• Latest

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

Државната изборна Комисија денеска не го донесе упатството за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совети на општини и на Градот Скопје, откако членот на ДИК Дитмире Шеху побара одлуката да се донесе со консензус, едносгласно, повикувајќи се на одредби од Изборниот законик кои, како што рече, предвидуваат член на Комисијата да може да побара вакво гласање ако одлуката се однесува на немнозинските заедници. За Шеху е спорно да се донесе вакво упатство врз основа на постојна одлука на Владата, со која, како што нагласи, бил намален бројот на советници врз основа на пописот кој населението го дели на резидентно и нерезидентно. Според неа, бројот на советници во општините и во Градот Скопје се утврдува согласно Законот за локална самоуправа, а не согласно одлука на Влада.

Со оглед на барањето на Шеху, за ова прашање ќе треба да се произнесе правната служба на Државната изборна комисија во одреден временски рок. Претседателот на ДИК Борис Кондарко претходно истакна дека вакво упатство за локалните избори во 2021 година било донесено врз основа на одлука на Влада од 2004 за број на советници во општините и во Градот Скопје.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Човечката цена на оваа војна мора да заврши. А тоа значи секое украинско дете киднапирано од Русија да биде вратено кај своето семејство. На денешниот Европски совет разговараме за напредокот постигнат во нашите напори за мир во Украина. Во Вашингтон, разговорите напреднаа за силни безбедносни гаранции за Украина, запирање на крвопролевањето, санкции и враќање на киднапираните деца. Нашата работа и тесна соработка продолжуваат“, изјави Урсула фон дер Лајен. 

РЕГИОН

Жестоки протести во Србија: Потсетува на Кијив во 2013 и 2014 година

Антивладини протести се одржаа низ цела Србија, додека светските медиуми оценија дека Вучиќ усвоил „стратегија на страв“ со тоа што ги извадил хулиганите и приватното обезбедување на улиците, соочувајќи ги со демонстрантите. Во едно од неговите чести телевизиски обраќања до јавноста, Вучиќ ги обвини демонстрантите за „чист тероризам“ и ги повтори тврдењата дека повеќемесечните постојани протести против неговата влада биле оркестрирани од Западот и имале за цел уништување на Србија. Протестите во Србија продолжуваат од вечер до вечер, а студентите – по неколкуте масовни собири низ целата земја, кои заедно со други собраа стотици илјади луѓе во Белград на 15 март – навестија „повторување“ оваа есен, најверојатно во септември.

СВЕТ

Унгарија се нуди како потенцијално место за средбата Зеленски-Путин, во игра и Швајцарија и Турција

Разговорите меѓу претседателот Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да се одржат во Унгарија. Средбата би била прва од таков вид меѓу Зеленски и Путин од почетокот на целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година. Двајцата лидери последен пат се сретнаа во Париз во декември 2019 година како дел од разговорите од Нормандискиот формат со посредство на Франција и Германија.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настаните во Србија?

АНАЛИЗИ

„ЕУ-интеграциите, правата на Албанците и линијата Тирана–Приштина остануваат „рамка“ во која албанските партии ќе ја водат својата кампања, но и арената во која ќе се тестира нивната способност да изградат доверба кај сопствениот електорат и да мобилизираат поширока поддршка. Во услови на засилена конкуренција и фрагментација на гласовите, прашањето не е само кој ќе освои повеќе општини, туку кој ќе успее да се наметне како легитимен претставник на албанската заедница во следниот политички циклус“; пишува Дијана Тахири во анализата „Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Не верувам дека јас сум тој што се бори со ветерници. Добро знам дека светот може да потоне во темнина – можеби тоа веќе се случило на многу места. Но, исто така, го знам и ова: тишината и соучесништвото се избор. Да се престане со кажување на вистината, да се преведува јазикот на измамата и насилството во она што другите учтиво го нарекуваат „реалистична анализа“, според мене, не е професионализам. Тоа е предавање. Тоа е морална корупција. Одбивам да ја играм таа игра. Подобро е да ме наречат наивен, емотивен или нереалистичен, отколку да станам полирана полица, слуга на лагите. Бидејќи на крајот, историјата не ги памети комфорните коментатори, туку оние што одбиле да се поклонат пред „реалностите“ на тиранинот“, пишува Џабир Дерала во „На студот, заедно со жртвите“.

Подготви: Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ