• Latest

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ 

Извештај на Комитет на ОН за човекови права за Северна Македонија: Зачестени напади врз новинари, загриженост за говорот на омраза и условите во затворите 

Комитетот за човекови права при Обединетите нации во рамки на 144 сесија го заврши разгледувањето на четвртиот периодичен извештај за Северна Македонија за тоа како ги спроведува одредбите од Меѓународната конвенција за граѓански и политички права, при што експертите на Комитетот ги пофалија напорите на државата за справување со дискриминацијата и покренаа прашања во врска со извештаите за прекумерна употреба на сила од страна на граничните службеници против барателите на азил и напади врз новинари. 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

За Јанкуловски измените во Буџетот за 2025 година се потврда за фискалната политика, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната конторла  

Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика за неопходноста од консолидација и подобрено управување со јавните финансии. Се базираат на непроменети макроекономски претпоставки и прилагодување на фискалните проекции кои на расходната страна обезбедуваат целосно финансирање и реализирање на стратешките приоритети и програмски определби без да се промени нивото на буџетскиот дефицит, рече денеска заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, на почетокот на дебатата за ребалансот во собраниската Комисија за финансирање и буџет. 

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на комисиската расправа за ребалансот на буџетот на собраниската говорница стави „розови очила за читање на ребалансот на буџетот“. 

Овој ребаланс е индиректно признание дека Владата ја изгубила фискалната контрола и јасно огледало на продлабочената фискална неодговорност во јавните финансии. Наместо реално прилагодување и развојна ориентација, добиваме документ кој прикрива неизвршени ветувања и скицира нереална економска слика, рече Битиќи, на денешната седница за ребаланс. 

РЕГИОН 

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите? 

Без оглед на говорите на оние кои им се обратија на граѓаните од сцената на 28 јуни, кои можат да се окарактеризираат како екстремно националистички, проруски и антиевропски, Сергеј Лавров, шефот на руската дипломатија, изјави дека се надева дека ситуацијата со протестите во Србија ќе се реши врз основа на Уставот и законот, и дека западните земји „нема да се вклучат во своите обоени револуции“, 

СВЕТ 

Руски воени злосторства: „Врзан за мотоцикл и влечен“ – Русија веројатно егзекутирала уште еден украински воен заробеник, вели омбудсманот Лубинец  

Руските сили веројатно егзекутирале уште еден украински воен заробеник, изјави омбудсманот Дмитро Лубинец на 1 јули, осврнувајќи се на неодамнешното видео кое се чини дека го прикажува заробеникот врзан за мотоцикл и влечен по патот. 

 Како што пренесува Кијив Индипендент, наводната егзекуција е дополнителен доказ дека руските сили систематски ги кршат Женевските конвенции со убивање украински заробеници. 

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ 

Што мислите за средбата на лидерите на Западен Балкан и ЕУ? 

АЛ-ПРЕС 

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот: „Теленовела“ Рама-Фараж; Косовските партиски лидери на средба кај претседателката поради кризата со собранието; 35 години од Декларацијата на косовскиот Устав 

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Вечера. Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот ако останало… што да не, мој си е и секогаш повторно му се враќам, речиси секој ден. Дури и да не ми се јаде, за инает на оној попладневен водител на вестите во Сител  кој добил упатство со што да ги отвори своите 30 минути.“, пишува Љубомир Костовски во колумната „Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало“. 

„Не, не излезе на собраниска говорница во одбрана на позицијата и напредокот во евроинтегративните процеси на Македонија од времето кога тој ја водеше Владата на земјава. Не, ниту одржа прес за да ги побие изјавите на Мицкоски дека во негово време биле девалвирани позициите за македонскиот идентитет и јазик во Брисел, ниту да му појасни на сегашниот премиер додека се пенави да покаже дека тој сега го брани македонскиот идентитет и јазик, дека истиот пред неговото доаѓање на власт и секојдневните провокации кон ЕУ и Бугарија, воопшто не беше доведен во прашање.  

Ниту се обиде да му го освежи памтењето на Мицкоски дека да не беа опструкциите од неговата, тогаш опозициска ВМРО-ДПМНЕ, со внесувањето на Бугарите во уставот сега ќе отваравме поглавја во преговорите како Албанија.“, пишува Драган Мишев во коментарот „ „Таче се (по)јави, вистина се (по)јави“. 

Подготви: Д. Тахири 

 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ