• Latest

24 ЧАСА: Истрага против 43 лица за измама со „брзи кредити“, во „шемата“ учествувал и вработен во ФЗОМ; Силјановска Давкова избегна да одговори зошто Северна Македонија не е дел од регионалната иницијатива за одбранбена соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово; Фон дер Лајен ја поздрави најавата на Трамп за паузирање на царините

April 10, 2025
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Истрага против 43 лица за измама со „брзи кредити“, во „шемата“ учествувал и вработен во ФЗОМ; Силјановска Давкова избегна да одговори зошто Северна Македонија не е дел од регионалната иницијатива за одбранбена соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово; Фон дер Лајен ја поздрави најавата на Трамп за паузирање на царините

April 10, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Поведена постапка против 43 лица за измами со „брзи кредити“, меѓу осомничените е и службено лице од ФЗОМ

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против вкупно 43 лица кои со различни дејствија на компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци учествувале во повеќекратни измами на граѓани со „брзи кредити“.

ОЈО Скопје соопшти дека за четворица од осомничените, меѓу кои и едно службено лице од Фондот за здравствено осигурување, е поведена истрага за кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149, Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, додека останатите се опфатени во постапката со поединечни дејствија на помагање и соизвршителство во секој од случаите поединечно.

Така, дел од осомничените, спротивно на условите утврдени со закон и без согласност на граѓаните користеле туѓи лични податоци, правеле лажни јавни исправи и преправале вистински јавни исправи со намера таквите исправи да се употребат како вистински. Со внесување невистинити податоци во информатичките системи на десетина различни друштва за „брзи кредити“, како и со фалсификување на електронски потписи, без знаење на оштетените на нивно име земале кредити, создавајќи им обврска на лицата да ги враќаат наводно позајмените средства.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Претседателката Силјановска Давкова избегна да одговори зошто Северна Македонија не е дел од регионалната иницијатива за одбранбена соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово

„Македонската надворешна безбедносна политика е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Како членка на НАТО нашата држава има активен придонес во безбедноста на регионот. Истовремено, е активна и во Источното крило на Алијансата, преку учество на македонската Армија во мисии во регионот и во поголем број регионални безбедносни иницијативи, како и развиена билатерална безбедносна соработка со секоја од земјите од регионот“, се вели во одговорот за ЦивилМедиа од кабинетот на претседателката.

*

Фон дер Лајен ја поздрави најавата на Трамп за паузирање на царините: Тоа е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија

„Ја поздравувам најавата на претседателот Трамп за паузирање на реципрочните царини. Тоа е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија. Јасни, предвидливи услови се од суштинско значење за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување. Затоа постојано се залагав за договор за „нула за нула“ царини меѓу Европската Унија и САД. Европската Унија останува посветена на конструктивни преговори со САД, со цел да се постигне трговија без тензии и во заемна корист, потенцира претседателката на ЕК“, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.

РЕГИОН

ЕБОР и ЕУ одвојуваат 377 милион евра за дигитализација на малите и средни претпријатија од Западниот Балкан

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со поддршка на Европската Унија изработи програма „Go Digital“, вредна 377 милиони евра, наменета за дигитализација на малите и средни претпријатија од Западниот Балкан со цел поттикнување на иновациите и растот во приватниот сектор. Програмата ќе ги нуди овие средства за малите и средни претпријатија од регионот на Западен Балкан преку заеми, грантови и техничка помош за инвестиции во дигитализација, автоматизација и зелени технологии.

СВЕТ

ЕУ планира инвестиции од 40 милијарди евра за обнова на Украина во следните три години

ЕУ планира да одвои 40 милијарди евра во следните три години за обнова на Украина, објави денеска европската комесарка за проширување Марта Кос на состанокот во Брисел посветен на економијата на земјата која е нападната од руските сили.

ФОРУМ 

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали извршителите го штитат законот или богатите? Какви се вашите искуства со извршителите?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Големо е таблото на кое се истакнати големите финансиски поединци кои стојат зад наводните антибугарски политики на ВМРО ДПМНЕ. Аферата со затруената Крива река само е едно конче кое не води кон клопчето од политички интереси на релација Софија – Скопје. Има и други клопчиња за подземни економски поединечни интереси кои веќе се говори деновиве а се врзани за соседна Бугарија. Тие покажуваат дека народот кај нас треба да биде жртва на вештачки создавана антиевропска клима во политичкиот амбиент“, пишува Љубомир Костовски во анализата „МУЛТИГРУП во нашиот двор: Што ќе ветиш пред изборите, се наплатува после триумфот“.

*

„Пред една недела, на КОЛЕГИУМОТ на 4 април, го изнесов моето согледување дека во очекување што ќе донесат новите тарифи на Трамп за глобалната трговија и економија, светските берзи во меѓувреме се во постојан пад, што отвара простор за берзански мешетари, како што се Трамп и олигарсите – милионери во неговото блиско опкружување, да ловат во матно и да го зголемат своето берзанско портфолио, ако тоа не беше и вистинската цел за тие да се воведат.

Во тој момент ваквиот наратив не беше во оптек, но уште тогаш кажав дека цврсто стојам позади моето излагање, и дека времето ќе покаже дали, и колку сум бил во право“, пишува Драган Мишев во колумната „НЕЛИ ВИ РЕКОВ: Незаконско профитирање на берзите во внатрешниот круг на Трамп“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ