• Latest

24 ЧАСА: Ковачевски и Маричиќ во Брисел за скринингот на Кластер 6; нема човекови права онаму каде правдата е поразена од корупција, смета Пендаровски; ОЈО и Правда го подготвија барањето за екстрадиција на Палевски

December 6, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Ковачевски и Маричиќ во Брисел за скринингот на Кластер 6; нема човекови права онаму каде правдата е поразена од корупција, смета Пендаровски; ОЈО и Правда го подготвија барањето за екстрадиција на Палевски

December 6, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ денеска во Брисел присуствуваат на последната сесија од скрининг процесот, која е посветена на Кластерот 6 кој ги опфаќа поглавјата „30 – Надворешни односи“ и „31 – Заедничка надворешна и безбедносна политика“.

Поглавје 30 се фокусира на заедничката трговска политика кон трети земји базирана на мултилатерални и билатерални договори и автономни мерки со цел постигнување правичен меѓународен систем за трговија кој ќе придонесе кон постигнувањето одржлив економски раст и обезбедувањето сеопфатен економски развој на среден и долг рок. Ова поглавје исто така ги вклучува и правилата на ЕУ во полето на хуманитарна помош и развојна политика. Претседателот на Владата, Ковачевски во своето излагање истакна дека Северна Македонија нема да бара преодни периоди, туку во целост ќе го прифати правото на ЕУ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„На 9 декември, за само три дена, ќе го одбележиме Меѓународниот ден на антикорупција, а на 10 декември е Денот на човековите права. Овие два последователни датуми не се случајно одбрани. Нема човекови права и слободи таму каде што правдата е поразена од корупцијата. Антикорупцијата не е само правна или политичка тема и сигурно не е само процедура, туку и длабоко морално и етичко прашање што задира во фундаменталните човекови права и слободи. Ако сакаме да изградиме праведно општество засновано на највисоки етички вредности и интегритет, тогаш антикорупцијата треба да биде во средиштето на сите наши напори и политики“, изјави претседателот Стево Пендаровски на Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им го честиташе Денот на вооружените сили на Украина на припадниците на украинската војска, преку видео порака.

*

„Секој ден се заблагодаруваме за животот, Независноста, заштитата, силата, самопожртвуваноста, храброста, нескршливоста. Победа на славните Вооружени Сили на Украина“, порача украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир.

КОНФЛИКТИ

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во текот на вчерашниот ден најави нова политика за спречување на екстремистичките израелски доселеници одговорни за насилството на Западниот Брег да дојдат во САД.

*

Од ЕУ најавија шест дополнителни летови со хуманитарна помош за Газа

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА ОЈО и Министерството за правда го подготвија барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски. Се чека превод на турски јазик за да биде испратено до МНР Турција.

ЦРНА ЛИСТА Поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев ги негираше сите сомневања изразени од Стејт Департментот и најави дека ќе ја обжали одлуката за ставање на „црна листа“ поради негова вмешаност во значителна корупција.

ОБРАЗОВАНИЕ Информатичко-комуникациската инфраструктура во основните училишта во државата се унапредува. Во 40 од нив веќе е поставена нова, современа опрема преку која учениците ќе можат безбедно да пристапуваат до глобалната интернет мрежа со цел полесно да ги совладуваат наставните материјали, а истовремено да пребаруваат и дополнителни едукативни содржини, соопштија од МОН.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Италија го одобри договорот со Албанија за мигрантите; Над 4 илјади конверзии на нелегални регистарски таблички во Косово; Советот на ЕУ ќе побара од Косово да стори повеќе за укинување на мерките

СЛОБОДНА ЗОНА

„Широк партиски и граѓански проевропски фронт и негова масовна гласачка поддршка е можна само доколку власта нај итно не се ослободи барем од дел од своите компромитирани и експонирано неспособни па и манифестно нестабилни извршни кадри меѓу кои некои министри, министерки, подминистерки, директори, директорки или, кажано во оваа една реченица, доколку власта предизборно не се ресетира без таквите свои партиски миленички и миленици стокмени во неколкуте важни сектори, посебно во сферата т.н. „општествена надградба“, ПО ДОПРЕН ГЛАС пишува Зоран Иванов  „Широк Европски Фронт Да, но Прво …“

Подготви: Б. Јордановска

Tags: ДневникКорупцијаправдаскрининг
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ