• Latest

24 ЧАСА: Кралски дочек на Орбан; лавина реакции по одвојувањето на Албанија на ЕУ патот; „ВЛЕН“: СДСМ и ДУИ се виновни што Албанија се оддели од Македонија на патот кон ЕУ

September 27, 2024

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

24 ЧАСА: Кралски дочек на Орбан; лавина реакции по одвојувањето на Албанија на ЕУ патот; „ВЛЕН“: СДСМ и ДУИ се виновни што Албанија се оддели од Македонија на патот кон ЕУ

September 27, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Лавина реакции по одвојувањето на Албанија на ЕУ патот

Лавина реакции во јавноста и на социјалните мрежи откако на средбата на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ во Брисел, се потврди она што одамна беше најавувано: се разделуваат Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ. Албанија ги почнува преговорите за членство во ЕУ на 15 октомври, со отварањето на првиот кластер „Темелни вредности“ на меѓувладината конференција меѓу ЕУ и Албанија што ќе се одржи во Луксембург. Северна Македонија останува во чекалната.

ТЕМА НА ДЕНОТ

Кралски дочек на Орбан

Заедничка меѓувладина седница на Северна Македонија и Унгарија ќе се одржи денеска во Охрид откако претходно премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан ќе одржат тет-а-тет средба.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„ВЛЕН“: СДСМ и ДУИ се виновни што Албанија се одели од Македонија на патот кон ЕУ

„Одлуката на ЕУ за одвојување на Албанија и Македонија е детерминирана за време на мандатот на претходната Влада на СДСМ и ДУИ, кои не успеаја да го вратат Груевски за да им обезбеди двотретинско мнозинство за внесување на Бугарите во Уставот“, потенцираат од ВЛЕН.

РЕГИОН

Мицотакис: Меѓународните договори мора да се почитуваат и имплементираат целосно и со добра волја

Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби во овој чувствителен агол на Европа. Време е познатата фраза на Винстон Черчил дека „Балканот произведува повеќе историја отколку што може да консумира“ еднаш засекогаш да ја оставиме во историските книги, порача грчкиот премиер Кирјакос Мициотакис во неговиот говор на Генералното собрание на Обединетите нации, осврнувајќи се на иднината на Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Атина.

СВЕТ

Харис: Некои во мојата земја би ја принудиле Украина да се откаже од делови од територијата, како што предлага Путин, тоа е опасно и неприфатливо

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на неговата посета на Вашингтон, по средбата со пратседателот Бајден, се сретна со американскат потпретседателка и демократски претседетелски кандидат, Камала Харис.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ?

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=qkBdl2bbhwM[/embedyt]

Албанија ќе го отвори првиот кластер од преговорите за прием во Европската Унија на 15 октомври. Со тоа, Албанија се одвојува од Северна Македонија чиј процес е закочен со условот да ја внесе бугарската заедница во Преамбулата на Уставот.

СЛОБОДНА ЗОНА

Како останавме булки крај шините: Збогум ЕУ

ЏАБИР ДЕРАЛА
Операцијата полека се заокружува. Сега може да се очекуваат сите сценарија за дестабилизацијата – за која со месеци говорат премиерот и неговиот адвокат на привремена работа како министер за внатрешни работи – ќе се остварат делумно или целосно, во комбинација или меѓусебна конкуренција, сеедно. Едно е сигурно – ниту едно сценарио нема добра завршница. Барем така стојат работите пред истекот на првите сто дена влада на Мицкоски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ