Цивил со неговата медиумска платформа и луѓето кои го формираа и го развиваа ЦИВИЛ, се меѓу ретките во нашата земја кои сите овие години ниту еден ден не престанале да се развиваат и, независно од цената што ја плаќале, а која во одредени периоди се граничела дури и со нивната физичка сигурност, не престанале да веруваат и да се борат за она за што се залагаат и веруваат.
ЦИВИЛ ќе биде запаметен по тоа што ги отвораше и им даваше јавност на ризични теми и појави во нашата земја и многу пошироко, и тогаш кога многумина се правеа дека не ги гледаат или дека не постојат.
Срдечни честитки на ЦИВИЛ и целиот тим кој со својата работа прави голема разлика.