• Latest

24 ЧАСА: Доживотни казни за убијците на Вања и Панче; Зеленски алармира – Путин не сака да ја запре војната; Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат по 5% од БДП за одбраната

June 25, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Доживотни казни за убијците на Вања и Панче; Зеленски алармира – Путин не сака да ја запре војната; Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат по 5% од БДП за одбраната

June 25, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ 

Судот им изрече доживотна казна на убијците на Вања и Панче  

Доживотна казна затвор им беше изречена денеска на обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се товареше дека давал информации за движењето на неговата ќерка, е ослободен од обвинение. 

Обвинетите на почетокот од процесот кој траеше нецела година изјавија дека не се чувствуваат виновни.
Во завршните зборови, одбраната на обвинетите побараа ослободителна пресуда, додека, Основното јавно обвинителство побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, а за таткото на Вања побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна. 

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Зеленски: Путин не сака да ја запре оваа војна 

Нема никакви знаци дека Путин сака да ја запре оваа војна, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до учесниците на Форумот на НАТО за одбранбена индустрија во Хаг на 24 јуни. 

Русија ги отфрла сите мировни предлози, вклучително и оние што доаѓаат од Соединетите Американски Држави. Путин мисли само на војна. Тоа е факт. Можно е тој да го поврзува сопственото политичко опстојување со способноста да продолжи да убива: додека убива – живее. Нашите разузнавачки служби го потврдуваат тоа, нагласи Зеленски. 

РЕГИОН 

Шмит ги повика властите на Република Српска да се воздржат од понатамошни дејствија по предлог законот за формирање резервни полициски сили 

Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) во Босна и Херцеговина ги повика властите на ентитетот Република Српска да се „воздржат од понатамошни дејствија“ по предлог-законот за формирање резервни полициски сили, бидејќи станува збор за надлежности на институциите што бараат координирани и сеопфатни одговори на ниво на целата земја. 

Денот откако Владата на РС ги усвои измените на Законот за полиција, со кои се овозможува формирање на таканаречениот помошен состав, ОХР изјави дека објаснувањето дадено за формирањето на резервниот состав на полициските сили е нејасно. 

СВЕТ 

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година 

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг се обврзаа да инвестираат по пет отсто од националниот БДП годишно за основните потреби за одбраната и безбедноста до 2035 година. 

– Обединети пред сериозните безбедносни закани и предизвици, особено долгорочната закана што ја претставува Русија за евроатлантската безбедност и постојаната закана од тероризмот, сојузниците се обврзуваат да инвестираат пет отсто од БДП годишно за основни одбранбени потреби, како и за трошоци поврзани со одбраната и безбедноста до 2035 година, за да ги обезбедат нашите индивидуални и колективни обврски, во согласност со член 3 од Вашингтонскиот договор, се наведува во Декларацијата усвоена на денешниот Самит на НАТО во Хаг. 

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за мобингот и дискриминацијата по партиска основа? 

АЛ-ПРЕС 

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот:  

  • „Ерион Велиај неправедно приведен од СПАК“, меѓународните правни служби објавуваат извештај: Неговото апсење пред изборите е пречка за процесот 
  • Фарсата со пребројувањето на гласовите и 200-те илјади евра на Албанците во ѓубре  
  • Повторно без договор, косовското собрание и понатаму  без претседател   
  • Арсенијевиќ го нарече  откривањето оружје во неговиот објект на север „политички заговор“   
  • Албанците во револуцијата Трамп   

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Индикативно е дека веднаш по изјавата на Вучиќ за сопирање на извозот на оружје, со посебен осврт на оној кон Тел Авив, според поранешниот началник на Генералштабот на српската војска во време на власта на Тадиќ – Здравко Понош (63) уште истиот ден од Израел дошол боинг кој земал загадочен товар (да напоменеме дека во широк појас околу Источниот Медитеран во овие денови и нема цивилен воздушен  сообраќај!).“, пишува Љубомир Костовски во колумната „Вучиќ фатен со рацете во медот“.  

Подготви: Д. Тахири 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ