ВЕСТ НА ДЕНОТ
Собранието ја изгласа интерпелацијата за Љупчо Коцевски
Собранието денеска со 71 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“ ја прифати интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од Левица.
Собранието изгласа и заклучок – Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се основани. Овој заклучок да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Граѓаните кои имаат оружје можат директно да набавуваат муниција, без претходно одобрение
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека е реализирана „уште една суштинска промена“ во насока на поедноставување на административните постапки и зголемување на ефикасноста во системот за легално поседување оружје.
Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција. Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција, информираше Тошковски.
РЕГИОН
Албанија успешно го заврши циклусот на известување со Европската комисија за поглавјата 23 и 24
Албанија успешно го заврши циклусот на известување со Европската комисија за поглавјата 23 и 24 соопшти денес албанскиот министеро за правда Улси Мања, кој преку објава на социјалните мрежи подвлече дека Албанија „докажа дека владеењето на правото се гради со секојдневна работа, институционална соработка и опипливи резултати“.
СВЕТ
За прв пат, две водечки израелски групи за човекови права го обвинија Израел за геноцид во Газа
Две водечки израелски групи за човекови права го обвинија Израел за „вршење геноцид врз Палестинците во Газа“, станувајќи првите такви организации што го изнесоа ова тврдење.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ
АНАЛИЗА
„Лажните тврдења на екстремно десничарската конгресменка на САД, како по обичај наидоа на плодна почва во медиумите кои се дел од српско-рускиот свет, заедно со нивните приврзоци во Северна Македонија.
Традиционално, српските проруски медиуми, како Спутник во текстот „Американската конгресменка порача: Зеленски не сака мир, тргнете го“ и Политика – „ Американска конгресменка: Зеленски е диктатор, САД мора да престанат да го финансираат“ ги прифатија лажните тврдења на Грин, дополнувајќи ги со типичните руски наративи за Зеленски како шеф на „кијивскиот режим“, прочитајте во анализата на Драган Мишев во соработка со ЦДМТ „Лажните тврдења за протестите во Украина и српско-руските пропагандни наративи во медиумите во Северна Македонија“
СЛОБОДНА ЗОНА
„Откако неговиот претходник Груевски ни го продаде Барокот, сега неговиот наследник, Мицкоски, се навраќа на ренесансата. Ем го продолжува делото на неговиот ментор, ем со изборот на епохата како да сака да каже дека тој е веќе пред него.“, пишува Драган Мишев во колумната „Груевски со Барок, Мицкоски со ренесанса, Македонците со 395 евра минимална плата во рококо“
Подготви: Д. Тахири