• Latest

Зад параванот на демократијата

September 16, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

Зад параванот на демократијата

September 16, 2026 16:36
in ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Дијана Тахири

Еден од најголемите парадокси на современата демократија е што нејзините принципи можат да бидат разградувани токму од оние што најгласно се повикуваат на нив.

Денес ретко кој политичар отворено ќе се прогласи за противник на демократијата. Напротив, демократијата е присутна во изборните програми, владините говори, собраниските дебати и патриотските пораки. Сите се повикуваат на „волјата на народот“, слободата, правдата и националниот интерес.

Но, колку повеќе политиката зборува во името на народот, толку поважно станува прашањето: дали граѓаните навистина одлучуваат или постепено се претвораат во публика со која се управува преку страв, гнев, поделби и пропаганда?

Демократијата не е само владеење на мнозинството. Таа е, пред сè, ограничување на моќта.

Изборната победа дава мандат за владеење, но не и сопственост врз државата. Владата управува, но законите ја ограничуваат. Собраниското мнозинство носи одлуки, но не смее да ги укинува правата на оние што не гласале за него. Судовите, обвинителството, медиумите, јавната администрација и независните институции не смеат да станат продолжена рака на партијата на власт.

Токму тука се наоѓа еден од најголемите предизвици за Северна Македонија: длабоко вкоренетата политичка навика институциите да се доживуваат како плен што му припаѓа на победникот.

Корупцијата не е само плик со пари, наместен тендер или незаконско богатење. Разградувањето на демократските принципи започнува кога јавната функција се претвора во партиска привилегија, кога вработувањето зависи од лојалноста, кога институциите селективно ги применуваат законите, кога јавните ресурси се користат за создавање политичка зависност и кога моќта обезбедува заштита од одговорност.

Тогаш граѓаните постепено стануваат клиенти, политичарите покровители, а институциите посредници.

Особено опасна форма на политичка манипулација се создава кога власта, повикувајќи се на демократијата и слободниот избор, ја претвора егзистенцијалната несигурност на граѓаните во средство за политичка контрола. Работното место, кое во функционална држава треба да се добива според знаење, способност и еднакви услови, станува ветување, награда или средство за одржување лојалност. Граѓанинот понекогаш со години чека вработување, унапредување или договор, убедуван дека неговата шанса зависи од тоа кому ќе му ја даде политичката поддршка.

Така се создава еден вид политичко „изгладнување“: луѓето се држат во економска несигурност, а надежта за работа се претвора во изборна валута. Гласањето формално останува слободно и демократско, но суштината на изборот е нарушена. Гласот повеќе не се дава само поради политичко убедување, туку и поради очекувана лична корист, страв дека ветеното ќе биде изгубено или надеж дека долгогодишното чекање конечно ќе биде наградено.

Уште поопасно е кога ваквиот модел станува нормалност. Кога луѓето престануваат да очекуваат дека институцијата ќе ја заврши својата работа и почнуваат да бараат „човек“ што ќе им ја заврши работата. Кога партиската книшка, познанството или телефонскиот повик стануваат поефикасни од законот, демократската еднаквост постои само на хартија.

Слична е и состојбата со слободата на говорот.

Лесно е да се брани слободата на оние со кои се согласуваме. Вистинскиот демократски тест започнува кога треба да го заштитиме правото да зборуваат оние со кои длабоко не се согласуваме.

Особено место тука има новинарството. Власта што ја почитува слободата на медиумите не се препознава по односот кон медиумите што ја поддржуваат, туку по односот кон оние што поставуваат непријатни прашања, истражуваат злоупотреби и ја оспоруваат нејзината верзија на стварноста.

Но, современата контрола врз јавноста повеќе не бара класична цензура. Не мора да се забрани весник, да се затвори телевизија или формално да се забрани критиката. Доволно е јавниот простор да се преплави со пропаганда, дезинформации, партиски наративи, полуинформации и организирана дискредитација на новинари, активисти и критичари, но и силна „карта во ракавот“ – национализмот, кој се провлекува на најтранспарентен начин токму во државните институции.

Националниот идентитет и патриотизмот сами по себе не се спротивни на демократијата. Проблемот започнува кога се претвораат во средство за политичка мобилизација и избегнување одговорност.

Општество што постојано се убедува дека мора да се брани од некого има сè помалку време да ги контролира оние што владеат со него.

Во мултиетничка држава како Северна Македонија, ова прашање е уште почувствително. Демократијата не може да значи дека мнозинството ја поседува државата, ниту дека политичките партии ги поседуваат етничките заедници.

Ниту една партија нема монопол врз патриотизмот. Ниту една партија нема право да одредува кој е „вистински“ Македонец, Албанец или лојален граѓанин. И ниту една изборна победа не може да биде дозвола за поделба на институциите како политички или етнички имот.

„Народот одлучи“ е важна демократска реченица. Но, таа не е дозвола за неограничена моќ.

Народот одлучува кој ќе владее. Не одлучува дека победникот е непогрешлив. Изборниот мандат не ја легализира корупцијата, не ја суспендира независноста на институциите, не ги укинува малцинските права и не ја претвора критиката во предавство.

Најголемата опасност за демократијата затоа не мора да дојде од некој што отворено ќе побара нејзино укинување. Обично доаѓа  токму од оние што најгласно зборуваат во нејзино име.

Државата не му припаѓа на победникот, туку им припаѓа на сите.

Особено на оние што не гласале за него.

 


Овој текст е дел од иницијативата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември. 


По повод Меѓународниот ден на демократијата, прочитајте ги и соопштенијата на ЦИВИЛ – Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија. и на DDGI и WA4U – Во одбрана на демократијата. Во солидарност со Украина.

Твојот глас.

Твојата слобода.

Нашата демократија.


Лагите и насилството се штитат со гушење на независните медиуми и граѓански организации.

Поддршка за ЦИВИЛ

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ