• Latest

24 ЧАСА: Стратешко партнерство со Обединетото Кралство; Украина стои на наше место против глобалната закана; Соопштението што медиумите пропуштија да го објават

May 20, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Стратешко партнерство со Обединетото Кралство; Украина стои на наше место против глобалната закана; Соопштението што медиумите пропуштија да го објават

May 20, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владата го усвои предлогот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Владата  денеска на седница го прифати договорот со британската Влада за стратешко партнерство и го овласти вицепремиетрот и министер за транспорт Александар Николоски да го потпише на церемонија во Лондон закажана за четврток.…

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Лорд Џејмс Арбутнот: Украина стои на наше место против глобалната закана

Украина води битка во име на остатокот од развиениот свет. Покрај тоа, се соочува со воени злосторства и пропаганда од најпогубен вид—војување со беспилотни летала, кибер напади, напади врз електричната мрежа и инфраструктурата. Она на што сме сведоци е како војната ќе изгледа во иднина. Има толку многу лекции што мора да ги научиме од Украина. Но, пред сé, ние сме благодарни—благодарни на Украина што застана на наше место, вели Лорд Арбутнот.

РЕГИОН

Српски хакери ја нападнале веб страницата на Албанската радио телевизија, објавиле вести против Косово

Официјалната веб-страница на националната Албанска  Радио-телевизија (РТШ) стана цел на кибернапад, за кој првичните сомневања паѓаат на групи српски хакери,..

СВЕТ

Мирот во Украина изгледа подалечен по телефонскиот разговор на Трамп со Путин

Толку за „силата на личноста“ на Доналд Трамп што го принуди рускиот претседател Владимир Путин да докаже дека сака да ја заврши војната во Украина. Возбудениот телефонски разговор на претседателот со неговиот руски колега во понеделникот најмногу послужи да се истакне колку далеку може да отиде таквиот пробив.….

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за израелската војна во Газа?

Велика Британија, Франција и Канада го предупредија Израел дека ќе преземат „конкретни акции“ ако продолжи со „скандалозното“ проширување на воените операции во Газа, и ја повикаа израелската влада „веднаш да дозволи хуманитарна помош да влезе во Газа“

 

Претходно Израел објави дека дозволил пет камиони на ОН што носат хуманитарна помош, вклучувајќи храна за бебиња, да влезат во Газа по 11-неделна блокада, што за ОН  е самп „капка во морето “.

Кој е вашиот став? Пишете ни во коментари или пораки. Учествувајте.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Соопштението што медиумите пропуштија да го објават: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

Испратено по мејл, објавено на медиумската платформа на ЦИВИЛ на македонски, албански и англиски, споделено на социјалните мрежи, преземено од Фронтлајн и Нова, и два-три интернет портали. И толку. Еве втора можност.

СЛОБОДНА ЗОНА

Зошто малите луѓе сакаат да употребуваат големи зборови ? Малите народи многу се гордеат со својата независност, самостојност, идентитет.  Сите овие термини им стојат како преголема капа на мала глава . Од неа не може да им се види лицето. А суровата стварност вели дека во денешниот свет навистина суверени држави има едвај десетина. Сведоци сме на таквата состојба секојдневно. Државите се независни онолку колку ќе им дозволат големите и моќни држави и сојузи. Се зависи од нивното постојано стратегиско натпреварување во остварување на нивните интереси. А се сѐ сведува во користењето на природните ресурси и човечката сила и умствена моќ. Високиот стандард на моќните држави е резултат на нивната положба во меѓународната поделба на богатствата., пишува Војо Маневски во колумната „Ние немаме проблем со стратегијата туку со оператиката“.

Зад секој збор „мир“ се крие проектил. Зад секое ветување – стапица. Путин ја претвори дипломатијата во оружје за продолжување на војната, манипулирање со светот и уништување на Украина – никогаш не го менува сценариото, само ја прилагодува маската. Тоа е мафијашка дипломатија. Закани маскирани како услови. Насилство што се претставува како разум, пишува Џабир Дерала во колумната “Мирот” на Путин: Терор маскиран како дипломатија“.

Подготви: Д. Мишев

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ