• Latest

КРВАВА ХРОНИКА: 365 дена војна во Газа – неизмерно страдање и смрт на цивилите

October 8, 2024
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

КРВАВА ХРОНИКА: 365 дена војна во Газа – неизмерно страдање и смрт на цивилите

October 8, 2024 10:31
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО ГАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

Една година крв, солзи, болка, разурнати домови, уништени детски соништа, уништена инфраструктура, разурнати училишта, градинки и болници со илјадници мртви цивили, жени, деца, бебиња… Млади луѓе наместо да се забавуваат и да уживаат во животот, се убиени, масакрирани, киднапирани, силувани, малтретирани, држени како заложници и затворени во некои темни и мрачни подруми и кафези… Една година по нападите на 7 октомври (2023), војната продолжува да беснее меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. И покрај напорите да се постигне дипломатско решение за мир, борбите сега се проширија и во Либан.

Пред точно една година започна страшниот судир кој беснее на Блискиот Исток и се заканува да стане огромен регионален воен судир. На 7 октомври, Хамас и другите вооружени палестински групи започнаа напад без преседан врз Израел од Појасот Газа, што доведе до најмалку 1.189 смртни случаи и киднапирање на 251 лице, вклучително и 44 лица од музичкиот фестивал Нова транс и најмалку 74 од Кибуцoт Реим.

Израел одговори со разорна воена офанзива во Појасот Газа, во која загинаа најмалку 41.802 лица, според Министерството за здравство во енклавата под раководство на Хамас. Сега, војната се прелеа во соседен Либан, при што израелските трупи се заглавени во судири со борците на Хезболах.

ЦИВИЛ Медиа се осврнува на клучните 12 датуми на овој конфликт.

7 октомври 2023 година

Палестинската милитантна група Хамас, која го контролира Појасот Газа од 2007 година, ја започна офанзивата „Поплава Ал-Акса“ – именувана по џамијата Ал-Акса во Ерусалим, третото најсвето место во исламот. Групата, која Израел, САД и ЕУ ја класифицираат како терористичка организација, истрела околу 5.000 ракети кон јужен Израел и испраќа десетици вооружени командоси преку безбедносната ограда на Газа кои киднапираат, мачат и убиваат без разлика на возраста или полот. Според израелските податоци, загинале 1.189 луѓе. Други 251 се земени како заложници од кибуцимските заедници кои се граничат со Појасот, како и од музичкиот фестивал Племето на Нова транс.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавува дека земјата е во војна.

8 октомври 2023 година

Израел ја започна „Операцијата Железни мечеви“, изведувајќи интензивни бомбардирања низ Појасот Газа. За само 48 часа се мобилизирани речиси 300.000 резервисти.

17 октомври 2023 година

Силна експлозија ја погоди болницата Ал-Ахли во градот Газа. Министерството за здравство во Газа соопшти дека билансот на загинатите е 471 лице и стотици повредени. Хамас и неговиот сојузник Исламски џихад го обвинија Израел дека стои зад смртоносниот напад, што Израел го негира. Голем број меѓународни медиуми сугерираат дека нападот може да биде резултат на погрешно испукана ракета од Газа.

21 октомври 2023 година

На првите камиони со хуманитарна помош им е дозволено да поминат низ преминот Рафах меѓу Египет и Газа за да ги пренесат итно потребните гориво, храна и лекови за Палестинците.

15 ноември 2023 година

Израел ја опсадува болницата Ал-Шифа, најголемата во Газа, обвинувајќи го Хамас дека го користи комплексот како воено командно место. Целата болница, во која се засолнуваат стотици Палестинци кои избегаа од борбите, израелските сили целосно ја евакуираат три дена подоцна. И други болници ќе бидат цел на израелската војска во неделите и месеците што доаѓаат.

24 ноември – 1 декември 2023 година

Прогласено е првото примирје меѓу Израел и Хамас. Привремената пауза во борбите овозможува ослободување на 105 израелски, двојни државјани и странски заложници – главно жени и деца – во замена за ослободување на 240 палестински затвореници кои се чуваат во израелските затвори. Дозволена е хуманитарна помош да стигне и до Појасот Газа. По седум дена примирје, секоја страна ја обвинува другата за прекршување на договорот.

26 јануари 2024 година

Меѓународниот суд на правдата, одговарајќи на случајот поднесен пред него од Јужна Африка му наредува на Израел да ги преземе сите можни мерки за да ги спречи геноцидните акти во Газа. Истиот ден, агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) отпушти неколку вработени обвинети од Израел дека биле вмешани во нападите на 7 октомври. По водството на САД, голем број земји донатори го прекинаа своето финансирање на агенцијата. Сите освен САД подоцна ќе продолжат со нивното финансирање.

25 март 2024 година

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се бара итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. САД, кои досега го користеа правото на вето во неколку наврати за да блокираат слични резолуции, беа воздржани.

13 април 2024 година

Техеран се одмазди за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија, со истрелување на повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел – првпат Исламската Република да изврши директен напад на израелска територија. Повеќето од ракетите се соборени со помош на САД и другите сојузници во регионот, откако претходно им беше дадено известување за претстојниот напад од иранската влада.

5 мај 2024 година

Владата на Бенјамин Нетанјаху ги затвори канцелариите на катарскиот канал „Ал Џезира“ во Израел.

17-18 септември 2024 година

Во текот на два дена, илјадници пејџери и воки-токи за кои се верува дека им припаѓаат на членовите на Хезболах експлодираа во Либан и Сирија, при што загинаа десетици луѓе – меѓу кои и повеќе деца – и беа повредени илјадници други.

1 Октомври 2024

Иран изврши ракетен напад врз Израел, откако израелските трупи го нападнаа Либан, во она што израелската војска го нарекува „ограничена, локализирана и насочена копнена операција против Хезболах“.

Ликвидирани лидери на Хамас и Хезболах

На 2 јануари 2024 година е убиен Салех ал-Ароури, број два во политичкото биро на Хамас, во израелски напад врз јужните предградија на Бејрут во Либан.

На 1 април 2024 година вовоздушен напад кој нашироко му се припишува на Израел го погоди иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија, при што загинаа седум членови на Револуционерната гарда, меѓу убиените е генерал Мохамад Реза Захеди, командант на силите Ал Кудс во Сирија и Либан.

На 13 јули 2024 година е убиен Мохамед Деиф, шефот на вооруженото крило на Хамас, бригадите Езедин ал-Касам, во израелски воздушен напад во близина на Кан Јунис, кого Израел го сметаше за организатор на нападите на 7 октомври.

На 30 јули 2024 година, е убиен Фуад Шукр е убиен во израелски воздушен напад во јужните предградија на Бејрут, главно контролирани од шиитската група Хезболах.

На 31 јули 2024 година, е убиен Исмаил Ханије, шефот на политичкото биро на Хамас, во експлозија во Техеран откако присуствуваше на полагањето заклетва на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Се смета дека бомбардирањето го извршил Израел, кој ниту потврдува ниту негира вмешаност.

На 28 септември 2024 година, Израел изврши напад без преседан на јужните предградија на Бејрут, при што го ликвидира лидерот на Хесболак, Хасан Насрала. 

Осуди и поддршка од Македонија

на 19 октомври 2023 година, ЦИВИЛ беше една од првите организации кои повикаа на итен прекин на огнот во Појасот Газа, деблокада на хуманитарната помош и одговорност за воените злосторства против цивилното население на двете страни.

„Хамас е одговорен за воени злосторства и киднапирање, со што целосно се разобличи секакво тврдење дека се бори за права и правда, туку дека е брутална терористичка организација и ништо повеќе.

Истовремено, ЦИВИЛ упатува најостра осуда и протест до израелската влада која е одговорна за неселективното бомбардирање и убивање цивили, уништување на критичната цивилна инфраструктура, егзодусот на 1,1 милион луѓе што го нареди под закана со оган, како и за целосната блокада на снабдувањето на два милиони луѓе со храна, гориво, електрична енергија, вода и лекови.

Со ова, станува очигледно дека Израел не води војна само против Хамас, туку против палестинското население во целост. Тоа е неприфатлива политика и заслужува крајна осуда и протест“, пишува во соопштението на организацијата.

Тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи во своја објава на Х ги осуди нападите на Хамас врз Израел.

„Силно ги осудувам насилните напади на групата Хамас врз Израел. Продолжува нашата целосна солидарност со Израел, овие акти на терор мора веднаш да престанат“, истакна поранешниот министер за надворешни работи, Османи.

На 17 ноември 2023 година, дванаесет невладини организации обединети во „Платформата за поддршка на Палестина“ организираа марш во Скопје под мотото: „Престанок на огнот, веднаш!“.

Крвта на недолжните цивили продолжува да се лее, додека светот се обидува да (не) најде решение за овој ужасен конфликт. Крвта од Газа се прелеа и во Либан. А, во меѓувреме, Иран си ги тестира ракетите, а светот е во исчекување на одговорот на Израел.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ