• Latest

Хаос во пропагандните центри: ЦИВИЛ и Дерала одработуваат „за Газа“, „за Израел“, „за Путин“, „за Украина“…

October 17, 2023
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Хаос во пропагандните центри: ЦИВИЛ и Дерала одработуваат „за Газа“, „за Израел“, „за Путин“, „за Украина“…

October 17, 2023 10:33
in ДЕЗИНФО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Целосен хаос владее во партиско пропагандните центри во однос на израелско-палестинскиот конфликт. Партиските ботови делуваат збунето и некоординирано во однос на нападот против ЦИВИЛ, како организација во целост. Со посебна жестина се бележат ад хоминем напади против Џабир Дерала. Може да се препознае дека нападите врз Дерала имаат цел, освен него лично, да ја дискредитираат и организацијата која тој ја претставува.

Дел од нив шират пропаганда дека организацијата и Дерала обработуваат за Газа и Палестина, други пишуваат сосема спротивно дека обработува за Израел и Нетанјаху, а „најхрабрите“ одат дотаму да пишуваат дека, всушност, обработуваат за Путин и Русија.

Поранешниот „новинар“ Цветин Чилиманов, очигледно сега „вработен“ во некоја „трол-фабрика“ на својот Х профил пишува: „Џабир всушност и помага на Газа така што дрпа колку што може американски грантови. Тие пари барем нема да се потрошат за бомби за Израел. Од друга страна, со грантовите за Цивил можеше да се купат бомби за Украина. Никако не си“.

За разлика од поранешниот „новинар“ Чилиманов, сосема спротивна пропаганда шири поранешниот „левичар“ Дејан Дексо Лутовски, (кој барем формално повеќе не е дел од тесното раководство на Левица), кој шири пропаганда дека ЦИВИЛ и Дерала целосно ги подржуваа Израел и Нетанјаху.

„Се надевам дека кога ИДФ и Нетјанаху ќе делат благодарници и награди, ќе се сетат да оддадат признание на Цивил и Џ. Дерала како најагилна прес служба на ИДФ на Балканскиот полуостров.

Украина и Зеленски го препознаа потенцијалот, мислам дека Израел не треба да заостанува зад демократскиот свет!“ – пишува Лутовски.

Од сите три коментари што ги добил на објавениот ФБ статус во обид да го дискредитира ЦИВИЛ и Дерала, а притоа да шири руска пропаганда, еден од коментарите е на поранешниот член од раководството на Левица, Здравко Савески, кој пишува: „И бесрамно уште ја нарекува организацијата на чие чело е вечен прецедник – Цивил. Дегутантно“.

Откако Апасиев им забрани влез во Левица, бившите „левичари“ макотрпно се обидуваат да бидат забележани во јавноста (макар само на социјалните мрежи) и да си помислат дека се накаков фактор во државата.

„Најхрабро“ во пропагандата настапи самопрогласениот политичар Петар Богојески на социјалните мрежи споделувајќи тотална дезинформација, (да не речеме глупост), дека ЦИВИЛ и Дерала започнаа со „кампања за поддршка на исламски џихад и Хамас… по насоки на руската пропагандна машинерија!“

„Еве како подло работи оваа ИЗМЕЌАРСКА ВЛАСТ и нејзините КУРИРИ предводени од “serala prodaction”, глумат амери, а срцето им е во Москва!

САМО ДА ПОТСЕТАМ, во екипата имаат апсени терористи во обид да влезат во Газа!“, пишува неуспешниот т.н. политичар Богојески.

Во екипата на ЦИВИЛ ниту имало ниту ќе има место за терористи, мразачи, шовинисти, хомофоби, исламофоби, русофили… 

Инаку она што троловите „заборавија“ да напишат дека Џабир Дерала во колумната насловена МАСАКР: Колку мртви и ранети цивили се доволни за одмаздата да биде целосна? меѓу другото пишува:

Целиот свет е згрозен од нападот на Хамас и го поддржа Израел. Но таа поддршка веќе на самиот почеток од бруталниот одговор на израелската армија почна да слабее, а набрзо и ќе ја изгуби, ако на тероризмот и воените злосторства од Хамас продолжи „одговорот“ со воени злосторства и етничко чистење.

Не смее да се заборави. Хамас, како и низа други терористички организации, ултрадесничарски и авторитарни политички партии и политичари, недвосмислено и директно се поддржани и спонзорирани од воениот злосторник и диктатор Путин. Тие се отворено проруски инсталации расеани низ светот, почнувајќи од Блискиот Исток и Африка, завршувајќи со Западна Европа.

Не е првпат да има тенденциозни и манипулативни објави за ЦИВИЛ и Дерала. Тие траат со години, па и децении. Сепак, изненадува што, и по точку години искуство и интензивна раблта, пропагандните кујни се збунети и некоординирани.

ЦДМТ


ЦИВИЛ-овиот Мониторинг тим за дезинформации (CDMT – CIVIL Desinfo Monitoring Team) спроведува мониторинг во повеќе области, а дел од своите наоди ги објавува на медиумската платформа на организацијата.
ЦИВИЛ го обнови повикот до сите граѓанки и граѓани да ги пријават случаите на дезинформации, говор на омраза и поттикнување на насилство. Со тоа ќе придонесат кон спротивставувањето и справувањето со овие појави.
ЛИНК до формулар за ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ