• Latest
фото: ВИ

24 ЧАСА: 36 обвинети во случајот „Синдром“ за лажни инвалидски пензии; Костова – Народот гладува, а Мицкоски прави весела математика; Газа – пекол на земјата

July 22, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: 36 обвинети во случајот „Синдром“ за лажни инвалидски пензии; Костова – Народот гладува, а Мицкоски прави весела математика; Газа – пекол на земјата

July 22, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
фото: ВИ

фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Обвинение за 36 лица во случајот „Синдром“, посредувале за лажни инвалидски пензии

Во рамки на предметот „Синдром“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица, осомничени за серија кривични дела поврзани со незаконско посредување за добивање права на туѓа нега и инвалидска пензија по цена од 150 до 5000 евра. Обвинетите, меѓу кои има лекари, адвокат и службени лица, делувале преку две организирани криминални групи, злоупотребувајќи ја својата службена положба за лична корист.

Како што соопштија од Основното јавно обвинителство, по спроведена истражна постапка започната кон крајот на април годинава, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица.

Jавниот обвинител му предложл на судот на обвинетите да им бидат продолжени веќе изречените мерки на обезбедување – мерка притвор за пет лица и мерка куќен притвор за пет лица, а за останатите обвинети мерки на претпазливост.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Додека народот не знае што ќе стави на трпеза, наместо да преземе мерки, Мицкоски прави весела математика, вели Костова за петте типови синдикални кошнички на премиерот

Граѓаните од месец во месец се посиромашни – трошоците за живот растат, а платите стагнираат. Според последните податоци, на едно четиричлено семејство во јули му се потребни над 65.000 денари само за основни трошоци. Само за храна, им требаат речиси 24.000 денари. Тоа е повеќе од минималната плата која стои ниско во место, додека цените пробиваат плафон. За само три месеци, синдикалната кошничка е поскапа за 2.637 денари. Годишната инфлација достигна 4,5%. Ова не се бројки на „четврта економија“, туку алармантни податоци за економија во колапс. Јасен, недвосмислен доказ за целосниот дебакл на економските политики на Владата на Христијан Мицкоски, изјави на денешната прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

РЕГИОН

Еди Рама бара смена на целото раководство на Општина Тирана

Албанскиот премиер Еди Рама побара смена на целото раководство на Општина Тирана. За време на состанокот зад затворени врати со новите заменици на округот Тирана и со раководителите на општината во главниот град, се дознава дека Рама ги критикувал за нивната работа и слабите резултати, пишува A2 CNN.

СВЕТ

Газа е „пекол на земјата“ со лекари кои се онесвестуваат од глад, предупредуваат ОН, се проценува дека 1.000 лица се убиени барајќи храна

Шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци во вторникот изјави дека нејзините членови на персоналот, како и лекарите и хуманитарните работници, се онесвестуваат на должност поради глад и исцрпеност, пренесе Гардијан.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате безбедно во автобусите на ЈСП?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Малешевците велат: „това бачило такво сирење дава“. Ако со децении избираме власт која не донесува напредок туку назадок – кој е виновен, почитувани мои сограѓани? Оној што на крајот ја плаќа сметката. Граѓаните ја носат вината за својот лош избор затоа што не се способни да бидат граѓани, туку и понатаму остануваат поданици. Поданиците ги исполнуваат барањата на господарите. Епа, чорба Македонче – за слатко од цреши и пекмез од кајсии ќе почекаш, и тоа ако ти дадат господарите.

На крајот, едно прашање до јавноста: Зошто жените кога ќе видат гол маж ја покриваат устата, а не очите? А министерката е дама“, пишува Војо Маневски во колумната „Ќе прави ли некој слатко од цреши оваа есен“?

*

„Доколку некој го спомне патот, технички, проблемот е само делот од Скопје до косовската граница, кој е цел со дупки, недовршени делници и недоизградени клучки и кружни текови, од косовската граница до тирана е нов автопат, со тунел во Албанија долг 5 километри. Финансиски, ќе потрошите нафта за околу 2500,00 денари (41 евро) и 13,4 евра за патарина.

Сума сумарум, според цената на летот одбран како пример, а слично е и со другите летови кои ги има и од Скопје , доколку летате од тиранскиот, а не од скопскиот аеродром, ќе заштедите 148 евра.

За дупло поголемиот број летови што ги има Тирана, а ги нема тука, оваа математика не важи. На пример, за лет од Тирана до Валенсиа, повратни карти за четиричлено семејство купени во јануари, чинат само 270 евра (67,5 евра по лице)“, пишува Драган Мишев во колумната „Ајде да летаме… од аеродромот во Тирана“.

Д. Муратов

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ