РАКЕТЕН ТЕРОР: Утрово 158 таргети во цела Украина биле нападнати истовремено
Денеска, рускиот агресор изврши еден од најмасовните воздушни напади оваа година на територијата на Украина. Агресорите употребија бараж од најразлично оружје и муниција.
ЦИВИЛ МЕДИА доби извештај од раководителот на Кијивската градска воена администрација, Сергиј Попко, со посредство на Амбасадата на Украина, во кој се јавува за најмалку две фатални жртви и 17 повредени, само во Кијив и околните реони.
Се работи за голем напад кој бил подготвуван подолго време и се совпаѓа со ист таков напад пред точно една година, на истиот напад, во пресрет на новогодишната прослава.
Во Кијив, воздушната тревога беше објавена три пати и вкупно траеше речиси 5 часа. За време на последната тревога, главниот град беше нападнат од неколку десетици ракети од различен тип и калибар.
ЦИВИЛ ги осудува руската агресија и ракетниот терор против Украина и бара глобална поддршка за претседателот Зеленски и украинскиот народ
Како организација посветена на човековите права и слободи, ЦИВИЛ јасно, недвосмислено и најостро го осудува чинот на агресија и ракетниот ракетен терор кој го спроведуваат руските сили врз цивилното население во Украина. Ја изразуваме нашата непоколеблива солидарност со претседателот Зеленски и храбрата украинска нација во овие тешки времиња.
Како организација поборник за човекови права, ЦИВИЛ ја повикува меѓународната заедница да ги збијат редовите зад Украина во нејзината потрага по слобода, мир, стабилност и заштита на нејзините граѓани. Ние, како организација, стоиме цврсто во нашата посветеност да ги браниме принципите на правда, еднаквост и правото да живееме ослободен од насилство и угнетување.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Урбанович: Русија нема да се задоволи со Украина, доколку не ја спречиме на ред ќе дојдат и други европски земји. Московскиот монструм никогаш нема да се насити!
„Во овој момент херојските Украински војници стојат во одбрана на својата татковина, тие секоја минута одбиваат руски напади, но нас потребна ни е помош.
Затоа повикуваме на зголемување на воена и техничка поддршка, на Украина и е потребна помош од сојузниците и партнерите, животите на цивилите и самото постоење на нашата нација зависат од вашата навремена помош!
Мора да станете свесни дека (при најлошото сценарио) русија нема да се задоволи со Украина, доколку не ја спречиме на ред ќе дојдат и други европски земји. Московскиот монструм никогаш нема да се насити!“, изјави претседателот на Лесја Украинка во своето обраќање денеска пред споменикот на „Тарас Шевченко“ од „Жена Парк“ во Скопје.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Во пресрет на новогодишните и празници, ЦИВИЛ упатува апел до сите граѓанки и граѓани во земјата да прославуваат безбедно, без употреба на распрскувачки материјали и оружје.
ЦИВИЛ потсетува дека славеничкото пукање е забрането со закон и е опасно по животот и здравјето. Бројни се примерите на трагични завршетоци на прослави и веселби кога заскитан куршум убил или повредил случаен минувач или учесник на прославата.
СТРАТЕГИЈА Владата ја усвои Националната стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030, со Акциски план на Националната стратегија за 2023-2026 година.
ТЕХНИЧКА ВЛАДА Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се случи идната години, пред или по празниците.
УПРАВЕН СУДРешението на Судскиот совет со кое поранешната претседателка на советот, Весна Дамева, беше разрешена од претседателската функција е поништено, потврдија од Управниот суд.
Е –ДНЕВНИК Во 40 основни и средни училишта во неколку општини во државава од второто полугодие на учебната година ќе се применува електронскиот дневник (Е-дневник) како пилот проект додека не се отстранат евентуални слабости за да биде применлив во сите училишта, најави ресорниот министер Јетон Шаќири.
ДЕЖУРНИ СЛУЖБИ За празниците ќе работат дежурните служби во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.
ПРАВДА Министерството за правда соопшти дека во дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир- Турција информираат дека на лицето Љупчо Палевски му е одреден привремен затвор во ,,Затворена казнено-поправна установа Беликесир “-Турција.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албански медиуми во регионот: По трет пат се одложува мерката куќен притвор за Бериша; предлог статутот за Заедницата „виси“ на тенок конец
СЛОБОДНА ЗОНА
„Е, ај нека е среќна Новата година за сите што како мене се двоумат со која нога да исчекорат, а и на сите оние што со двете нозе скокнуваат во неа! Среќна Нова година мои почитувани читатели!“, пишува Војо Маневски во колумната „Да се исчекори мора!“.
Подготви: Д. Тахири













