• Latest
Од архивата на ЦИВИЛ: Караван на слободата, 2016, концерт на групата Бла-Бла-Бла

24 ЧАСА: ЦИВИЛ одбележува 24 години од своето постоење; МНР ќе одлучува за доаѓање на Лавров во Скопје; стапи во сила примирјето меѓу Израел и Хамас

November 24, 2023
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ЦИВИЛ одбележува 24 години од своето постоење; МНР ќе одлучува за доаѓање на Лавров во Скопје; стапи во сила примирјето меѓу Израел и Хамас

November 24, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Од архивата на ЦИВИЛ: Караван на слободата, 2016, концерт на групата Бла-Бла-Бла

Од архивата на ЦИВИЛ: Караван на слободата, 2016, концерт на групата Бла-Бла-Бла

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЦИВИЛ одбележува 24 години од своето постоење

Со текстот под наслов „Еден од светилниците на слободата“ од Мирослав Јовановиќ, извршен и медиа директор на Слободен печат, започна одбележувањето на 24-годишнината од основањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода, граѓанска организација за човекови права, основана на 25 ноември 1999 година.

„Мои соборки и соборци, треба да се гордееме со Цивил, со вредностите што ги претставува и брани, и треба да се гордееме со  капацитетите што ги изградивме заедно, за да им служат на интересите на сите граѓанки и граѓани. Треба да се гордееме и со придонесот што го дадовме, го даваме и ќе продолжиме да го даваме за демократија, мир, еднаквост, мултикултура, ненасилство и почитување на човековите права и слободи во нашата земја, во регионот и во светот, пишува Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ: По цена на својата лична безбедност, Цивилките и Цивилите ги бранат човековите права и слободи секогаш и секаде, без калкулации и без компромиси“.

Пораки по повод 24 години ЦИВИЛ: Светилник на слободата

И оваа година, истакнати личности од светот на политиката, медиумите, уметноста, академијата, граѓанското општество и бизнисот дадоа свој осврт кон ЦИВИЛ. Следи преглед од пораките што беа објавени во текот на денешниот ден.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, напиша дека „ЦИВИЛ е доверлив партнер во градењето на нашата држава како демократска заедница“.

Лидерот на Алијансата за Албанците, д-р Арбен Таравари, меѓу другото, напиша дека „ЦИВИЛ е значаен ентитет за афирмација на човековите права“.

Зоран Заев, општественик и лидер, меѓу другото истакна дека „ЦИВИЛ отворено се бори за мултикултурализам и градење мостови на пријателство и соработка“.

Јане Ѓорѓиоски, сатиричар, уредник во Фронтлајн, напиша: Еднаш ЦИВИЛ, засекогаш ЦИВИЛ!

Проф. д-р Катерина Колозова, истакната интелектуалка и филозоф со светско реноме, напиша дека „ЦИВИЛ покажува доследна посветеност на курсот на демократијата и евроинтеграциите“.

Новинарот Сотир Трајков, напиша дека „ЦИВИЛ е на вистинската страна на историјата“.

Илија Димовски, политичар, поранешен пратеник и истакнат функционер на ВМРО-ДПМНЕ, ѝ посака професионални успеси на организацијата и во иднина, велејќи дека не се согласува со ставовите на ЦИВИЛ, но и дека „не мора да се согласуваме, но треба да се почитуваме“.

Новинарот Зоран Иванов напиша текст во кој даде високи оценки за ЦИВИЛ, со наслов „Дваесет и четири лета идеализам и самопрегор“.

Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети нотира дека „ЦИВИЛ ќе биде запаметен по тоа што ги отвораше и им даваше јавност на ризични теми и појави“.

Претседателот на организацијата, Џабир Дерала, напиша едиторијал посветен на 24-годишнината од основањето, со наслов: „По цена на својата лична безбедност, Цивилките и Цивилите ги бранат човековите права и слободи секогаш и секаде, без калкулации и без компромиси“.

Серијалот написи посветени на ЦИВИЛ започна со текстот на извршниот и медиа директор на Слободен печат, Мирослав Јовановиќ, кој за ЦИВИЛ кажа дека е „светилник на слободата“.

Серијата пораки што „слетаа“ на адреса на ЦИВИЛ ќе продолжи веќе утре.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Протест за правда за Мануел, детето кое беше прегазено на 12 октомври на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, се одржа денеска, со марш од пред теќето во Топаана до Основниот кривичен суд, пренесе МИА.

ПОДДРШКА Владата на денешната 202 седница донесе одлука за давање на согласност за продолжување на Европскиот АТМ доброволен солидарен фонд за поддршка на Украина и Молдавија за 2024 година и за понатамошното учество на земјава во овој фонд.

РАСИЗАМ Претседателот на Советот на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески со навредливи и расистички изрази кон ромската етничка заедница и странските работници во земјава.

Тој на својот Х (икс) профил пишува за некаков си „македонскиот парадокс“ кој го забележал по улиците на главниот град, односно дека забележал црномурести млади мажи (мисли на Ромите и наводни мигранти) дека се на секој агол во градот.

Ромите ги претставува како џаболебари, неработници и уживатели на социјална помош кој се терет на државниот буџет. За странските работници, пак, кои претежно работат на градежните објекти, вели дека се бегалци или мигранти кои засега се тивки и нечујни, но дека нема да бидат и во иднина.

Повторно, ВМРО-ДПМНЕ почнаа пред избори да ги заплашуваат граѓаните со измислени мигранти и бегалци!

ПОЛИТИКА Владата му дала одобрение на Министерството за надворешни работи (МНР) на Северна Македонија да одлучи дали ќе се тргне забраната за прелет на руски авион со што ќе се овозможи руската делегација, вклучително и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, да слета во Скопје за Министерскиот совет на ОБСЕ што треба да се одржи на 30 ноември и 1 декември, пренесе Радио Слободна Европа.

Информацијата ја потврдија од МНР, а одлуката била донесена денеска (24 ноември) на владина седница.

КОНФЛИКТ Четиридневното примирје меѓу Хамас и Израел, за да се овозможи ослободување на заложниците во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, официјално стапи на сила утрово во 7 часот по локално време.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Путин ослободува осуденици за убиство и канибализам за да се борат во Украина. Од почетокот на војната со Украина, Русија редовно ослободува убијци, силувачи и осудени за други тешки злосторства откако служеле во Украина. Голем број од помилуваните и ослободените извршиле нови злосторства по враќањето од војната. Дури 30 убиства потоа биле извршени од повратници.

*

Москва и Пекинг одржуваат тајни разговори за проектот Кримски тунел. Разговорите беа одговор на руската загриженост за ранливоста на постоечкиот 18-километарски мост преку теснецот Керчен, кој веќе двапати беше бомбардиран од Украина.

*

Педесет и пет земји-членки на ОН потпишаа Декларација за 90-годишнината од Холодоморот. На 24 ноември 2022, претседателот на Цивил, Џабир Дерала, од името на организацијата, која деновиве подбележува 24 години постоење, упати апел до македонските парламентарци да го прогласат Гладоморот за геноцид и да продолжат со благородната поддршка на украинската борба за слобода. За да не се повтори никогаш повеќе.

*

Украина го додаде германски Кнауф на листата на спонзори на војната. Кнауф, заедно со данската компанија Rockwool, швајцарската корпорација Нестле и водечките прехранбени корпорации PepsiCo и Mars се најде на списокот на меѓународни спонзори на војната во Украина.

*

Три големи грчки бродски фирми – Minerva Marine, Thenamaris и TMS Tankers – престанаа да транспортираат руска нафта во последниве недели со цел да избегнат американски санкции кои сега се наметнуваат на некои бродски фирми што превезуваат руска нафта, изјавија четворица трговци за Ројтерс кои покажаа податоците за испорака.

АЛ-ПРЕС

По верзијата на српското Јавно обвинителство, дека оружјето употребено во нападот во Бањска, на северот на Косово, од Јавното обвинителство на Босна и Херцеговина соопштија дека го прифатиле барањето за взаемна помош од косовските власти. Обвинителството на Босна и Федералното одделение за полиција во Федерацијата Босна и Херцеговина ќе ги спроведат потребните активности за утврдување на сите расположливи детали за потеклото на запленетото оружје“.

ЕУЛЕКС соопшти  дека на 23 ноември на Косово пристигнале шест полициски советници кои ќе ги поддржат избраните институции за владеење на правото, известуваат косовските медиуми.

Ова се дел од содржините од изборот што  редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Вообичаено, се проектира некаде околу износот на предвидениот раст за идната година. Најчесто пишуваме дека реализацијата на капиталните инвестиции се со процент од околу половината. Ова е како крвна слика за способноста на државата и покажува дека организмот е заболен и не може да се брани од разни болести. Синџирот на префрлање на средства од еден во друг џеб е математичка операција, а не економија и е добро за академски расправи, а не за реален раст на производството и профитот.

Еднаш напишав дека буџетот не е „брцни, земи си“, туку план за собирање и трошење на средствата на граѓаните. Од домаќинското собирање и трошење на овие средства зависи оценката за одговорноста на политичките елити. Сè друго имате во нивните кампањи“, пишува Војо Маневски во колумната „Префрлањето средства од еден во друг џеб е математичка операција, а не економија: Може ли буџетот да биде реален“?

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ