• Latest
Фотомонтажа: РИБАРО

24 ЧАСА: Поблаго обвинение за Мијалков со преквалификацијата на „Трезор“; обвинителството да излезе со име и презиме за случајот Онкологија; нема напредок во зајакнувањето на независноста на судството

November 10, 2023

Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

October 1, 2025
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Поблаго обвинение за Мијалков со преквалификацијата на „Трезор“; обвинителството да излезе со име и презиме за случајот Онкологија; нема напредок во зајакнувањето на независноста на судството

November 10, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Се преквалификува случајот „Трезор“, Мијалков добива поблаго обвинение

Судењето за случајот „Трезор“ одложено за 24 ноември. На денешната расправа, како што информираат од Кривичен, јавниот обвинител изврши прецизирање на обвинителниот акт и преквалификација на кривичното дело согласно измените на КЗ за еден од обвинетите, додека одбраната барала тоа да се примени и за останатите.

ИЗЈАВА ДЕНОТ

Меџити побара Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот Онкологија

-Повикувам уште еднаш, апелирам за случајот со Клиниката за онкологија, крајно време е Обвинителството да излезе со точно име и презиме зошто овој костум, оваа кравата ме гушат. Да ви кажам дека ми прилега белиот мантил и од првиот ден ви кажав дека не претпочитам да бидам политичар од некоја партија, туку ќе бидам лекар и тоа и ќе останам и заедно со моите колеги и заедно со вас ќе ги подобриме работите, порача Меџити.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина остварува придобивки во окупираниот Крим, погоди два десантни бродови на руската морнарица

Во текот на ноќта во петокот, во украинските напади беа погодени два руски брзи десантни брода во привремено окупираниот Крим, потврдија од Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана, пренесува…

Амбасадорката Дир: Русија не покажа никаков интерес за мировни преговори, наместо тоа убива цивили и да врши грозоморни злосторства

Како што е соопштено, на 9 ноември руската армија 97 пати ја гранатирала областа Херсон. Две лица загинаа, а пет други се повредени…

КОНФЛИКТИ

Израел обвини дека хонорарните фотографи претходно знаеле за нападот на 7 октомври; новинските организации ги негираат наводите

Четири новински организации категорично негираат дека имале претходно сознание за терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври, по барањето од  Израелската влада за одговори и кредибилност во врска со извештајот…

Војната меѓу Израел и Газа ја уназадува палестинската економија за децении, предупредуваат од ОН

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Економската и социјалната комисија за Западна Азија (ESCWA) на 9 ноември 2023 година, објавија заедничка брза проценка со наслов „Војната во Газа: очекувани социо-економски влијанија врз државата Палестина“…

АЛ -ПРЕС

Српската фабрика за оружја „Застава“ потврди дека фрлачи на гранати М93, запленети по нападот во Бањска, се дел од нивната архива. Среде вревата и критиките за тоа што косовскиот премиер изразил подготвеност да го потпише на 26 октомври, во четвртокот граѓаните на Косово добија уверување дека оваa Заедница нема да има извршни овластувања и нема да создаде дополнително ниво на моќ, пишуваат косовските медиуми

Во продолжение се темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРНИ РЕФОРМИ Извештајот на Европската комисија оценува дека правната рамка е погодна за организирање демократски избори во Северна Македонија, но без доволно напредок во имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија…

ПРАВДАЈавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да ѝ наштети на постапката, реагира Јавното обвинителство …

ЗАТВОРЕНИ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ  Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по вонредниот инспекциски надзор поради појава на салмонела ги затвори училишните кујни на училиштата „Војдан Чернодрински“, „Јан Амос Коменски“, „Братство“ и „Христијан Тодоровски – Карпош“…

ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ Одлуката на ЕК да препорача отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ со Украина и Молдавија се темели на објективна оценка за исполнување на поставените услови и претставува историска одлука.

ИЗВЕШТАЈ ЕК Генерално, нема напредок во зајакнувањето на независноста на судството и подобрување на правната рамка за заштита на основните права, оценува Европската комисија во Извештајот за 2023 година.

ПРОЦЕС НА ПРОШИРУВАЊЕ Во текот на натамошниот процес на проширување, Европската унија мора да биде подготвена за тоа дека правилата што важат за нејзините 27 членки нема да функционираат за 30, па дури и за 35 земји…

ПРОПАГАНДА

Левица се навреди бидејќи Северна Македонија не ја поддржа манипулативната резолуција на Москва во ОН

Левица се навреди откако руската амбасада во земјава реагирала дека Северна Македонија гласаше исто како земјите-членки на Европската унија, односно против резолуција што секоја година ја предлага Русија како наводно голем „борец против фашизмот и нацизмот“.

Дел од македонските медиуми некритички го споделија манипулативното соопштение на Левица, во кое „изоставија“ да објаснат за каква резолуција всушност се работи.

АНАЛИЗИ

Сe чини дека овој дел на лојални македонски медиуми веќе се ставија на располагање на путиновата пропагандна машинерија во кампањата за наредните претседателски избори во Русија. Тие ги следат насоките на политичките стратези на Путин кои работат на неговата предизборна порака повеќе од две години, според кои кампањата на Владимир Путин за неговиот петти мандат нема да посвети преголемо внимание на самата војна во Украина, освен доколку има „многу сериозен руски успех“ на фронтот наместо продолжување на „позиционата војна“. Наместо тоа, ќе се интензивираат извештаите во руските пропагандни медиуми и нивните приврзоци со кои ќе се обидат да го промовираат главниот наратив на руската пропаганда за „тешкотиите“ со кои се соочуваат западните земји, пред се САД, кои веќе „губат трпение“ и нема да бидат во можност да ја поддржуваат Украина, пишува Драган Мишев во анализата „Македонските медиуми во служба на претседателската кампања на Путин“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Во оваа ситуација, и Владата и аналитичарите, едноставно, наликуваат на ослепениот Полифем, чие едно око го погодиле со колец морнарите на Одисеј. Полифем – обидувајќи се да ги контролира овците кои мора да ги пушта на пасење преку излезот на пештерата, каде се затворени и неговите заложници – не успева да согледа дека под нивната волна му се промолкнуваат факти што говорат дека стравот пред „националните сили“ и парите кои најчесто не се толку видливи, како оние од буџетот, фактички ги држат радиодифузерите во зоната на опстанокот еве три децении. Значи, целата расправа што се води сега е ептен дефокусирана од вистинските релации меѓу медиумите и нивните содржини и е од доменот на папагалски цитати на теории кои немаат врска со домашните ситуации и вредности. Нашиот Полифем е слеп многу одама, пишува Љубомир Костовски во „МАКЕДОНСКИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ И ОСЛЕПЕНИОТ ПОЛИФЕМ: Фактите за медиумите и шверцувањето на финансиерите на вмровската политика“

 

Подготви: Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализиВестиВојна во Украинаизјавиконфликтипропаганда
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ