраза на социјалната мрежа Фејсбук, со тоа што тој со таков говор на омраза стори кривично дело казниво по член 319 и 398 од Кривичниот законик. Го поттикнуваме Јавното обвинителство во иднина овие кривични дела да ги гони по службена должност по допир на глас затоа што истите се јавни и се даваат и во секои медиуми, на социјалните мрежи, рече Абдуљи.

Бујаре Абази, потпретседател на Алијансата за Албанците-крилото на Арбен Таравари, смета дека веќе не е време за дигање на рејтинзи во таква форма.

-Граѓаните се уморни и тоа дефинитивно мора да го сфатат сите политичари дека носат одговорност и оти мора да пружиме резултати во нашето работење, а не да сметаме дека со некои такви изјави некој и ќе не поддржува. Таквите изјави дефинитивно никој не треба никој да ги поддржи, рече таа.

И Петар Богојески лидерот на Македонски концепт поднесе кривична пријава за противправно користење на албанскиот јазик и знаме во Македонија, за навреди и омаловажување на Македонија и македонскиот народ.

Лавина дезинформации и обиди за политичка злоупотреба на случајот со монструозното убиство на 14-годишното девојче Вања

Многу дезинформации, лажни вести, шпекулации, полувистини, теории на заговор се проширија за исчезнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Покрај дезинформациите, одредени лица, меѓу кои и Петар Богојески се обидоа од оваа трагедија да продуцираат етнички тензии во општеството и да добијат политички поени. Лидерот на Македонски Концепт, го злоупотреби случајот за политички цели и неуспешен обид да креира меѓуетнички тензии.

„Се обидоа да прикријат убиство на дете! Мартин Нешковски 2! Итно оставка и апсење на Обуџуко (Оливер Спасовски).

Богојески во еден статус пишува дека имал информации дека „осомничените биле пуштени на слобода од полициска станица и дали веќе се пренесени на Косово?

Додека во друг статус пишува дека „убијците на Вања се ослободени! Нема тројца уапсени, сите пет се ослободени“…

Богојевски на Фејсбук објавил дека бил на распит во полиција.

Пропаганда на Петар Богојески против ЦИВИЛ и Дерала

Еден од „похрабрите“ во пропагандата против ЦИВИЛ и Џабир Дерала е Петар Богојески на социјалните мрежи споделувајќи тотална дезинформација, дека ЦИВИЛ и Дерала започнаа со „кампања за поддршка на исламски џихад и Хамас… по насоки на руската пропагандна машинерија!“

„Еве како подло работи оваа ИЗМЕЌАРСКА ВЛАСТ и нејзините КУРИРИ предводени од “serala prodaction”, глумат амери, а срцето им е во Москва!

САМО ДА ПОТСЕТАМ, во екипата имаат апсени терористи во обид да влезат во Газа!“, пишува неуспешниот т.н. политичар Богојески.

Во екипата на ЦИВИЛ ниту имало ниту ќе има место за терористи, мразачи, шовинисти, хомофоби, исламофоби, русофили… 

Инаку она што троловите „заборавија“ да напишат дека Џабир Дерала во колумната насловена МАСАКР: Колку мртви и ранети цивили се доволни за одмаздата да биде целосна? меѓу другото пишува:

„Целиот свет е згрозен од нападот на Хамас и го поддржа Израел. Но таа поддршка веќе на самиот почеток од бруталниот одговор на израелската армија почна да слабее, а набрзо и ќе ја изгуби, ако на тероризмот и воените злосторства од Хамас продолжи да одговара со воени злосторства и етничко чистење. (…) Хамас, како и низа други терористички организации, ултрадесничарски и авторитарни политички партии и политичари, недвосмислено и директно се поддржани и спонзорирани од воениот злосторник и диктатор Путин“.

Не е првпат да има тенденциозни и манипулативни објави за ЦИВИЛ и Дерала. Тие траат со години, па и децении.

Пренесуваме само мал дел од „богатиот речник“ на Богојески на социјалните мрежи:

„Ти го изгорам јас нусето по дома на тебе!“

„Шиптар може само коза да ебе! За друго не го бива“.

„На мајкати пичето“.

„До кога стокава либерална ќе се толерира да малтретира нормални деца, студенти? Све тоа треба да се собере по логори да се преваспита!“, пишува Богојески за група пропалестински активисти кои упаднаа на предавање во факултет во Глазгов.

Пред неколку дена и официјално да стане директор на ЕРАЗМУС, тој на социјалните мрежи, а подоцна и во медиумите се правда дека му бил хакиран профилот и дека тоа не бил „негов говор“.

„Ве информирам дека ќе отпочнам правна постапка пред надлежните институции против правни и физички лица, меѓу кои се и одредени политички партии, нивни функционери, невладини организации, самонаречени новинари и поединци поврзани со претходната власт на ДУИ и СДСМ. Овие субјекти се инволвирани во креирање и ширење на лажни информации и материјали, лажни профили на социјални мрежи со украден личен идентитет, лични навреди, дисквалификации, говор на омраза, омаловажување и клевети“, истакна директорот Богојески.

Но, чудни некои „хакер“, откако Богојески станал директор „непознатите хакери“ престанале да шират говор на омраза и вулгарни коментари на социјалните мрежи во име на директорот Богојески. „Реформирани хакери“!

Дехран Муратов во соработка со ЦДМТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ