• Latest

24 ЧАСА: Струјата поскапува, платите стагнираат – растечки сметки, регионални тензии и нов глобален спор околу Гренланд

December 23, 2025
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Струјата поскапува, платите стагнираат – растечки сметки, регионални тензии и нов глобален спор околу Гренланд

December 23, 2025 18:19
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска соопшти дека од 1 јануари 2026 година цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми по блокови, по барање на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Според пресметките, домаќинство со потрошувачка само во првиот блок ќе плати за околу 57 денари повеќе, во првиот и втор блок околу 70 денари, додека домаќинства кои трошат во првиот, вториот и третиот блок, што се околу 14.000 домаќинства, ќе платат до 370 денари повеќе месечно. Од таму додаваат дека кај околу 4.400 домаќинства што влегуваат и во четвртиот блок, сметките ќе бидат повисоки и до 900 денари.

РЕГИОН

Здружението на жртви и сведоци на геноцидот поднесе кривична пријава против РТВ на Република Српска за поттикнување омраза

Здружението на жртви и сведоци на геноцид поднесе кривична пријава до Обвинителството на Босна и Херцеговина против непознати лица – автори, уредници и одговорни лица на Радио телевизија на Република Српска (RTRS) – за емитување програма која, според нив, „етнички ја таргетира бошњачката група и создава наратив што може да произведе национална нетрпеливост и раздор“.

СВЕТ

Трамп вели САД „мора да го имаат“ Гренланд откако назначи специјален претставник, разгорувајќи го спорот со Данска

Доналд Трамп предизвика нов спор со Данска откако назначи специјален претставник за Гренланд, огромниот арктички остров за кој рече дека сака да го анектира. Како одговор на прашање од Би-Би-Си за новата улога на Џеф Ландри, републиканскиот гувернер на Луизијана, Трамп рече дека на САД им е потребен Гренланд за „национална заштита“ и дека „ние мора да го имаме“. Ландри, рече тој, ќе „ја предводи акцијата“ како специјален претставник за Гренланд, полуавтономен дел од Кралството Данска.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што ја одбележа 2025 година?

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Минималната плата не може да се зголеми преку ноќ”, им кажа на работниците премиерот Христијан Мицкоски. Меѓутоа, струјата, лебот, па дури и цените на пакетчињата за децата – тие поскапуваат преку ноќ. И сето тоа додека минималната плата останува закована на истата бројка. Струјата скокна, храната и пијалоците, јајцата поскапеле, горивата, овошјето, зеленчукот „летнаа“ до плафон… ама минималната плата останува иста. Во меѓувреме, функционерите уживаат во своите „регулирани“ зголемувања, бонуси и премии, додека народот брои денови до следната сметка за струја, вода, кредит, телефон, интернет, автобуска карта…“, пишува Дехран Муратов во „Се расте преку ноќ, само не и минималната плата!“

Подготви. Б. Ј. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ