• Latest

24 ЧАСА: Потпишан договорот за унгарскиот заем; уставните измени ќе се донесат тврди Касами; уапсени двајца опозициски пратеници по синоќешните насилни протести во Тирана

October 8, 2024
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Потпишан договорот за унгарскиот заем; уставните измени ќе се донесат тврди Касами; уапсени двајца опозициски пратеници по синоќешните насилни протести во Тирана

October 8, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Потпишан договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка

Во Будимпешта е потпишан договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка. Во име на Владата, договорот го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Заемот, според министерката, се обезбедува по поволни услови, со рок на отплата од 15 години, со вклучен грејс период од 3 години и каматна стапка од 3,25 проценти.

– Одлуката на Владата да го обезбедиме планираното надворешно задолжување со Буџетот за 2024 година преку билатерален заем од Унгарија, наместо со издавање нова еврообврзница, произлезе како резултат на поволните услови што ги добивме и заштедата што ја правиме само по основ на каматата. Каматните стапки по кои би ја добиле оваа сума на меѓународниот пазар е околу 6 проценти и тоа е голема заштеда по буџетот по овој основ, односно заштеда на годишно ниво од околу 14 милиони евра. Дополнително и рочноста дава предност и помал ризик од потреба за рефинансирање, посочила Димитриеска-Кочоска, посочувајќи дека ваквите услови се резултат на политиките што ги води Владата, за што минатата недела е добиена потврда и од кредитната агенција „Фич“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Касами: Уставните измени ќе се донесат, чекаме јасен план за евроинтеграциите

„Уставните измени се само предуслов за продолжување на евроинтеграциите, но за понатамошните интеграции потребен е партнер од страна на ЕУ со јасен план за нашиот пат кон ЕУ. Чекаме Брисел да дојде со јасен план како ќе продолжи процесот на интеграција“, рече Касами во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.

РЕГИОН

Албанската полиција уапси двајца опозициски пратеници по синоќешните насилни протести во Тирана

Полицијата во Тирана кривично ги гони пратениците Газмент Барди и Фламур Нока како и организациониот секретар на Демократската партија, Ервин Минароли, по протестот на опозицијата во понеделникот вечерта.

СВЕТ

Рекордни руски загуби во Украина, само во борбите кај Авдиивка Москва загуби најмалку пет дивизии

Одбранбеното разузнавање на Обединетото Кралство објави нов рекорд за просечните дневни загуби на руските сили во Украина во септември 2024 година, што ги означува највисоките бројки регистрирани од почетокот на целосната инвазија, пренесува Украинска правда според ажурираните податоци на одбранбеното разузнавање на ОК објавени на X (Твитер) од 7 октомври.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали и каде има мито и корупција во земјава?

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Актуелната министерка за образование Весна Јаневска е докажан дисциплиниран извршител на партиските задачи. Тоа се покажа за прв пат во рушењето на започнатиот Попис на населението во 2011 година. Но сега во прашање е образованието – тврдо и нечувствително ги урива социјалните договори со просветните работници, ја води ситуацијата кон можен генерален штрајк во таа област. Не се воздржува ни од закани за „вишокот на наставници“ од 3.000 наставници! А за отсуството на асистенти на децата со посебни потреби и да не се говори – нема изговор што може да ја оправда пред јавноста“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Патолошки рез во образованието“.

*

Една година крв, солзи, болка, разурнати домови, уништени детски соништа, уништена инфраструктура, разурнати училишта, градинки и болници со илјадници мртви цивили, жени, деца, бебиња… Млади луѓе наместо да се забавуваат и да уживаат во животот, се убиени, масакрирани, киднапирани, силувани, малтретирани, држени како заложници и затворени во некои темни и мрачни подруми и кафези… Една година по нападите на 7 октомври (2023), војната продолжува да беснее меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. И покрај напорите да се постигне дипломатско решение за мир, борбите сега се проширија и во Либан, пишува Дехран Муратов во анализата „КРВАВА ХРОНИКА: 365 дена војна во Газа – неизмерно страдање и смрт на цивилите“.

*

„Владата на Мицкоски се испофали со сопствените успеси кои само власта ги гледа. Целосно оддалечување од патот кон ЕУ, наводна „дестабилизација“, пораст на насилниот криминал, загрозување на социјалната стабилност на граѓаните, национализам и сомнително кредитно задолжување – се дел од оценките на експертите и аналитичарите. Ова е своевидна хроника на 100-те дена влада на Мицкоски кои го откриваат нивниот стил на владеење во претстојниот период“, пишува Биљана Јордановска во анализата „100 ДЕНА ВЛАДА: Меѓу изговорите и пофалбите за сопствените успеси – оддалечување од ЕУ и враќање кон минатото“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ