Цивил се етаблира како значаен ентитет не само во областа на новинарското известување, туку и во доменот на афирмација на човековите права и ангажманот во граѓанското општество.
Посветеноста на Цивил кон балансираното информирање, промовирање на граѓанските слободи и силен ангажман во заедницата е очигледна преку различните иницијативи и придонес во јавниот дискурс. Несомнено, тука се евидентни и квалитетот во работата и посветеноста на новинарскиот интегритет.
Медиумската платформа на Цивил игра клучна улога во поттикнувањето отворен дијалог и изнесувањето на виделина на прашања што се затскриени под површината, а се од силен јавен интерес.
Како политичар, но и како граѓанин во ова општество цврсто верувам во важноста на слободното и одговорно новинарство, како и во медиумските слободи и права.
Цивил за мене секогаш бил платформа за искажување различни ставови и критичка анализа, кои се од суштинско значење за здравата демократија.
Ви посакувам натамошен развој и силно влијание врз демократизацијата на нашето општество бидејќи сите нам тоа ни е клучна одговорност.