• Latest

Македонските медиуми во служба на претседателската кампања на Путин

November 10, 2023

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Македонските медиуми во служба на претседателската кампања на Путин

November 10, 2023 15:52
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-шефот на сепаристичката ДНР, Јан Гагин, шефот на движењето во Запорижја „Заедно со Русија“ Владимир Рогов, Спутник (и руската и српската верзија), Политика.рс, се дел од најрелевантните извори кои ги користат одредени македонски медиуми, кој редовно се појавуваат на врвот на листите според објавените содржини кои се дел од наративите на руските пропаганисти.

За овие медиуми, руската целосна воена агресија врз Украина, проследена со убиства на цивили, уништување на цивилната инфраструктура, воени злосторства е само „специјална операција“, според вокабуларот на нарачателите од Кремљ, најчесто „виа Београд“.

Така, на овие медиуми преку објава на инсинуации, непотврдени и манипулативни информации се настојува да се дискредитира Украина, нејзините вооружени сили и раководсвото, со цел да се намали поддршката од западните сојузници. Според „релевантните“ експертски изјави и пренесување на објавите на руски и проруски меиуми, Украина веќе ја (из)губи војната, Западот е уморен од Украина, а особено од Зеленски, ја откажува поддршката, па дури и веќе е подготвена замената за Зеленски.

Според нив, изјавата на Зеленски дека изборите не се приоритет за време на војна (замислете само како би се одвивалe кампањата и гласањето за време на рускиот ракетен терор) се користи како потврда за нивните тврдења. Злоупотребата на западното оружје наменето за Украина кое завршува час кај нарко картели во Мексико, преку Централна Африка и последно, во рацете на Хамас е веќе одавна апсолвирана (и дебанкирана) тема на овие медиуми.

Според нивниот најнов омилен „аналитичар“ Владимир Рогов од „Заедно со Русија“, Залужни веќе е избран да го замени Зеленски на чело на Украина, додека двајцата лидери се фигурите во украинскиот крвав шах во последна партија помеѓу двете кијивски „струи“. Според ова, Украина најверојатно војува самата со себе, а победник на крајот е путинова Русија.

Се злоупотребува и несреќната смрт на помошникот на Залужни, кој загина во несреќен случај во својот дом, за кој домашнива експерти побрзаа да објават дека е ликвидиран, и сето тоа да го деоведат во корелација дека Залужни е во немилост кај Зеленски, по неговата изјава за Економист, која своеволно (по нарачка) на големо ја експлоатираат.

Дури и изјавата на Трамп дека во овој момент е несоодветно да оди во Кијив, како одговор на пораката на Заленски дека доколку дојде во Украина, за 24 минути ќе му објасни на поранешниот американски претсдател дека не може да управува со оваа војната, сензационалистички го преиначија како пораз на политиката за украинскиот претседател.

Со колкава ревност, синхонизирано и со здружени сили  ја споделија информацијата дека Русија успеал да собори 17 украински беспилотни летала над окупираниот Крим и Црното Море, прикажувајќи ја како огромен успех на „славната, втора во свет“ руска армија. Во недостиг на поволни вести од фронтот, според насоките на пропагандистите на Кремљ го прикажуваат небаре самиот Путин на бел коњ дојавал во Кијив.

Сe чини дека овој дел на лојални македонски медиуми веќе се ставија на располагање на путиновата пропагандна машинерија во кампањата за наредните претседателски избори во Русија.

Тие ги следат насоките на политичките стратези на Путин кои работат на неговата предизборна порака повеќе од две години, според кои кампањата на Владимир Путин за неговиот петти мандат нема да посвети преголемо внимание на самата војна во Украина, освен доколку има „многу сериозен руски успех“ на фронтот наместо продолжување на „позиционата војна“. Наместо тоа, ќе се интензивираат извештаите во руските пропагандни медиуми и нивните приврзоци со кои ќе се обидат да го промовираат главниот наратив на руската пропаганда за „тешкотиите“ со кои се соочуваат западните земји, пред се САД, кои веќе „губат трпение“ и нема да бидат во можност да ја поддржуваат Украина.

Драган Мишев

Tags: Владимир ПутинВолодимир Зеленскимакедонски медиумируска агресија врз Украинаруска пропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ