• Latest

24 ЧАСА: На повидок нов Деловник за работа на пратениците; Битиќи верува во силата на нашите различности; хаос во пропагандните центри – таргет ЦИВИЛ и Дерала

October 17, 2023
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: На повидок нов Деловник за работа на пратениците; Битиќи верува во силата на нашите различности; хаос во пропагандните центри – таргет ЦИВИЛ и Дерала

October 17, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пратениците денеска со мнозинство гласови ја поддржаа потребата од носење на новиот Деловник за работа кој треба да стапи на сила од следниот парламентарен состав. Претседателот на Собранието Талат Џафери, образложувајќи ја потребата од носење на новиот Деловник, рече дека тој е резултат на консензус од сите политички партии.

Џафери истакна дека со новиот Деловник ќе се надминат предизвиците со коишто се соочувало Собранието уште од независноста и дека слабостите како и различните толкувања ќе се оневозможат кога тој ќе стапи во сила.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Кога одлучив активно да се вклучам во политичкиот живот на државата, личната одговорност ја прифатив како основен вредносен принцип, политички ориентир кои ги поставува рамките на сите мои лични ставови, мислења или позиции, било тоа да е како потпретседател на СДСМ или пак како вицепремиер за економски прашања во Владата. За своите лични неуспеси никогаш не сум барал, ниту пак ќе барам, изговори во колективни припадности, било тоа да е партија или етничка заедница. Затоа и не можам да прифатам да бидам дел од јавен дијалог, кој плуралноста на мислењата и различностите, ги сведува на црно-бел свет, туркајќи го општеството во антагонизам помеѓу колективи, кој може само да го разјадува, а не и да го унапредува“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Во руско гранатирање убиени двајца цивили во регионот Доњецк, погоден студентски дом во Славјанск, 32 напади во регионот Херсон.

*

Руската пропаганда со лажно видео за непостоечкото истражување на Bellingcat дезинформира дека Украина префрла НАТО оружје на Хамас.

*

Соочувајќи се со големи загуби и застој во обидот да ја опколат Авдиивка, руските сили не остварија територијални придобивки на 15 октомври, додека рускиот информативен простор го промени својот тон во однос на офанзивата.

ФЛЕШ ВЕСТИ

КОНФЕРЕНЦИЈА Денеска се одржа регионалната конференција посветена на проблемот со бездржавјанството во Југоисточна Европа што се одржува во Скопје под покровителство на Претседавањето со ОБСЕ на Северна Македонија организирана од Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства и Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

СКРИНИНГ Билатералниот скрининг за Поглавјето 11 – „Земјоделство и рурален развој“, што започна вчера во Брисел и требаше да продолжи денеска и утре, е одложен поради синоќешниот вооружен напад во белгискиот главен град, при кој беа убиени двајца шведски државјани, а трет беше ранет.

СУД Застаре делото „Таргет-Тврдина“, Мијалков повеќе не е обвинет за прислушувањето на 20 илјади граѓани

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Албанија воздржана по руската резолуција во Советот за безбедност; Макрон вети 600 милиони евра за проекти во Албанија; Рации на повеќе локации на северот на Косово поврзани со терористичкиот напад во Бањска

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Панел на ЦИВИЛ за македонската зелена агенда со Никола Наумоски и Соња Танеска

На панелот на ЦИВИЛ „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, На прашањето колку е реална зелената агенда, Соња Танеска, уредничка на Градска.мк одговори дека доколку се споредиме со Словенија, според големина, број на население, ако можела да ги искористи предпристапните фондови на ЕУ, и да се трансформира, како една од најеколошките држави, особено со примерот на главниот град Љубљана, тогаш може и Македонија.

Политикологот Никола Наумоски, истакна дека зелената агенда може да ја сфатиме како уште една европска фраза која треба да покрие некаков процес во наредните неколку години.

ПРОПАГАНДА

„Целосен хаос владее во партиско пропагандните центри во однос на израелско-палестинскиот конфликт. Партиските ботови делуваат збунето и некоординирано во однос на нападот против ЦИВИЛ, како организација во целост. Со посебна жестина се бележат ад хоминем напади против Џабир Дерала. Може да се препознае дека нападите врз Дерала имаат цел, освен него лично, да ја дискредитираат и организацијата која тој ја претставува“, се вели во извештајот на ЦМТ „Хаос во пропагандните центри: ЦИВИЛ и Дерала одработуваат „за Газа“, „за Израел“, „за Путин“, „за Украина“…

Подготви: Б. Јордановска

Tags: зелена агендапропоагандасобраниски ДеловникФатмир Битиќи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ