• Latest

24 ЧАСА: Почна учебната година со сите стари и низа нови проблеми; на Владата ѝ е поважен крупниот капитал од луѓето, оценува Бранимир Јовановиќ; руски ракетен терор во Украина; демонстрации во Израел

September 2, 2024

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Почна учебната година со сите стари и низа нови проблеми; на Владата ѝ е поважен крупниот капитал од луѓето, оценува Бранимир Јовановиќ; руски ракетен терор во Украина; демонстрации во Израел

September 2, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА: Ако денот по утрото се познава, црно ни се пишува

За 245 илјади основци и средношколци денеска почнува новата учебна 2024/25 година. Учебната година ќе трае до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај.

Новата учебна година почнува со многу стари и со низа нови проблеми. И додека сите функционери им посакаа среќа на учениците, добро е да се потсетиме: среќата како на учениците и наставниците, така и на родителите, зависи токму од нив – политичарите и нивните образовни политики. ЦивилМедиа објави уште еден сеопфатен новинарски прилог за сите важни аспекти образованието.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Јовановиќ: На Владата ѝ е поважен крупниот капитал од луѓето – нема основни познавања од областа на економијата и даночењето

„Околу првото, владата има намера да се откаже од 20-ина милиони евра од буџетот, за да им ги даде тие пари на петте најпрофитабилни компании во државата, кои веќе имаат добивки од преку 250 милиони евра. Наместо да зголеми плати на наставниците, или да реновира некоја болница, или да им помогне некако на сиромашните, или да ги подржи малите фирми, владата сака да ги почести петте најголеми компании во државата. Но иронијата е што тие пари нема ни да завршат кај компаниите, затоа што од почетокот на оваа година на сила е глобалниот минимален данок, кој го прифатија 140 земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија“, изјави професорот Јовановиќ.

СВЕТ

Илјадници демонстранти во Израел по пронаоѓањето на шест убиени заложници во тунел под Појасот Газа

Шест израелски заложници беа пронајдени мртви во тунел под Појасот Газа, соопшти израелската војска, најава што доведе до кулминација на неколкумесечениот јавен гнев на Израелците. Гневните демонстранти ги преплавија израелските улици минатата ноќ, во една од најголемите демонстрации во речиси 11-месечната војна на Израел во Газа.

Во Украина почна учебната година под рускиот ракетен терор

Со ракетен напад врз Кијив, почна новата учебна година и во Украина. И покрај војната, започна новата учебна година во оваа земја која се бори за својата слобода веќе трета година по почетокот на целосната руска агресија. Многу училишта се уништени, но истрајните украински граѓани и нивните институции продолжуваат со одржување на клучните цивилни процеси.

Прочитајте што објави ЦивилМедиа денеска на тема Војна во Украина.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кои се клучните проблеми на почетокот на учебната година?

Од денеска, ЦИВИЛ ќе поставува ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ врз основа на пристигнатите предлози од читателките и читателите. Како прво прашање, на самиот почеток на учебната година, логично беше да се постави токму тоа прашање во насловот.

СЛОБОДНА ЗОНА

Ова се рефлексии за општественото распаѓање, бесмисленоста на надежта и неизбежната индиферентност кон системските неуспеси на институциите и членовите на оваа административна заедница или држава, како сакате. Празнина што го дефинира колективното искуство. Од највисоките места на моќ до секојдневните интеракции, општеството е заробено во бескрајна спирала од примитивно однесување, насилство и илузионизам, неспособно – или неволно – да се ослободи и да престане со децениското бегање од вистинат“, пишува Џабир Дерала во  колумната „Рамнодушност и општество во распаѓање“.

Подготви: Д. Мишев

Tags: ВестиизјавиполитикаСвет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ