• Latest
Фото: МИА

Тензични протести во Тирана, тврди предмети и молотови коктели летаа кон владата

October 7, 2024
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Тензични протести во Тирана, тврди предмети и молотови коктели летаа кон владата

Учесниците во протестот кога стигнаа пред владата почнаа да фрлаат кон објектот со тврди предмети и молотови коктели од кое се запали дрво.  Имаше и судир меѓу нив и полицијата, поради што мораше да интервенира и единицата за брзо распоредување "Шќипоња", по што ситуацијата се смири.

October 7, 2024 22:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Националниот протест што вечерва се одржува во Тирана,  во организација на опозициските демократи, под мотото “Марширање кон Тирана – или сега или никогаш”  главно минува во марширање, без обраќања, но не и без тензични моменти.

Учесниците во протестот кога стигнаа пред владата почнаа да фрлаат кон објектот со тврди предмети и молотови коктели од кое се запали дрво.  Имаше и судир меѓу нив и полицијата, поради што мораше да интервенира и единицата за брзо распоредување “Шќипоња”, по што ситуацијата се смири.

Како што пренесува МИА. протестот го предводеа генералниот секретар на партијата Фљамур Нока, координаторот на пратеничката група Газменд Барди и пратеници а им се придружи и лидерот на Партијата на слободата и поранешен претседател на земјата  Илир Мета.

Од пред владата минаа пред зградата на Парламентот,  зградата на општина Тирана, покрај Врховниот суд па се до седиштето на Социјалистичката партија.

Токму тука  беше најтензично,  дојде до судир со полицијата при обид да влезат, беа одбиени по што почнаа да фрлаат пиротехнички средства и молотови коктели,  изби пожар, што го зафати и големиот билборд со ликот на Еди Рама,  интервенираше противпожарна единица а полицијата толпата ја разби со солзавец.

За безбедноста се ангажирани најмалку 1500 полициски службеници од неколку сектори, а на готовност  беше и специјалната единица “Ренеа”. Владата, парламентот, општина Тирана, МВР, други институции и седиштето на владејачката  Социјалистичка партија беа под силно полициско обезбедување.

Освен што носеа транспаренти,  учесниците на протестот извикуваа “Рама оди си”, “техничка влада, техничка влада” “Сали Бериша”.

Попатно тие запалија и автобуска постројка а создадоа и хаос во сообраќајот, не дозволувајќи да се движат возилата.

Во изјава за медиумите Мета рече дека целта на вечерашниот протест е “уривање на режимот на нарко-државата и враќање на правдата”.

– Луѓето се повеќе од револтирани и нивната реакција е јасна и ќе продолжи и понатаму се до постигнување на целта, рече Мета.

Со вечерашниот протест опозицијата го означи почетокот на граѓанската непослушност.

Лидерот на демократите Сали Бериша, кој е во домашен притвор, преку социјалните мрежи, пред протестот,  уште еднаш повика на масовност.

– Денеска е историски ден за сите. Денеска почнува нашето патување до победа. Сите заедно против нарко-владата, порача Бериша.

Протестот кој требаше да почне во 18 часот  почна со задоцнување од половина час, а од пред 20 часот се одвива мирно само со марширање низ градот и извикување “Рама оди си”

Според организаторот на “протестот имало над 120 илјади народ од сите делови на земјата”.

Tags: опозицијаПротестиТирана
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ