ВЕСТ НА ДЕНОТ
Слободни сте, може да си одите: Судот ги амнестира Јанакиески, Ристовски, Вељаноски и Атанасовски за случајот „Организатори на 27 април“
Судот ја запре постапката против екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, екс собранискиот спикер, Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски за случајот „Организатори на 27 април“ и го прифати барањето на обвинетите по поднесокот за амнестија без да се изведуваат материјални и вербални докази.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Рокас: Ние ќе ви помогнеме да ги испорачате реформите, а вие треба да го искористите моментумот во процесот на проширување
Од наша страна како ЕУ делегација ќе се фокусираме да и помогнеме на земјата да ги имплементира реформите. Како што кажав, постои голем моментум и голема можност во процесот на проширување, треба да се искористи тој моментум, рече евроамбасадорот Михалис Рокас.
РЕГИОН
Хрватската граѓанска организација СОЛИДАРНА предупредува: Српскиот режим ги угнетува и вознемирува ЕУ, регионалните и српските граѓански активисти
Хрватската Фондација за човекови права и солидарност, СОЛИДАРНА , мотивирани од последниот инцидент на апсење, протерување и забрана за влез во Србија за следната година на група граѓански активисти од Хрватска, Словенија, Романија, Македонија и Албанија, а кои присуствуваа на семинарот на австриската фондација Erste Stiftung во Белград, и беа протерани како закана за „државната безбедност“ без никакво објаснување, упати предупредување до европските граѓански организации за угнетувањето без граници на српскиот режим кој ги вознемирува ЕУ, регионалните и српските граѓански активисти.
СВЕТ
Tрамп им се закани на федералните вработени доколку не ги кодошат колегите кои пркосат на неговите наредбите
Администрацијата на Трамп вчера им се закани на федералните вработени со „неповолни последици“ доколку не ги пријават колегите кои пркосат на наредбите за чистење на различноста, правичноста и напорите за инклузија од нивните агенции.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ
Судот ја запре постапката против екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, екс собранискиот спикер, Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски за случајот „Организатори на 27 април“.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Треба ли да се амнестираат обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
ЧОВЕКОВИ ПРАВА
ЦИВИЛ се придружи на граѓанската акција ширум Европа за заштита на граѓанскиот простор, мирот и безбедноста во Србија
ЦИВИЛ – Центар за слобода се придружи на повикот на хрватската фондација за човекови права СОЛИДАРНА, за потпишување на писмото до институциите на Европската унија, во кое се укажува и алармира за угнетувањето и вознемирувањето на граѓански активисти од регионот, од страна на српскиот режим.
Амнести: Злоупотреба на кривично-правниот систем во Грузија за задушување на протестите
Според Кривошеев, наметнатите тешки затворски казни, според кривичната одредба која не им дозволува на судиите да ги земат предвид конкретните околности на случајот (вклучувајќи ја релативно малата штета што Омар Окрибелашвили и Саба Мепаришвили признаа дека ја предизвикале), нагласуваат како казнено-правниот систем во Грузија е вооружен да го задуши несогласувањето, да влее страв и да го замолчи слободниот говор.
Подготви: Д. Мишев