• Latest

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Лидерски самит на ЕУ и Западен Балкан денеска во Скопје, посветен на планот за раст

Во Скопје денеска се одржува лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.

На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат  еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни институции…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Елон можеби ќе добие повеќе субвенции од кое било човечко суштество во историјата, досега, а без субвенции, Елон веројатно ќе мора да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка. Нема повеќе лансирања на ракети, сателити или производство на електрични автомобили, а нашата земја ќе заштеди БОГАТСТВО. Можеби треба да го замолиме DOGE добро, сериозно да го разгледа ова? ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА ЗАШТЕДА!!!“, кажа Трамп во објава на Truth Social,  откако во вторникот побара од ДОГЕ да ги разгледа субвенциите што ги добиле компаниите на Елон Маск, со цел да заштеди пари.

РЕГИОН

Национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата: Коментари во регионот за митингот во Белград

Започна со повици за одговорност за смртта на 16 лица во Нови Сад, продолжи со барање за распишување вонредни избори, борба против корупцијата и ослободување на уапсените активисти. Кулминираше со повици за територијален интегритет на Србија.

СВЕТ

Азербејџан уапси новинари на руската државна новинска агенција „Спутник Азербејџан“, растат тензиите со Москва 

Властите во Азербејџан во понеделник уапсија двајца новинари од „Спутник Азербејџан“– локалната филијала на руска државна новинска агенција – потег што веројатно дополнително ќе ги разгори тензиите со Москва по…

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

Пред една година, со реторика полна со надеж и силни слогани, Христијан Мицкоски и владината коалиција составена од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја презедоа власта со ветување за „национално будење“.

Кој е вашиот став за работата на владата 12 месеци подоцна?

СООПШТЕНИЕ

ЦИВИЛ: Русија ја претвори Украина во бојно поле на страдање – светот мора да застане на страната на правдата и човештвото!

ЦИВИЛ – Центар за слобода упатува најсилна и најостра осуда на континуираниот, систематски и нечовечки терор што го спроведува руската воена машинерија врз народот на Украина. Бруталноста мора да престане – Украина страда, светот не смее да молчи! Секоја ракета што паѓа врз Украина е удар врз глобалната безбедност и вредностите на слободата. Секоја тивка поддршка за Путиновата политика е чекор кон свет без ред, без право и без иднина.

Фото: ВИ

ИНТЕРВЈУ

Оливер Андонов за ЦИВИЛ: НАТО неминовно мора да ја засили поддршката за Украина во нејзината одбрана од руската агресија

Единството на алијансата е нарушено низ политичката призма и мислам дека формално е зачувано. Тука во прашање е однесувањето на администрацијата на Трамп во однос на НАТО. Европскиот дел од НАТО е многу повеќе сплотен, но не очекувам генерално дополнителни потреси во меѓусебните односи на сојузниците. Сепак ќе видиме во пракса, посебно низ примерот на Украина и поддршката која НАТО неминовно мора да ја засили во нејзината одбрана од руската агресија., изјави Оливер Андонов во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, дел од серијалот „НАТО лидерски самит 2025: Предизвици и перспективи“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Како и повеќето луѓе од тука, внимателно ги следев сите политички настани во Србија. Отсекогаш. Таква, претпоставувам, е судбината на оние што зависат од случувањата во империјата. Веројатно затоа целата планета ги гледа претседателските избори во Америка. Но, Америка не е единствената империјалистичка сила. Постојат и други, локални, помали империи. За жал за нас, ни се падна  улога на колонијална потчинетост не само на Америка, туку и на Србија, пишува Душан Пајовиќ во колумната „Од Голема блокада до Голема Србија“.

Подготви: Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ