• Latest
Газа, 12 октомври 2023

МАСАКР: Колку мртви и ранети цивили се доволни за одмаздата да биде целосна?

October 14, 2023
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

МАСАКР: Колку мртви и ранети цивили се доволни за одмаздата да биде целосна?

October 14, 2023 14:42
in ЕДИТОРИЈАЛ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Газа, 12 октомври 2023

Газа, 12 октомври 2023

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Хамас е одговорен за ужасниот терористички напад во кој беа убиени повеќе од 1.200 Израелци, повеќето цивили, меѓу кои и деца. Киднапирањето на повеќе од 240 цивили и заканата со нивна ликвидација, е уште една мрачна одлика на оваа крвава операција на Хамас.

Но државата Израел е одговорна за сите луѓе што живеат во неа, а тоа значи и палестинскиот народ. Нападот на Хамас не смее да значи и брутален напад, колективно казнување со масакрирање на палестинските цивили, меѓу кои се и жени, деца, новороденчиња… А токму тоа се случува. Во моментот кога се пишува овој текст (ден 8), повеќе од 1.900 Палестинци се убиени и три пати по толку се ранети во израелското неселективно „тепих“ бомбардирање. Зошто? И новороденчињата се Хамас!?

Израелците претрпеа крвав напад. Се знае кој е одговорен. Но одмаздата против палестинските цивили не е правда, туку повик за одржување на бескрајниот крвав конфликт и страдање на невините луѓе. Употребата на фосфорни бомби е забранета, но Израел ги употреби, според извештаите на Human Rights Watch. Веќе само тој факт заслужува осуда.

Израел има обврска да покаже големина и државност – има право да го казни Хамас, но не и целиот палестински народ. Воениот одговор мора да биде во согласност со меѓународното право и со меѓународното хуманитарно право. Во овој момент, на осмиот ден од војната, станува очигледно дека почитта кон меѓународните норми, едноставно, не постои. Хамас изврши тешки воени злосторства на 7 октомври. Но и Израел изврши жестоко кршење на меѓународното право и тешки воени злосторства. Нема ништо државничко во тоа, туку само екстремна употреба на несразмерна сила против цивилно население во земја позната со децениско практикување на апартхејдот.

Во овој момент, по толку жртви чиј број се зголемува од час во час, Израел мора веднаш да овозможи хуманитарна помош за населението на Газа, да ги сопре воените операции со кои се загрозува животот на цивилите и да го напушти планот да исели 1,1 милиони Палестинци од градот Газа и северниот дел на Појасот Газа во јужниот дел на областа.

Таа наредба за иселување или „евакуација“ како што ја нарекува Израел, е невозможна и крајно нехумана. На тоа веќе укажаа сите значајни организации за човекови права и ОН. Откако во почетокот, лидерите на ЕУ и на земјите членки, изразија јасна поддршка за Израел по терористичкиот напад на Хамас, реториката сега се менува.

Топ дипломатот на ЕУ, Жозеп Борел, веќе третиот ден по почетокот на војната, во вторникот, изјави дека Израел го крши меѓународното право со тоталната блокада на Појасот Газа. Европските лидери веќе не можат да ги усогласат своите пораки, бидејќи веќе не можат да ја одржат почетната безрезервна поддршка за Израел.

Мора да престане со таргетирање на болници и амбулантни возила. Убивањето на цивили, меѓу кои се и жени, трудници и деца, како и медицински парсонал и новинари – мора да престане. Масакрот на цивилите мора да престане!

Целиот свет е згрозен од нападот на Хамас и го поддржа Израел. Но таа поддршка веќе на самиот почеток од бруталниот одговор на израелската армија почна да слабее, а набрзо и ќе ја изгуби, ако на тероризмот и воените злосторства од Хамас продолжи „одговорот“ со воени злосторства и етничко чистење.

Не смее да се заборави. Хамас, како и низа други терористички организации, ултрадесничарски и авторитарни политички партии и политичари, недвосмислено и директно се поддржани и спонзорирани од воениот злосторник и диктатор Путин. Тие се отворено проруски инсталации расеани низ светот, почнувајќи од Блискиот Исток и Африка, завршувајќи со Западна Европа.

Нападот на Хамас – ако не е директно спонзориран – тогаш сигурно му оди во прилог на рускиот агресор, за да го дефокусира вниманието на светот од бруталната агресија против Украина.

Со оваа брутална и крајно деструктивна војна, Израел ризикува, не само да ја изгуби поддршката од светската јавност, туку и да му помогне на Путин да продолжи со крвавите напади против Украина и демократскиот свет.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: воени злосторстваГазаИзраелмеѓународно хуманитарно право
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ