• Latest

24 ЧАСА: Северна Македонија со поддршка на резолуцијата на ОН за враќање на украинските деца; Русија киднапира украински деца и ги праќа во Северна Кореја; Се лизна ли бугарската влада на нафтата на „Лукоил“?“

December 4, 2025

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Северна Македонија со поддршка на резолуцијата на ОН за враќање на украинските деца; Русија киднапира украински деца и ги праќа во Северна Кореја; Се лизна ли бугарската влада на нафтата на „Лукоил“?“

December 4, 2025 16:49
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Неколку украински деца киднапирани од Русите насилно испратени во Северна Кореја, илјадници испратни во руски кампови за милитаризација и русификација

Има најмалку два случаи на украински деца киднапирани од руските сили во источна Украина кои биле насилно префрлени во камп во Северна Кореја, изјави Катерина Рашевска, правен експерт во Регионалниот центар за човекови права на Украина, пред поткомисијата на американскиот конгресен комитет на 3 декември, пренесува Кијив Индипендент.

„12-годишната Миша од окупираниот регион Донецк и 16-годишната Лиза од окупираниот Симферопол беа испратени во кампот Сонгдовон во Северна Кореја, на 9.000 км од дома“, сведочеше Рашевска. „Децата таму беа учени да „уништуваат јапонски милитаристи“ и се сретнаа со корејски ветерани кои, во 1968 година, го нападнаа бродот на американската морнарица Пуебло, убивајќи и ранувајќи девет американски војници.“

Сведоштвото дојде на почетокот на расправата за апропријација на американскиот Сенат за масовното киднапирање на украински деца од страна на Русија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Амбасадорката Дир се заблагодари на Северна Македонија за поддршката на резолуцијата на ОН за враќање на украинските деца

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалната мрежа Х се заблагодари на Северна Македонија и на МНР за поддршката на резолуцијата на ГС на ООН за враќање на киднапираните украински деца.
Враќaњето на децата не е прашање на политика, туку на емпатиja и заштита на човековите права. Досега дома успеаја да се вратат 1.859 украински деца од вкупно 19.546. Им сме благодарни на Северна Македонија и на @MFA_MKD за поддршката на резолуцијата на ГС на ООН „Return of Ukrainian Children“, пишува амбасадорката Дир.

СВЕТ

Израел ги идентификуваше предадените останки од киднапираниот заложник како тајландски државјанин

Израел го идентификуваше телото што го прими преку Црвениот крст во среда како 43-годишниот тајландски земјоделски работник, Сутисак Ринталак, според кабинетот на премиерот, пренесува Би-би-си.

Ринталак беше еден од последните двајца починати заложници кои сè уште се во Газа. Телото на последниот преостанат заложник, Ран Гвили, 24-годишен израелски полицаец, останува во Газа.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како ќе влијае врз вашиот буџет поскапувањето на парното и струјата?

ИНТЕРВЈУ

Касале: Примирје е неопходно, но праведен мир не е на повидок

Во интервју за W News со Ли-Ан Џеранс на Al Arabiya English, Роџер Касали од Вестминстер Алијансата за Украина предупреди дека Европа мора итно да „се разбуди“ пред долгорочната закана што ја претставува Русија и значително да ги засили сопствените одбранбени капацитети. Неговите коментари следат по уште една неуспешна иницијатива на американските претставници Стив Виткоф и Џеред Кушнер да добијат руска согласност за нов мировен план.

Конфликт заробен во повторување

На прашањето дали повторувањето на дипломатските обиди наликува на „Денот на верверичката“, Касали се согласи дека ситуацијата е заглавена во циклус без јасен излез.

„Путин нема план како да излезе од оваа војна“, рече тој и додаде дека Кремљ ја користи војната за внатрешно политичко одржување. „Ова нема скоро да заврши.“

АНАЛИЗА

Влијанието на руската политика за остварување на своите цели не е врзана за етнос или идеологија. Таа главно се концентрира на создавање на нестабилност, дури и онаму каде постои силен сентимент кон баќушките. Особено кога е во прашање рушењето на конкретните придобивки за Москва во минатото, како што е случајот со парадоксот на монополот што постоеше на руската нафта. Тоа е паноптикумот за согледување на корените на постојните немири кај источниот сосед, особено сега пред влезот на таа земја во еврозоната“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Се лизна ли бугарската влада на нафтата на „Лукоил“?“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ерата на вооружена несигурност повеќе не се мери со хартиени договори, туку со калибарот на оружјето каде што границите се гарантирани не со високи идеали, туку со рамнотежа на интереси. Поделбата на Украина можеби никогаш нема да биде законски прифатена, но може да биде наметната де факто. Во оваа голема шаховска игра, прашањето што останува да виси е, дали војната завршува или едноставно отвора ново, уште по нестабилно поглавје за безбедноста на нашиот континент?“, пишува Сафет Зеќири во колумната „Каква Европа ќе имаме откако војната во Украина конечно ќе заврши?“.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ